Akcionersko drustvo (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Akcionersko drustvo (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Содржина
Вовед 3
Поим и карактеристики на акционерското друштво 4
Основање на акционерско друштво 5
Oргани на управување и раководење со акционерското друштво 6
Основна главнина на друштвото 7
Акции 8
Поделба на акциите 9
Заклучок 11
Користена литература 12
Вовед
Трговско друштво е правно лице во кое што едно или повеќе физички или правни лица вложуваат пари, ствари или пари и имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат добивката и загубата од работењето. Значи, трговското душтво е секогаш правно лице кое самостојно и трајно врши трговска дејност заради остварување на добивка. Трговското друштво може да биде основано во следниве пет форми на трговско друштво: јавно трговско друштво, командитно трговско друштво, друштво со ограничена одговорност, акционерско друштво и командитно друштво со акции. Секое друштво се разликува по своите карактеристики, меѓутоа во глобала сите трговски друштва имаа заеднички карактеристики. Такви се: трговските друштва се правни лица кои мора да имаат основна главнина изразена во удели и акции; друштвото се основа со договор за основање, односно статут на друштвото кои мора да бидат во писмена форма;  упис на друштвото се врши во трговскиот регистар; можат да основат посебен вид на трговско друштво наречено преддруштво, кое што во суштина не е друштво туку претходна фаза за основање на идното друштво; содржината на основната главнина (пари, права, стоки, непаричен влог), учество во добивката и сл.
Наша цел е подетално да објасниме и да дадеме јасна претстава за тоа како се основа, кои се општи карактеристики и одговорности на акционерското друштво. Предности на АД во однос на другите форми на трговски друштва е тоа што АД нуди можност за собирање на голем капитал по пат на продажба на акции, кои во современото трговско работење се најзначајни и најраспростанети хартии од вредност. Акционерските друштва во современите држави се најзастапени и нема држава каде што тие не постојат, се разбира под различно име. Основните карактеристики секаде се исти.
Поим и карактеристики на акционерското друштво
Акционерското друштво - АД е трговско друштво кое го основаат едно или повеќе физички и/или правни лица, во својство на акционери, заради вршење на одредени дејности под заедничка фирма, а основната главнина на друштвото е поделена на акции.
Кога станува збор за карактеристиките на акционерското друштво, треба да се спомене дека од економски поглед ова друштво е најзначајна форма на трговско друштво и најприфатлива и едноставна форма на концентрирање на голем капитал од неограничен број лица во едно друштво. Една од основните карактеристики на акционерските друштва е тоа што, согласно законските прописи, друштвото може да дојде до свеж капитал со емисија на нови акции (попознато како секундарна понуда на акции - SPO - Secondary Public Offreing), нудејќи ја новата емисија за прв пат и директно на пошироката јавност. Ова е т.н прибирање на капитал од екстерни извори каде што постојните акционери во акционерското друштво издавач, се спремни да го намалат односно поделат своето учество во постојната акционерска структура со нови инвеститори – акционери.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET