Evroto i instituciite povrzani so nego (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Evroto i instituciite povrzani so nego (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
Семинарска работа
Економија на ЕУ
тема : Еврото и институциите
поврзани со него
Mарина Дабевска ID 1471 Проф. Др. Јован Пејковски
Скопје, Декември 2008
Според мислењата на некои стучњаци се претпоставуваше дека со доаѓањето на еврото ќе се посее разор насекаде во Европската Унија, а и подалеку. Сите знаеме дека се помалку луѓе им веруваат на банките па како резултат на тоа тие се почесто ги кријат своите коверти со долари, а сега и евра, по полиците меѓу книгите па дури и под креветите.
Но од јануари 2002 година новата мистериозна валута – евро влезе во оптег. Западна Европа се пушти во еден грандиозен експеримент, и тоа не само економскиот Париски лист “Le Monde Diplomatique” пишува дека еврото е валута “без душа и култура”, но сепак тоа и личи на французите.
Како и да е парите не се само средство за плаќање (како што политичките економисти сакаат да веруваме), туку тие се и културни симболи на некои народи. Тие треба да имаат историја. Но еврото е дело на бирократи и технократи. Дури и изгледот на валутата укажува на недостаток на кулура и осиромашена имагинација на неговиот креатор.
Секоја банкнота е украсена со ѕидови и врати, а нема ни едно човечко лице. Бирократите на Европската Унија објаснија дека секоја историска личност која е популарна во една земја би можела да предизвика негативни емоции во соседните земји. Но доколку овие господа зборуваат за пан-европските традиции и историја, тогаш би требало да постојат некои историски личности кои би го отелотвориле сето ова.
На пример некои експерти се зачудени зошто на банкнотите ги нема портретите на Аристотел, Микеланџело, Леонардо Да винчи, Молиер, Моцарт, Гете или Ајнштајн.
Освен сето ова, еврото има еден огромен недостаток. Намерата на иницијаторот на овој проект била, единствена валута да ја олесни интеграцијта на Европа. Во праксата најверојатно има негативен ефект.
Стабилноста на една валута зависи од положбата на економијата на една земја, а економијата и нивоата на развој на различни земји во Европската Унија значително се разликува. Додека северноевропските земји членки, се на се, имаа малку проблеми во постигнувањето на мала инфлација, медитеранските земји имаа огромни тешкотии.
Во припремите за воведување на евро, сите земји учеснички морале да ја смалат инфлацијата на ниво кое го установил Брисел. Додека е можно да се постигнат овие нивоа краткорочно, многу е тешко стабилно да ги поддржи долгорочно.
Ако Еропската централна банка одлучи да поддржи висока курсна стапка, резултатот ќе биде тоа што “назадните” земји ќе дознаат дека не се конкурентни (како што покажуваат несреќните примери во Аргентина). Ако од друга страна им се излезе во пресрет на “назадните” земји, тогаш Италија, Португалија, Шпанија и Грција ќе извезуваат инфлација на Германија и Финска.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET