Monetarna Politika (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Monetarna Politika (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ТЕМА : МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
Содржина:
1.Вовед
2.Цели на монетарна политика
3. Инструменти на монетарната политика
4. Значење на понудата на пари за макроекономските движења
5. Трансмисиониот механизам кај монетарната политика
6. Временско поместување кај монетарната политика
7. Експанзивна и рестриктивна монетарна политика
8. Дискрециона монетарна политика или правила во спроведувањето на монатарната политика
9. Централната банка и нејзината улога
Основни цели и функции на централната банка
Управување и раководење со централната банка
Независноста и односот меѓу централната банка и државата
10. Користена литература
Вовед:
Монетарната политика се дефинира како политика што ја води централната банка во областа на парите.
Цели на монетарна политика
Монетарната политика е инструмент на економската политика за остварување на неjзините цели. Оттука, основните цели на монетарнта политика се:
Одржување на одредена стапка на економски раст;
Одржување на одредено ниво на производство и вработеност;
Одредување на стабилноста на општото ниво на цените;
Одржување на врамнотежен платен биланс и стабилен девизен курс на домашната валута.
Првите две цели на монетарната политика имаат развоен карактер, а вторите две стабилизационен. Развојните и стабилизационите цели на монетарната политика често се противречни. Ако акцентот се стави, на пример, врз динамизирање на стопанскиот раст, тоа може да ја наруши стабилноста на цените, односно да предизвика инфлаторни тенденции. Затоа во практиката доаѓа до комбинација на мерките и инструментите на другите макроекономски политики (фискалната, политиката на цени и др.) со што настанува корекција на деформациите предизвикана од двете групи на цели на монетарната политика. Стимулирањето на штедењето како битна претпоставка за пораст на инвестициите и динамизирањето на економскиот раст претставува и најбитна задача на монетарната политика во доменот на остварувањето на развојните цели. Одржувањето на стабилност на општото ниво на цените се остварува со регулирање на масата на пари во оптек. Со тоа што монетарната политика се грижи за остварување на стабилноста на општото ниво на цените, таа придонесува и за реализација на четвртата цел односно, врамнотежување на платниот биланс и одржување стабилен девизен курс на домашната валута.
Инструменти на монетарната политика
Инструментите кои монетарната политика, централната банка, ги користи за остварувањето на своите цели се делат на : квантитативни и квалитативни.Со квантитативните инструменти банката ја регулира потребната количина на пари во оптек. Квантитативни инструменти се:
Политика на отворен пазар
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET