Nevrabotenost i inflacija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Nevrabotenost i inflacija (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет
Факултет
Семинарска работа по предметот:
ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈА
Тема:
ИНФЛАЦИЈА И НЕВРАБОТЕНОСТ
Ментор: Изработил:
Содржина
Вовед
Поим и мерење на невработеноста
Основни видови на невработеност
Трошоци од невработеноста
Невработеноста во ЕУ и САД
Невработеност во Република Македонија
Поим и мерење на инфлацијата
Видови Инфлација
Однос меѓу невработеноста и инфлацијата
Филипсовата крива на кус рок
Заклучок
Користена литература
Вовед
Макроекономијата e наука што се занимава со изучување на тоа како функционира економијата во целина. Таа настанала со појавата на мошне значајнато дело на ценетиот англиски економист Џон Мајнард Кејнз (John Maynard Keynes)1 - “Општата теорија на вработеноста, каматата и парите“.
Својата анализа Кејнз ја насочува кон клучните макроекономски прашања и аграгати: движењето на бруто домашниот производ (општото ниво на производството), невработеноста и инфлацијата. Во оваа смисла се вели дека постојат три клучни макроекономски термини:
економски раст
невработеност
инфлација
Невработеноста и инфлацијата влегуваат во редот на најсериозните и најтешките економски проблеми со кои се соочуваат современите стопанства. Нивната егзистенција предизвикува големи општествени трошоци. Трошоците од невработеноста ги чувствуваат сите, меѓутоа многу потешко паѓаат на грбот на посиромашните отколку на побогатите.
Во оваа семинарска работа ќе бидат обработени: поимот и суштината на овие негативни состојби во стопанството, општествените трошоци што произлегуваат од нивното постоење, различните видови на невработеност и инфлација и нивните основни карактеристики, причините што ги предизвикуваат и мерките за нивно елиминирање. Посебно внимание ќе се посвети на соодносот помеѓу невработеноста и инфлацијата и во тој контекст на Филипсовата крива.
Поим и мерење на невработеноста
Невработеноста не може едноставно да се дефинира како број на лица кои се без работа. Вака широко поставена дефиниција неоправдано би ги вклучила во невработените децата и младите во предработна возраст, пензионерите, домаќинките, болните и работнонеспособните лица, како и лицата кои едноставно не сакаат да работат и според тоа не бараат вработување.
Затоа би било многу поправилно да се каже дека:
Невработените ги сочинуваат оние лица кои се способни да работат, сакаат да работат и активно бараат вработување, но не можат да го најдат.
Стапката на невработеност се добива како сооднос помеѓу бројот на невработените лица и вкупната работна сила.
Стапка на невработеност = X 100
За невработени лица во земјите со пазарна економија се сметаат оние кои се способни за работа, сакаат да работат, поради што активно бараат вработување, меѓутоа не се во можност да го најдат. Скоро во сите земји со пазарна економја многу битен услов за едно лице да се смета за невработено, покрај работоспособноста и желбата да работи, е да вложува специфични напори за да се вработи - на пример во САД, лицето мора најмалку четири недели да посетува претпријатија, да се интересира за можностите за вработување и да се јавува на конкурси за вработување.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET