Analiza na bilans na sostojba na bankite vo R | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Analiza na bilans na sostojba na bankite vo R.M. (Makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

ВОВЕД
Билансот на состојба на банката на страната на активата ја покажува употребата на средствата што банката ги собрала, а во пасивата од билансот се вклучени нето вредноста на банката и обврските на банката.
Целта на овој семинарски труд е да се согледа движењето на средствата и изворите на средства на македонските банки, сето тоа преку анализирање на депозитите (по видување, краткорочни и долгорочни) на населението и правните лица, како и висината на дадените кредити од банките на стопанските и нестопанските субјекти во Р.Македонија.
Најпрво, ќе се задржиме на еден општ осврт на содржината и структурата на билансот на состојба на банките. Потоа, ќе започнеме со компаративна анализа на 2007 и 2006 година на следниве категории:
Кредитна активност на банките
Пласмани кај банки
Пласмани во хартии од вредност со реесконт на НБРМ и пласмани во долговни хартии од вредност
Примарни извори на средства – депозити од нефинансиски правни лица и од население
. Сопствени средства
Секундарни извори на средства – депозити и позајмици од банки
1.ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ НА БАНКИТЕ – БИЛАНС НА СОСТОЈБА
Билансот на состојба на банката на страната на активата ја покажува употребата на средствата што банката ги собрала, а во пасивата од билансот се вклучени нето вредноста на банката и обврските на банката. Обврските на банката се побарувањата на депонентите на пласманите/срествата на банката. Нето вредноста или капиталот на банката е еднаков на вредноста на пласманите на банката намалени за вредноста на нејзините обврски. Заради тоа што пласманите и обврските на банката сеуште се вреднуваат според трошоците или тие се прилагодуваат согласно со вредноста при нивното доспевање наместо според сегашната пазарна вредност, голем број на аналитичари се сомневаат во точноста на нето вредноста на банката прикажана според книговодствената вредност.
Употребата на средствата на банката може да се групира во девет глобални групи на пласмани и тоа:
Готовина и средства кај Централната банка – глобално набљудувано во себе вклучува три групи на ликвидни средства:
Банкноти и ковани пари што се чуваат во трезорот на банката
Депозити кај Централната банка, што се користат за исполнување на задолжителната резерва
Ликвидни средства што се процес на собирање т.е средства во платен промет
Краткорочни финансиски инструменти – се сосотојат од каматоносни краткорочни пласмани како што се пласманите на пазарот на пари хартии од вредност купени со истовремен договор за нивна повторна продажба и други видови на краткорочни депозитни цертификати на друга банка.
Хартии од вредност – се однесуваат на одреден вид на должнички хартии од вредност што банката ги поседува. Хартиите од вредност можат да бидат со било кој рок на доспевање (краткорочни и долгорочни) и тие се вреднуваат по пазарна вредност или по вредност што банката платила за нив.
Финансиски средства со кои се тргува – во себе ги вклучува било кои од претходно наведените хартии од вредност или останати средства за кои постои длабок и ликвиден пазар и кои претежно се купуваат за да потоа се препродадат во релативно кратки временски периоди, со намера да се профитира од краткорочните промени во цените.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET