Evrpska centralna banka (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Evrpska centralna banka (makedonski)". Rad ima 8 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет ”Гоце Делчев”- Штип, Економски факултет
ЕВРОПСКА ЦЕНТРАЛНА БАНКА
Abstract
Кеy words: The European Central Bank, monetary policy, targeting of the inflation, global financial crisis.
In this text, it is talking about the key role that The European Central Bank has (as an institucion that is responsible for keeping stability of the prices) into the the economy of the European Union. The analyze starts whit stating out the fundamental characteristics of the Europian Central Bank as an institution and they are: defining of the functions of their organs in managing and the strategy of the Bank, and also presentation of the institutional independence, transparency and responsibility of the Bank as components that go together. Afterwards, it is starting with analysis of the capital of the European Central Bank, while the analyses goes on with the monetary politics that implements European Central Bank and targeting of the inflation.
The research in this work is encircled with emphasizing of the non standard measures and instruments that European Central Bank uses as the most efficient instrument for fight against global financial crisis.
ВОВЕД
Глобализационите процеси претставуваат едно од основните обележја на современите светски движења. Наспроти специфичноста и осетливоста, и монетарно финансиската сфера е вклучена во интернационализацијата и институционализацијата во глобални размери, иако релативно побавно во однос на другите области. Најдобар пример е Европската монетарна унијa, како најзначајна интеграција во оваа област, која со воведувањето на еврото како заедничка валута, уште повеќе зближи околу 300 милиони жители од државите членки.
Економскиот суверенитет на земјата го одредува и монетарниот суверенитет кој опфаќа монетарен, валутен и девизен систем. Токму Европската монетарна унија подразбира пренос на таа сувереност на наднационално ниво (заедничка валута и централна банка како и монетарно кредитна политика). Во рамките на функционирањето на Европската монетрана унија се издвојуваат три фази: првата фаза која резултира со создавање на единствен пазар на добра и капитал, втората фаза која подразбира консолидирање на економската политика во насока на намалување на инфлацијата, намалување на каматните стапки и ограничување на буџетскиот дефицит и третата фаза која има за задача создавање на единствена и стабилна европска монета и создавање на независна Европска централна банка.
Европската централна банка е институција која е надлежна за Европската монетарна политика. Основана е со договорот во Мастрихт, и нејзината приоритетна цел на функционирање е обезбедување стабилност на цените во евро зоната, како и чување на куповната моќ на еврото.
1. ЕВРОПСКА ЦЕНТРАЛНА БАНКА КАКО ИНСТИТУЦИЈА
Европската централна банка претставува “банка на банките” на земјите членки на Европската Унија. Европската централна банка, која е основана на 30 јуни 1998 година со седиште во Франкфурт е наследник на Европскиот монетарен институт. Иако Европската централна банка има правен субјективитет, не ги заменува националните централни банки, туку заедно со уште 27 национални централни банки од земјите членки на Европската Унија, ја сочинуваат групата која се нарекува Европски систем на централни банки (European System of Central Banks – ESCB). Во рамките на својот состав Европската централна банка вработува 1350 службеници од 27-те земји членки на ЕУ. Почетниот (основачкиот) капитал на Европската централна банка изнесувал 5 милијарди долари, при што уплатата се вршела од страна на централните банки во рамките на евро зоната и тоа сразмерно согласно нивната популација како и бруто националниот производ кој што го остварувале нивните земји.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET