Megunarodna trgovija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Megunarodna trgovija (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СЕМИНАРСКА РАБОТА
НА ТЕМА:
“МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА”
СОДРЖИНА:
Вовед 3
Биланс на меѓународни плаќања и негова структура 4
Биланс на плаќање со странство и платнобилансна политика 8
Организирање на меѓународен платен промет 9
Заклучок 11
Користена литература 12
Вовед:
Меѓународна трговија , впрочем како и внатрешната трговија , во современи услови се одвива во посредство на парите . Само мал обем од меѓународната размена се извршува со директна размена на стока за стока . Оттука , меѓународните реални трансакции ( движењето на стоките , услугите и производните фактори ) се проследени со финансиски трансакции т.е. со движењето на парите и финансиските инструменти . Со оглед на фактот дека секоја земја има и своја валута и посебни прописи со кои се регулираат плаќањата , неизбежно се наметнува прашањето за начинот на кој ќе се извршуваат меѓународните плаќања . Притоа меѓународните финансиски трансакции не само што се придружници на реалните трансакции , туку и начинот на меѓународните плаќања има големо влијание врз непреченото извршување на меѓународната размена . Затоа прашањата од областа на меѓународните финансии предизвикуваат големо внимание во економската литература и во праксата .
Притоа мора да се потенцира дека меѓународната размена , меѓународните плаќања и меѓународното движење на капитал претставуваат три аспекти на меѓународните економски односи . Овде не треба да се занемари дека формата и содржината на меѓународната размена на стоки и услуги во крајна линија ја определува и формата и содржината на меѓународното движење на капитал и на меѓународните плаќања . Тоа значи дека меѓународната размена претставува материјална основа на меѓународните економски односи. Меѓународната размена е примарна , иако нејзиниот развој е условен од можностите и состојбите на меѓународните плаќања .
1. Биланс на меѓународни плаќања и негова структура
Секојдневно помеѓу субјектите од една земја и субјектите од странство се извршуваат најразлични трансакции и плаќања: едни фирми увезуваат , други извезуваат стоки , странските туристи доаѓаат во земјата , домашните банки одобруваат кредити на странски лица , а домашните субјекти користат странски кредити . Билансот на меѓународните плаќања претставува системски попис на сите трансакции на резидентите на една земја со странство , во текот на една година .
Важно е да се забележи дека во билансот на меѓународните плаќања се забележуваат сите трансакции помеѓу земјата и странство во текот на една година , без разлика дали плаќањата се извршиле порано или се извршуваат подоцна . Во билансот се регистрираат и трансакциите кај кои воопшто нема никакви плаќања , како што е случајот со разните облици на помош или поклоните . Значи , наспроти името кое го носи , во овој биланс се забележуваат трансакциите , а не плаќањата меѓу земјата и странство . Затоа некои автори сметаат дека посоодветно име е биланс на меѓународни трансакции .
Со оглед на тоа дека билансот на меѓународните плаќања ги регистрира сите трансакции на земјата со странство , тој претставува важна статистичка основа за анализирање на меѓународната размена на една земја и нејзиното влијание врз вработеноста , производството и стопанскиот развој на земјата . Исто така состојбата во платниот биланс треба да се има во предвид при водење на економската политика на земјата .
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET