Vozene pod dejstvo na alkohol (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vozene pod dejstvo na alkohol (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Возење под дејство на алкохол или друга контролирана супстанца
Постојат две можни и неопходни перспективи за тоа што луѓето прават како возачи, едната надворешна перспектива и другата внатрешна. Екстерниот поглед на возењето ги вклучува состојбата на патиштата и манипулацијата на возилото. Податоци за нив се добиваат од инструменти, мерења и проценки со набљудување. Интерниот поглед на возењето е перспективата на самите возачи: нивните сетила, перцепција, вербализација, мисли, одлуки, емоции и чувства. Податоци за овие аспекти од однесувањето на возачите не можат да се добијат ниту со помош на некои инструменти, ниту со мерење. Наместо ова, некои медоди мора да бидат развиени со чија помош возачите ќе можат да направат снимки (записи) од нивните тековни перцепции, мисли и чувства.
Задачата на возачите на патот е многу тешка. За време на патувањето возачот мора да престигнува бавни возила, да дозволи побрзите возила да го пристигнуваат, да вози паралелно со други возила во соседните ленти и да соработува со возачите на останатите сообтаќајници кои го сечат (крстосуваат) патот. Возачот мора да биде со “чист ум” за да може да донесе важни одлуки за само неколку секунди. Оваа задача станува попредизвикувачка во ситуации кога има густ сообраќај и за време на шпиц. Возењето стана нетолерантно стресно, опасно и понижувачко.
Возач под дејство на алкохол не може да ја изврши својата задача без ризик и сигурно би ја загрозел безбедноста на патот.
Алкохолот, според фармалоколшка дефиниција, е дрога и може да се класифицира како седатив, средствоза смирување, хипнотик или анестетик, зависно од консумираната количина. Од сите дроги, алкохолот е единствената дрога, чија што интоксикација е социјално прифатлива.
Алкохолот влијае врз централниот нервен систем на возачот, тој ги забавува сите телесни процеси. Мала количина консумиран алкохол (дури и на ниво од 0.05% алкохол во крвта) ги опушта луѓето и им дава самодоверба. Поголема количина пак, ги успорува рефлексите, ги ослабнува способностите за расудување и усогласување на движењето. Затоа погубно е да се вози под дејство на алкохол. На опијанетото лице многу често му се станува тешко, постанува расеан или дури губи и свест. Докажан е фактот дека употребата на алкохол резултира со зголемени сообраќајни инциденти и несреќи проследени со смрт.
Во ова научно истражување (податоците се преземени од истражување извршено од страна на научници во САД) алкохолот се смета за еден вид на дрoга, што се должи на неговите краткотрајни и долготрајни ефекти на возењето. Група од научници ги истражуваа ефектите на консумирање алкохол и возсење. Тие исто така ја проучуваа поврзаноста на нивото на алкохол во крвта и ризикот од сообраќајни несреќи. Анализи на здивот или примероци од крв беа користени за да се провери дали возачите имаа премногу испиено. Фармаколошките истражувања во Северна Америка опфаќаа лица кои имаа 0.0, 0.2, 0.5, 0.8 или 1.0 % ниво на алкохол во крвта. Заклучок од овие истражувања е дека за секој поединец кој има ниво на алкохол во крвта 0,05% постои голем ризик да биде вклучен во сообраќајна несреќа, бидејќи лицето не може да функционира добро што се должи на ослабнатите моторни и ментални способности.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET