Sistem za digestija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Sistem za digestija (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Училиште за средно образование
ВАНЧО ПРЌЕ- ВИНИЦА
Индивидуална писмена работа од предметот Биологија, на тема:
"СИСТЕМ ЗА ДИГЕСТИЈА"
Ментор:
Светлана Паликрушева Изработил:
Сашко Соколов
Виница, Мај 2004

СОДРЖИНА:
1° ВОВЕД
2° Општо за системот за дигестија
3° Компоненти на системот на дигестија
3.1 Усна празнина
3.2 Голтка
3.3 Хранопровод
3.4 Желудник
3.5 Црево
3.6 Црн Дроб
3.7 Поджелудечна Жлезда
4° Заклучок
5° Литература
1° ВОВЕД
За нормален опстанок на живите организми неопходно е секој дневно внесување на храна во организамот, како основен енергетски извор. За да се задоволат основните физиолошки потреби на организмот од материи неопходни за неговиот опстанок, треба секојдневно да се зама храна богата со шеќери (јаглехидрати), белковини (протеини), масти (липиди), минерални соли и витамини. Многу важен елемент во исхраната на живите организми е и водата. Таа игра важна улога во одвивањето на биохемиските реакции (процеси) во организмот, како основен растворувач на материите, потоа како транспортер на материите и гасовите. Хранливите материи и кислородот ги разнесува до сите клетки, а јаглерод диоксидот и штетните материи ги транспортира до органите за излачување. Транспортот настанува преку транспортните системи на организмот, крвта, во која е застапена со најголем процент.
За значењето на водата за живите организми говорат многу податоци од литературата, преку кои може да се согледа тоа. Имено, познато е дека при дехидратација на организмот, настанува нарушување на многу биохемиски процеси, а со тоа и на многу основни и витални физиолошки функции. Тоа е затоа што се менува концентрацијата на внатрешната средина што има последици врз циркулацијата и размената на материите. Од друга страна, при неадекватна исхрана настанува нарушување во растот и развојот на организмот, се намалува отпорноста кон најразлични инфекции, се нарушува функцијата на некои органи, заради нарушените метаболички процеси на пооделните материи. На пример, при недостаток на јод во храната настанува нарушување на функцијата на тироидната жлезда, бидејќи тој влегува во составот на нејзините хорммони, потоа железото и бакарот се неопходни хематопоезата, така што при нивен недостаток настануваат различни видови анемија. Понатаму, присутноста на калциумот во храната е исто така важна бидејќи тој учествува во функцијата на мускулите и развојот на коските, магнезиумот, како и многу од витамините, ги активираат ензимите, како нивни коензими итн.
Хранливите состојки имаат три основни улоги во организмот. Тие се извор на енергија, служат како пластичен материјал и имаат регулаторска улога.
Пластичната е таа што влегуваат во составот на клетките, ткивата и органите. Регулаторската улога е таа што некои хранливи материи влегуваат во составот на ензимите. Значењето на одделните хранливи материи во организмот е различно. Меѓу сите белковините можат да се издвојат со најголемо значење.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET