Neto nacionalen proizvod (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Neto nacionalen proizvod (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СОДРЖИНА
ВОВЕД 3
1. ОПШТО ЗА НЕТО НАЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД (NNP) 4
1.1. Дефиниција 4
1.2. Бруто домашен производ 5
1.3. Амортизација 5
1.4. Макроекономска равнотежа 7
1.5. Начини на искажување на рамнотежата 8
2. ДРУГИ АГРЕГАТИ ПОВРЗАНИ ВО НЕТО
НАЦИОНАЛНИОТ ПРОИЗВОД 12
2.1. Поим за општествен производ 12
2.1.1. Принцип на мерење на општествениот производ 12
2.1.2. Номинален, реален и потенцијален
општествен производ 13
2.2. Национален доход 13
2.2.1. Поим за национален доход 13
2.2.2. Номинален, реален и расположив национален доход 14
ЗАКЛУЧОК 15
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 16
ВОВЕД
Макроекономијата претставува правец од економијата која се занимава со анализа на однесувањето и движењето на економските агрегати на една земја. Нивото и темпото на вкупнната производствена активност на една земја се мери со макроекономските агрегати. Водењето на економијата на една земја бара предходно мерење на макроекономските активности. Во едно стопанство во текот на годината се произведуваат мноштво на најразлични производи, се тргува со различни видови на стоки и се нудат најразлични услуги. За вредносно и количински да се опфатат сите тие резултати на производството макроекономијата развила систем таканаречен макроекономски агрегати - систем на одредени глобални и синтетички показатели со кои се изразуваат основните содржини динамиката и структурата, како и резултатите на економската активност во некоја држава односно општествена заедница.
Макроекономските агрегати ја покажуваат вкупната економска активност на една земја. Целта на макроекономските агрегати е квантитативното истражување на вредностите, на општественото производство за потоа таа да може да се анализира и разгледува да се планира и споредува со резултатите на други стопанства. Макроекономските агрегати во макроекономската анализа позначајно започнале да се користат после Големата економска криза.
Предметот на овој труд е запознавање со нето националниот производ.
Целата на трудот е дефинирање на макроекономскиот агрегат НЕТО НАЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД и негова улога во макроекономската анализа.
1. ОПШТО ЗА НЕТО НАЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД (NNP)
NNP не ја содржи амортизацијата, па е подобра апроксимација на годишниот национален аутпут отколку BDP.
Со овие показатели добиваме јасна слика за обемот на аутпутот кој е расположив во форма на доход. Аморатизацијата е тешко да се измери, па BDP почесто се користи отколку NNP како мерка на животниот стандард.
1.1. Дефиниција
Нето национален производ – ( NNP - Net National Product) претставува бруто општествен производ намален за трошоците на амортизацијата (амортизацијата претставува парични издаток со кој се покрива трошењето на основните средства, објектите, опремата во стопанството).
Амортизацијата е преносна вредност на средствата за работа. Како што е познато средствата за работа нема да се потрошат во еден производен циклус, туку тие траат многу подолго. Во зависност од видот на производството, средствата за работа се користат во производните циклуси подолг временски период. Поради тоа што средствата за работа постепено се трошат, тие и постепено пренесуваат дел од својата вредност на готовите производи. Тој дел на средства кој се пренесува на готовите производи се нарекува амортизација. Амортизацијата во основа неможе прецизно да се утврди. Тоа воедно е и добар инструмент на економската политика преку чија висина може значително да се влијае на тековите и динамиката на општественото производство. Во зависност од критериумите кои се применуваат, амортизацијата може да биде функционална или временска.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET