Karakteristiki na patogeni mikroorganizmi (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Karakteristiki na patogeni mikroorganizmi (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет Гоце Делчев
Земјоделски факултет
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТО МИКРОБИОЛОГИЈА
ТЕМА:
Карактеристики на патогени микроорганизми
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р
Вовед
Постојат четири главни групи на патогени микроорганизми :ВИРУ СИ, БАКТЕРИИ, ФУНГИ, ПРОТОЗОИ
Вирусите се неклеточни микроорганизми, а останатите се клеточни микроорганизми, поделени на прокариоти-бактерии и еукариоти-фунги и протозои. Името вирус доаѓа од латински virus – што во превод значи токсин или отров) е подмикроскопска честичка што е неспособна да расте и да се размножува надвор од клетката домакин.
Бактериите се поголеми и посложено градени од вирусите. Повеќето се видливи под светлосен микроскоп.
Во почвата и водата, бактериите ја имаат главната улога при разложувањето на органските материи и кружењето на хемиските елементи кои се неопходни за опстанок на живиот свет. Бидејќи растенијата и животните не можат да врзат азотни молекули, бактериите во почвата и сино – зелените алги имаат незаменлива улога во претворањето на атмосферскиот кислород во форми кои се соодветни за растенијата, и кои ги апсорбираат и од нив создаваат аминокиселини – основа на протеини и ДНК..
Фунгите (габи и мувли) се поголеми од бактериите и имаат посложена клеточна градба. Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без хлорофил. Тие се сувоземни форми, иако нивниот развој бара влага. Само најпримитивните од нив живеат во вода. Најголема група претставуваат почвените габи. Други се паразити на животните или растенијата. Трети се наоѓаат на органски отпадоци, производи, стакло, дрвесина.
Протозоите се сложено градени едноклеточни еукариотски микроорганизми. Протозоите кои живеат паразитски кај човекот предизвикуваат заболувања и заедно со повеќеклеточните еукариотски организми, паразити на човекот (хелминти-црви и членконоги-инсекти) со едно име се викаат паразити.
Вируси
Вирус (од латински virus - токсин или отров) е подмикроскопска честичка што е неспособна да расте и да се размножува надвор од клетката домакин. Вирусните болести доведуваат до тешки заболувања и економски товар на човекот и животните и може да доведат до уништување на земјоделските семиња. Секоја вирусна честичка или вирион се состои од генетски материјал ДНК или РНК, исклучиво едното, со заштитна протеинска обвивка наречена капсид. Нивните форми варираат од многу прости овални, до многу сложени, како оние со опашка или во форма на плик. Вирусите ги загрозуваат сите форми на клеточен живот и се делат на животински, растителни и бактериски вируси. Некои ги сметаат за неживи затоа што не ги исполнуваат основните критериуми за живот. На пример, вирусите немаатклетки како сите живи организми. Како и да е, вирусите имаат гени и еволуираат по пат наприродна селекција. Тие се опишани како организми на работ на животот. Вирусните инфекции најчесто резултираат со заболување кај човекот, а со имун одговор на животното домаќин. Во споредба со антибиотиците (кои немаат дејство врз вирусите), антивиралните лекови се поспецифични и поскапи. За некои посериозни вирусни заболувања се развиенивакцини кои можат да обезбедат доживотна заштита.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET