Voda (Makedonija) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Voda (Makedonija)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’- ШТИП
ВИСОКА ЗДРАВСТВЕНА ШКОЛА
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ
ЕКОЛОГИЈА СО ХИГИЕНА
ТЕМА: ВОДА
ИЗРАБОТИЛ:Анастасов Дејан МЕНТОР: Предавач м-р Невенка Величкова
ШТИП-2010
Вовед
Секоја природна вода, која се менува по природен или вештачки пат, при што водата станува неупотреблива или опасна за човекот и пошироко се смета за загадена вода.
Во современиот свет, во услови на засилена урбанизација, индустријализација, развој на модерното земјоделство и земјоделската технологија, во услови на демографска експлозија и се поголема потрошувачка на вода, водата се повеќе се загадува.
Најчести извори на загадување на водите се: комуналните отпадоци, индустриски отпад ( хемикалии, метали, пластика, гуми, нафта и други ), земјоделски и радиоактивни отпадоци.
Загадувањето на водите може да биде најразлично:
Механичко загадување – преставува најлесен вид на загадување.
Кај овој вид на загадување доаѓа до заматување на водите со разни ситни механички суспендирани честички. Овој вид на загадување е резултат на: поројните дождови односно ерозивните процеси, но се јавува и од јаловината на рудниците, каменоломите, фабриките за цемент и т.н.
Oвие води можат да се прочистат прку процесот на филтрирање, седиментација и коагулација.
Биолошко загадување – преставува загадување на водите со микроорганизми. Овој вид на загадување е карактеристичен за отпадните води од: земјоделството, сточарството, прехранбената индустрија ( месна, млечна, конзервна, пиво,шеќер ).
Хемиско загадување – овој вид загадување се јавува како резултат од развојот на индустријата и пошироко, и претставува посебен проблем. Постојат повеќе извори на хемиско загадвање: минералните и органски киселини и нивните соли, хлорот, металите ( олово, цинк, бакар и железо ), потоа амоњакот, фенолите, живата, цијанидите и др. Сите овие загадувачи се мошне опасни за сите видови живи организми.
Термално загадување – се врши преку процесот на ладење на индустриските машини, нуклеарните реактори и т.н. На таков начин водата ја менува својата температура во однос на околината и ја нарушува животната средина. Констатирано е дека главен извор на овој вид загадување се термоелектраните и нуклеарните централи, каде што водата се користи за ладење на генераторите во текот на производниот процес.
Загадување на подземните води
Низ сите векови на развој на човештвото, подземните води имале големо значење за снабувањето на населението со квалитетна вода за пиење. Подземните води се побрзо се експлоатираат и загадуваат. Брзината на обновувањето на подземните води изнесува не помалку од 140 години, што е доволен доказ дека во сите подрачја на светот треба да се заштитат со посебни мерки.
Главни извори кои ја загадуваат подземната вода се: урбаните отпадоци и фекални води, индустриските отпадни води ( особено од прехранбената и хемиска индустрија ), земјоделството ( вештачки ѓубрива и пестициди ), сточарството ( фекалиите на животните ).
Плитките изворски води побрзо се загадуваат од подлабоките подземни води, освен, ако земјиштето е изградено од песочни почви и голем број пукнатини. Но поради се поголемото загадување, започнаа да се загадуваат дури и артерските подземни води кои се доста отпорни на загадување.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET