Transnacionalnost na ruskata mafija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Transnacionalnost na ruskata mafija (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" - БИТОЛА
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:
Криминологија
ТЕМА:
ТРАНСНАЦИОНАЛНОСТ НА РУСКАТА МАФИЈА
Скопје, 2012 година
Содржина:
Вовед...................................................................................................3
Израел- ветената земја за руските криминални газди...............4
Белгија – гламур и дијаманти.......................................................7
“Црвената мафија” во Германија...............................................10
Kипарската врска..........................................................................13
Заклучок.........................................................................................14
Користена литература..................................................................15
1. Вовед
Според гледиштата на многу автори руската мафија се смета за транснационална криминална организација. Се претпоставува дека отворањето на границите и масовното иселување по распадот на Советскиот Сојуз на руските криминалци им овозможи да формираат криминални организации во странство, да создаваат мрежи кај иселениците и да ги организираат нивните активности низ целиот свет. Неко и криминолози велат дека организираниот криминали е неизбежен дел од миграцијата и дека иселениците се занимаваат со организиран криминал во првата фаза од нивното населување во туѓина. Иселениците можат да станат успешни бизнисмени, водечки спортисти, политичари и други јавни личности и така да бидат потенцијална мета за киднапирање, за изнуда или з а други насилни кривични дела.
По отворањето на границите, неколку милиони Руси се иселиле од поранешниот Советски Сојуз за да се населат во други земји. На почетокот на деведесеттите години од дваесеттиот век, многу земји од Западот го просведочиле пристигнувањето на поголеми или помали бранови од иселеници (меѓу кои што имало и криминалци) од поранешнито Советски Сојуз, Најголемите заедници се во Соединетите Американски Држави, Израел и Германија. Секоја земја е делче од сложувалката на дијаспората и секоја земја има своја функција во криминалните активности на руските банди. За најдобро да се објасни врската помеѓу руската мафија и руските иселеници, во оваа семинарска работа ќе се задржам на четири земји во коишто биле забележани активности на руската мафија : Израел, Белгија, Германија и Кипар. Но има и други земји што можат да се земат за пример при прикажувањето на руската криминална дијаспора, како што се : Соединетите Американски Држави, Полска, Холандија, Италија и други. Во оваа семинарска работа ќе ги обработам врските помеѓу руските криминални организации и заедниците на иселениците во секоја од овие четири земји посебно. Израел и Германија се познати по огромните заедници од Руси коишто се населиле таму, додека многу помал број живеат во Белгија и Кипар. Главното прашање гласи : Колку и како иселениците се вклучени во сериозни криминални активности?
Бовенкерк и Зигел наведуваат три можни врски помеѓу иселеништвото и организираниот криминал. Според нивниот прв модел , криминалната емиграција автоматски произведува заедница од криминалци во друга земја. Вториот модел се однесува на криминалци коишто се појавуваат од втората генерација на иселеничката заедница. Третиот модел тврди дека организиарниот криминал и иселеничката заедница постојат врз основа на заемна зависност. Според првиот модел, членови на криминални организации се испраќаат во странство за да формираат трговски точки, но оваа идеја често е критикувана (Албаниз, 1996 година, Лиман и Потер, 1997 година) како производ на “модел за туѓ заговор”. Во вториот модел, организиараниот криминал се гледа внатре во заедницата од иселеници. Услов за негово појавување е присуството на доволен број иселеници коишто се подготвени да вфршат нелегални активности за да се збогатат. Појдовна точка во третиот модел е заемната зависност помеѓу криминалот и иселувањето. Мартенс ( 1986 година ) ги опишува заемните врски помеѓу криминалните организации и етничките заедници како паразитски или симбиотски. Во паразитските заемни врски заедницата на иселеници е жртва на изнудувачи или е принудена да им помага на криминалците со тоа што ќе им обезбедува засолниште. Во симбиотските заемни врски, иселеницте се намамуваат во криминални активности, така што им се нудат привлечни можности. Активностите на руските криминалци во различни земји се доказ за аргументот дека руската мафија е транснационална криминална организација или комплет од различни заемно поврзани криминални групи.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET