Koncept na vremenska vrednost na parite (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Koncept na vremenska vrednost na parite (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

у н и в е р з и т е т „ Г о ц е д е л ч е в “ – Ш т и п
с е м и н а р с к а р а б о т а
ПРЕДМЕТ
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ
тема: концепт на временска вредност на парите
МЕНТОР:
Ристо Фотов ИЗРАБОТИЛЕ:
Ирена Давидовиќ
Штип , 2011
СОДРЖИНА
Вовед . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .3
Карактеристики за концептот на временската вредност на парите. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .4
Општо за концепт на временска вредност на парите . . . . .5
Методи кои најчесто се користат за проценка на инвестициите.. . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
Специјална примена на концептот за временска вредност на парите. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .9
Заклучок . . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10
Користена литература . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11
Вовед
Кога станува збор за концептот на временска вредност на парите мораат да се имаат во предвид неколку битни елементи, како на пример, концептот на камата – тоа преставува идна вредност која што треба да биде остварена, претпријатијата треба да се трудат колку што е можно тоа да биде по економски оправадано.
Многу е битно да се изврши правилна пресметка за некоја поединечна вредност на поединечен износ затоа што неколку такви поединечни износи претставуваат една серија на различни идни вредности кои што претпријатието треба да се труди да ги оствари.
Концептот на временска вредност на парите има и специјална примена, а тоа треба да се има во предвит при пресметката на депозити, кога има амортизација на заеми, кога има пресметка на стапка на раст и на каматна стапка, при изнаоѓањето на непознати каматни стапки и при пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови.
Сите претпријатија треба да ги имаат во предвид, сите овие аспекти кои што горе ги спомнавме и колку повеќе се придржуваат до нив толку тие поекономично ќе работат.
Карактеристики за концептот на временската вредноста на парите
Најзначајните сегменти на кои треба да внимаваат луѓето кои се занимаваат со оваа проблематика во претпријатијата е за значењето на врменската вредност на парите. Поради тоа направени се повеќе методите за проценка на инвестициите кои секојдневно се усовршуваат, за да го подобрат финансиското раководење на своите компании и да донесуваат исправни одлуки при инвестирањето во веќе постојан или сосема нов бизнис.
Секогаш треба да се разгледува можност менаџерите да научаат повеќе за паричните текови, временската вредност на парите, проценка на инвестиции и да слушнаат и дебатираат за различни искуства на овие теми.
Многу е битно секогаш да се зборува за потребата и важноста на следењето на паричните текови и како тие влијаат на доброто финансиско работење на една компанија. Тоа најдобро може да се објасни за тоа како да се чита и толкува извештајот на парични средства и како тој може да алармира и да ни каже кога состојбата на сметката се намалува, а компанијата е профитабилна. Поради сите овие работи нето парични средства од деловни активности се исклучително важна информација која треба континуирано да се следи, бидејќи ни дава витални информации кои имаат големо значење за самото претпријатие.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET