Komparativna analiza na NLB tutunska i UNI banka (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Komparativna analiza na NLB tutunska i UNI banka (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Вовед
Во овој семинарски труд целта е да се анализира работењето на Тутунска банка и Уни банка, нивните финансиски трансакции, нивните активности кои ги опфаќаат како и нивниот придонес во вкупниот банкарски сектор во Р.Македонија.
Поради таа причина најпрвин ќе го анализираме функционирањето на банкарскиот сектор, неговите основни карактеристики како и предностите и недостатоците во однос со банкарските системи на другите земји. Најпрвин, подетално ќе бидат анализирани работењето на овие две банки а потоа и некои сличности и разлики меѓу нив.
Преку согледувањата за банкарскиот систем на Македонија се согледува и работењето и структурата на банките во него.
Анализата на НЛБ Тутунска банка АД Скопје ќе ни даде информации за активностите, значењето, и придонесто на оваа банка за целокупниот банкарски сектор.
Анализата на Уни банка пак, ќе ни даде информации за активностите на оваа банка и како таа ги развива своите активности како помлада банка од предходната.
Ефикасноста на банкарскиот сектор во Република Македонија
Во изминативе неколку години, развојот на банкарскиот систем во Макеодонија бележи значителен прогрес. Сепак, нивото на развој, мерено преку степенот на финансиско посредување е пониско во однос на останатите земји во транзиција (земји од Централна и Источна Европа-ЦИЕ) и значително заостанува зад земјите од Европската Унија (ЕУ). Банкарскиот сектор на Република Македонија која воедно има доминантно учество во финансискиот систем, се состои од 21 банка и 15 штедилници. Притоа, на банките отпаѓа најголемиот дел од вкупната актива на финансискиот систем, додека штедилниците учествуваат со само 1.3%.
Споредбата на банакрскиот систем на Македонија со останатите земји во транзиција укажува на сеуште недоволен степен на консолидација на банките. Така, во групата на 16 земји во транзиција, Македонија се наоѓа на второто место на банки на милион жители. Ваквата неповолна структура во банкарскиот сектор ја намалува конкуренцијата помеѓу банките и со тоа негативно се одразува врз нивната ефикасност. Од друга страна, според бројот на банки во странска сопственост Македонија го зазема предпоследното место, што укажува на сеуште недоволен влез на странски капитал во банкарскиот сектор.
Ефикасноста на банкарскиот сектор може да се искаже преку квантитативни и квалитативни показатели. Квантитативната анализа базирана на Дупонт анализа на финансиските резултати од работењето, како и анализа на каматните маргини и учеството на лошите пласмани, додека квалитативната анализа се однесува на индексот на реформи на Македонија и земјите од регионот изработен од страна на Европската банка за обнова и развој (Eurpe bank for reconstruction and development- EBRD).
Поставеноста на законската регулатива од областа на финансиското работење е една од клучните фактори кои ја детерминираат ефикасноста на банкарскиот систем. Ова особено се однесува на законската поставеност (и имплементацијата) во врска со наплатата на заемите односно превземањето на средствата дадени како колатерал во случај на неплаќање на заемот од страна на должникот. Основен предуслов за успешно работење на секоја банка е сигурноста на ефикасноста во процесот на решавање на судските спорови, што и овозможува на банката да води поефикасна (односно поекспанзивна ) кредитна политика. Доколку законодавството не обезбедува брза, ефикасна и едноставна наплата, кредитното портфолио на банките ќе биде оптоварено со нефункционални заеми и пласмани во хартии од вредност (што е и случај со македонските банки). Од друга страна, ваквата структура на кредитното портфолио ќе наложи поставување на повисоки каматни стапки на заемите, при што ќе се редуцираат и можностите за давање заеми ( во одсуство на инвестициони проекти кои би можеле да остварат доволно висока добивка да ја покријат високата цена на заемот). Неможноста да се пласираат средства условува нивно вложување во посигурни но нископриносни хартии од вредност (благајнички записи или државни хартии од вредност) па дури и нивно чување на сметката на банката. Горенаведеното сценарио претставува комплетна слика за состојбата во македонскиот банкарски систем. Имено, слабоста и неефикасноста на судството е една од причините за големиот број на ненаплатени побарувања (т.е нефункционални заеми), кои иако имаат тренд на намалување, сеуште се на високо ниво во споредба со поразвиените банакрски системи.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET