ANaliza na danocni prihodi (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "ANaliza na danocni prihodi (makedonski)". Rad ima 29 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


АНАЛИЗА НА ДАНОЧНИ ПРИХОДИ ПО ОДНОВА НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД ВО РМ ЗА ПЕРИОДОТ 2004 – 2009
Содржина
1.Вовед .......................................................................................................................... 3
2.Предмет на оданочување на персоналниот данок на доход ................................. 4
3.Даночни стапки на персоналниот данок на доход................................................... 5
4.Утврдување на одделните видови приходи ............................................................ 6
5. Утврдување, пресметувавање и наплата на персоналниот данок на доход...... 17
6. Анализа на даночни приходи по основ на персоналниот данок на доход во РМ за периодот 2004 – 2009 ............................................................................................ 24
Заклучок ....................................................................................................................... 25
Користена литертура................................................................................................... 26
Вовед
Со даночните реформи во Р.Македонија од 1993 година воведен е персонален данок на доход.Персоналниот данок на доход спаѓа во групата на директни даноци и се плаќа годишно на збирот на нето приходите од сите извори што граѓанинот ги остварува во една година.Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.Резидент е физичко лице кое на територијата на Републиката има постојано живеалиште и престојувалиште.Резидентот има престојувалиштето ако на територијата на Републиката претстојува непрекинато или со прекини 183 или повеќе дена во календарската година, или ако има намера на територијата на Републиката да претстојува 183 или повеќе дена во период од 12 месеци.Обврзник на данокот на доход е и физичко лице -трговец, трговец поединец, како и физички лица што се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги и слободни занимања кои не се сметаат за трговци(нотари,адвокати,извршители,свештени лица и др.)Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое не е резидент на Републиката за доходот што е остварен на територијата на Републиката.Не е резидент физичкото лице кое нема постојано живеалиште, престојувалиште во Република Македонија.Обврзник на данокот на доход е и физичко лице кое непријавено врши дејност и остварува приходи кои подлежат на оданочување според одредбите на овој закон.
Предмет на оданочување на персоналниот данок на доход
Приходи остварени во земјата и странство:
-лични примања;
-приходи од земјоделска дејност;
-приходи од самостојна дејност;
-приходи од имот и имотни права;
-приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
-приходи од капитал;
-капитална добивка;
-добивки од игри на среќа и други наградни игри и
-други приходи.
Основа за пресметување на персонален данок на доход е:
-остварената бруто плата ,намалена за придонесите и личното ослободување;
-бруто платата остварена со работа во странство врз основа на работниот однос што е заснован во земјата ,намалена за придонесите и личното ослободување;
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET