Koorporativno rabotenje na bankite (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Koorporativno rabotenje na bankite (makedonski)". Rad ima 32 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СОДРЖИНА:
Вовед .....................................................................................................................1
Кодекс за корпоративно управување ..................................................
Принципи за добро корпоративно управување .........................
Управувачка структура на Банката ..................................................
Собрание на акционери.........................
Надлежности на Собранието на акционери
Постапка на гласање
Права на акционерите, вклучувајќи ги и правата на малцинските акционери
Надзорен одбор ......
Критериуми за членовите на Надзорен одбор
Надлежности на Надзорен одбор
Седници и одлуки на Надзорниот одбор
Наградување на членовите на Надзорен одбор.
Управен одбор
Критериуми за член на Управен одбор;
Надлежности на Управен одбор
Седници и одлуки на Управниот одбор
Наградување на членовите на Управен одбор и соработка меѓу Надзорен и Управен одбор
Одбор за управување со ризици. .......
Надлежности на Одборот за управување со ризици
Седници и одлуки на Одбор за управување со ризици
Одбор за ревизија
Критериуми за член на Одбор за ревизија
Седници и одлуки на Одбор за ревизија
Служба за внатрешна ревизија
Заклучок .................
Користена литература ............................
Вовед
Корпоративното управување претставува напор да се обезбеди транспарентност на стратешките цели, структурата на органите на управувањето на банката и слично.
Осцилациите на берзите - како што се намалувањето на индексите, нивното „земање здив“ па продолжување надолу и паѓањето на цените на акциите најмногу, единствено и без право се поврзуваат со случувањата на финансиските пазари во Европа. Постои тука дополнителен услов да се издржи под ветриштата на истоимената кризата, каде успехот - ќе е единствен напредок во тоа "невреме". Станува збор за Корпоративно управување кое македонските компании го применуваат помалку или повеќе а, кое секако, е најдиректно поврзано со внатрешното раководење. Во развиениот западен свет веќе со децении се применува корпоративното управување. Во Македонија менаџерите недоволно се запознаени со концептот, а повеќето сѐ уште не ја познаваат неговата основна смисла.
Една од најзначајните карактеристики на компаниите со ефикасно корпоративно управување е нивната посветеност да одржуваат висок степен на транспарентност што се демонстрира преку постојано известување за состојбите во компаниите. Во терминологијата за корпоративно управување ваквата транспарентност е позната како обелоденување на податоци и информации за компаниите.
Компаниите со добро корпоративно управување се придржуваат кон посебни правила за известување. Ова има посебно значење за компаниите кои излегуваат на пазарот на капитал. За да можат да донесат одлука дали да инвестираат во некоја компанија, инвеститорите сакаат да бидат сигурни каде вложуваат со цел таквите вложувања да не им донесат штети или загуби. Стандардизираните системи на обелоденување на податоци и информации за компаниите, заедно со стандардизираните практики на работењето на компаниите воопшто, им обезбедуваат сигурност на инвеститорите дека вложувањето го вршат во услови на најмал ризик. За да се постигне целта за воспоставување на фер, коректни и транспарентни односи на пазарот, отпочнат е процес на приближување на регулативите што се однесуваат на корпоративното управување. Овој процес можеме да го сфатиме како воведување на корпорациски јазик што можат да го разберат сите пазарни учесници. Тоа се остварува преку градење на регулативи во земјите врз основа на принципи за кои е постигнат договор во меѓународни рамки. Кога ја развива сопствената регулатива, секоја земја треба да поаѓа од специфичностите на нејзиниот корпоративен амбиент, но во исто време, треба да се труди колку што е можно повеќе истата да ја втемелува врз општоприфатените стандарди и принципи. Прилагодувањето на регулативите кон принципите договорени на глобално ниво, во голем дел значи и прифаќање на заедничка рамка за добро корпоративно управување во компаниите.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET