Kjoto protokol (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kjoto protokol (makedonski)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” БИТОЛА
ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО - ОХРИД
НАСОКА: Безбедност и финансиска контрола
ПРЕДМЕТ: Еколошка криминалистика
КЈОТО ПРОТОКОЛ
ИЗРАБОТИ
СОДРЖИНА:
ВОВЕД______________________________________________2
ПРОТОКОЛОТ ОД КЈОТО_____________________________3
ЦЕЛИ НА КЈОТО ПРОТОКОЛОТ_______________________5
ЦЕЛНИ ЕМИСИИ ДО 2012 ГОДИНА И ФЛЕКСИБИЛНИ МЕХАНИЗМИ_______________________________________6
РАЗМЕНА НА ЕМИСИИ______________________________8
ВИСОКАТА ЦЕНА НА КЈОТО ПРОТОКОЛОТ (Влијание на Кјото Протоколот врз бизнисите)________________________9
ВЛИЈАНИЕ НА КЈОТО ПРОТОКОЛОТ ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО_________________________________10
ДОПОЛНИТЕЛНИ КРИТИКИ НА КЈОТО ПРОТОКОЛОТ______________________________________11
ПРОМЕНИ ВО ЕМИСИЈАТА НА СТАКЛЕНИ ГАСОВИ ОД 1990 ГОД.__________________________________________13
РЕВИЗИЈА НА КЈОТО ПРОТОКОЛОТ И ПОНАТАМОШНИ ПЛАНОВИ_________________________________________15
ЗАКЛУЧОК________________________________________16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА_________________________18
ВОВЕД
Биолозите и научниците се согласуваат дека во 20-иот век, почнало шестото масовно истребување, кое е предизвикано од одреден вид: НИЕ. Коралните гребени, најверојатно, ќе биде првиот еко - систем целосно елиминиран од Земјата под влијание на човекот. Можно е  една четвртина од сите растителни и животински видови да исчезнат до 2050 година, а фактор за тоа би биле климатските промени. Во суштина, сегашниот економски модел го доведува животот на Земјата до критична точка.
Зошто ризикуваме да дојде до еволутивен колапс? Зарем не сме тука да преживееме и да напредуваме? Зошто нашата планета воопшто еволуирала да подржува живот?
Кјото протоколот е протокол кој е додаток на United Nations Framework Convention on Climate Change (UNFCCC), односно додаток кон конвенцијата на ООН за климатските промени, кој се фокусира на борбата против глобалното затоплување. UNFCCC е меѓународен еколошки договор кој е насочен кон стабилизирање на концентрацијата на гасови во атмосферата кои предизвикуваат ефект на стаклена градина (тн. стакленички гасови). Истовремено, цел на овој договор е да се спречат критичните антропогени  промени во климатскиот систем на Земјата.
ПРОТОКОЛОТ ОД КЈОТО
Кјото протоколот првично беше усвоен на 11 декември 1997 година во Кјото, Јапонија, а стапи во сила на 16 Февруари 2005 година. Од ноември 2009 година, 187 земји го потпишале и ратификувале овој Договор. Според Протоколот, 37 индустриски земји (наречени "Анекс - земји") се обврзаа на намалување на четири стаклени гасови (јаглерод диоксид, метан, азотен оксид, сумпорхексафлорид ) и две соединенија на гасови (флуројагленохидрати и перфлурокарбонски соединенија) кои овие земји ги произведуваат.
Анекс - земјите, исто така се договориле да ја намалат вкупната емисија на стаклени гасови за 5,2% од нивото на кое тие беа во 1990 година.  Ова не ги вклучува  емисиите предизвикани од меѓународниот воздушен транспорт и бродски сообраќај, но затоа тие се вклучени во индустриски гасови, кои се дел од  Montreal Protocol on Substances that Deplete the Ozone Layer (Монтреалски протокол за супстанциите што влијаат на намалување на озонската обвивка) од 1987 година.
Овој протокол овозможува неколку т.н. “флексибилни механизми” како што се размената на емисии,  механизмот за чист развој  и  заедничката имплементација, со што би им се овозможило на анекс - земјите да ги исполнат нивните цели во намалувањето на емисиите на стаклени гасови. Секоја од анекс – земјите мора да изработи годишен извештај за сите емисии на стаклени гасови и нивните извори, како и начини за нивно намалување. Овие земји определуваат едно лице (наречен "избран национален орган") за да ги направи овие извештаи и да управува со нив. Овие лица се избрани и во земјите кои не се дел од анекс – земјите. На слика 1 е прикажано учество на земјите во Протоколот од Кјото, од јуни 2009 година,  каде со зелена боја се обележани земјите кои го потпишаа и ратификуваа договорот (Протоколот од Кјото), со сива боја се претставени земјите кои сеуште не се одлучени,а со црвена боја се прикажани земјите кое се изјаснати дека не го потпишуваат протоколот.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET