Istorija na ekonomska misla (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Istorija na ekonomska misla (makedonski)". Rad ima 20 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
+Содржина:
Вовед ……………………………………………………………………………….. 3-4
Џон Мејнард Кејнс ……………………………………………………………….. 4-5
Релевантни констатации на Џон Мајнард Кејнс ……………………………… 6
Кејнзијанската економска теорија …………………………………………….. 7-8
Кејнзовата анализа на долгорочните очекувања ………………………… 8-12
Вреднување на Кејнзовата анализа за значењето на долгорочните очекувања во современата економска литература ……………………... 13-16
Кејнзовото разбирање на долгорочните очекувања vis а vis рационалните очекувања ………………………………………………………………………. 16-18
Заклучок …………………………………………………………………………….. 19
Користена литература ……………………………………………………………. 20
Вовед
Очекувањата, односно антиципирањето, предвидувањето на иднината, имаат фундаментално значење во економијата. Учесниците во економскиот живот секогаш кога донесуваат значајни одлуки со едно око гледаат кон иднината. Доколку во економијата се очекува рецесија, опаѓање на економската активност, претпријатијата, нивните сопственици и менџери, ќе ги намалат или запрат инвестициите, ќе ги намалат или запрат новите вработувања, ќе побрзаат да ги намалат залихите и слично. Обратно се случува ако се очекува експанизија на економската активност.
Современата економска теорија познава два основни вида на очекувања: адаптибилни очекувања и рационални очекувања. Фактички станува збор за два различни пристапа на предвидување на идните економски настани. Економските теоретичари, често во зависност од тоа на која економска школа и припаѓаат (макар што и тоа не е секогаш решавачки критериум), во своите истражувања го користат едниот или другиот пристап. Адаптибилните очекувања (Adaptive Expectations), се формираат со екстраполација (пресликување) на трендовите на економските процеси и појави од минатото во иднината. Луѓето ја предвидувааат идната стапка на инфлација, на пример, со пресликување на стапките на инфлација од поблиското минато. До појавата на новата класична економија, предвидувањата на идните настани во економијата главно базираа врз адаптибилните очекувања. Хипотезата за рационалните очекувања(Rational Expectations ) , којашто лежи во основата на новата класична макроекономија, поаѓа од претпоставката дека луѓето, врз основа на бројни информации за движењата на економијата, особено врз онсова на инфомрмациите за промените во клучните макроекономски политики(монтарната и буџетската), ја антиципираат, предвидуваат, иднината конкретно, без притоа да прават систематски грешки.
Во литературата од оваа област некои автори (Хансен, Фелпс и др.) укажуваат дека токму Џон Мејнард е првиот економкси теоретичар кој опстојно,подетално и подлабоко од неговите претходници, го анализирал фундаменталното значење на долгорочните очекувања за состојабата на економијата. Ова е разбирливо, доколку се има предвид фактот дека, според Кејнзовото убедување, постои силна д етерминираност на маргиналната ефикасност на капиталот, а преку неа и на одлуките за инвестирање, од песимизам, на animal spirits , на замената на брановите на оптимизам со песимизам, на надежите со разочарувањата, со еден збор на промените во довербата, во перципирањето на бизнис-климата од страна на економските субјекти.
Во Кејнзовиот економски модел рецесиите се логична последица на ,,колапсот на маргиналната ефикаснот на капиталот“ , што секогаш е детерминиран од промените во очекувањата, од состојбите кога проработуваат animal spirits , кога животната енергија спласнува и инвеститорите апстинираат. Целта на овој труд е да даде автентично толкување на Кејнзовите погледи и сфаќања за долгорочните очекувања, на вреднувањето на Кејнзовиот придонес во овој домен од страна на модерната макроекономска тероија и на имплкациите на Кејнзовото поимање на долгорочните очекувања врз хипотезата за рационалните очекувања.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET