Konkurencija pomegu biznisite (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Konkurencija pomegu biznisite (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани
Проектна задача по предметот
Бизнис
Тема:
Конкуренција меѓу бизнисите
Содржина
Вовед......................................................................(3)
Конкуренција и координација.........................(4)
Пазарна структура..............................................(5)
Прифаќачи на цена и чиста ценовна конкуренција.......................................................(6)
Трагачи по цена и пазарна моќ........................(7)
Монополистичка конкуренција.......................(7)
Олигопол...............................................................(8)
Монопол...............................................................(10)
Поттик за спојување..........................................(12)
Маркетинг...........................................................(13)
Главни маркетиншки функции......................(14)
Заклучок..............................................................(15)
Вовед
Бизнисот претставува широк поим во кој можеме да вброиме повеќе елементи. Составен е од повеќе области од кои ние најмногу ќе се задржиме и ќе ја разгледаме конкуренцијата меѓу бизнисите.
За еден бизнис, поточно за еден човек кој предводи еден бизнис да биде успешен треба добро да ги има разгледано и проучено самите елементи на бизнисот. Конкуренцијата меѓу бизнисите е доста важен фактор за успешноста на еден бизнис. Многу е битно тоа како самиот бизнис ќе се постави на пазарот, како истиот ќе оствари профит за остварените производи и услуги и како тој би конкурирал во однос на останатите бизниси кои се занимаваат со производство на истиот производ или услуга.
За успешноста на бизнисот и остварувањето на пазарот, односно пласирањето на своите производи и услуги на пазарот исто така се битни многу елементи меѓу кои може да ги вброиме маркетингот, пазарната структура, потоа прифаќачи трагачи по цена и пазарна моќ, како и освојување на чиста ценовна конкуренција.
Во наредниве неколку наслови ние поопширно ќе ја разгледаме и проучиме структурата на самата конкуренција меѓу бизнисите и ќе воочиме колку битен фактор е таа во основањето и водењето на еден бизнис.
Конкуренција и кооординација
Нашето стопанство е многу слично. Способноста да се конкурира зависи од успешната координација. Луѓето секогаш се натпреваруваат, односно конкурираат за недоволните ресурси, кои ни се достапни.
Сепак, начинот на кој луѓето се натпреваруваат прави големи разлики во исходот. Во економијата на слободно претприемање, конкуренцијата е пазарна. Луѓето се обидуваат да одат пред другите, произведувајќи стоки и услуги така што се надеваат дека другите ќе ги купат. Постапувајќи така тие за тоа заработуваат пари. За да можат успешно да се натпреваруваат, луѓето и бизнисите работат заеднички, така што нивните координирани дејства им овозможуваат да произведат повеќе од она што го сакаме.
Кога бизнисите се натпреваруваат на пазарот, потрошувачите плаќаат помалку, работниците наоѓаат повеќе работа и примаат повисока плата, а сопствениците на бизнисите добиваат поголема заработка од нивната инвестирана заштеда. Конкуренцијата на пазарот, значи е многу различна од конкуренцијата во спортот, каде што секоја победа значи пораз на некој друг. Кај бизнисите, секој може да победи.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET