Nadvorešni oblici na zagrozuvanje na bezbednosta (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Nadvorešni oblici na zagrozuvanje na bezbednosta (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” БИТОЛА
ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО - ОХРИД
НАСОКА: Безбедност и финансиска контрола
ПРЕДМЕТ: Основи на безбедноста и
безбедносниот систем на Р. М.
НАДВОРЕШНИ ОБЛИЦИ НА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
I. ЗАГРОЗУВАЊЕ – ПОИМ И ОБЛИЦИ НА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ
“Од кого и од што треба да се штити општеството”, претставува вечен проблем за сите општества, феномен од чии одговори зависи судбината на конкретните општества, нивниот живот или нивната смрт.
За севкупната заштита на општеството неопходно е да се познаваат разните облици и извори на општествените судири, разните деструктивни појави, како и сите општествени, природни и технички појави кои ја загрозуваат интегралната безбедност на даденото општество.
Во науката се среќаваат различни толкувања за загрозувањето, од кои произлегува дека загрозувањето претставува секој вид општествена, природна и техничка опасност од поголем обем со која во голема мерка се загрозува интегритетот, слободата, имотот и здравјето на луѓето, како и територијалниот интегритет и суверенитет и уставниот поредок и правото на државата, нацијата или општествените групи и поединци.
Денес во современиот свет како да не постои држава која не е повеќе или помалку загрозена од определени облици на загрозување, загрозувања кои се генерирани од надвор или од внатре. Изворите на загрозување на националната безбедност можат да се класифицираат според местото на настанување на појавите на загрозување и според начинот на нивното остварување – односно дали се користи вооружена сила за остварување на поставените цели.
Според местото на настанување на појавите на загрозување, изворите на загрозување се делат на надворешни (организирани, насочени, контролирани и спроведувани надвор од територијата на државната територија) и внатрешни (основните причини и носителите се наоѓаат внатре во матичната земја спрема која го насочуваат нивното разорно дејство). Во оваа поделба спаѓа и комбинираниот (надворешно-внатрешен) облик на загрозување на националната безбедност.
Од аспект дали се користи вооружена сила за остварување на поставените цели, изворите на загрозување на националната безбедност се делат на вооружени облици на загрозување на националната безбедност и невооружени облици на загрозување (ја исклучуваат грубата и масовна примена на воена сила за остварувањето на нивните, не помалку опасни разорни цели). Како и во претходната поделба на изворите на загрозување, и тука се среќава комбиниран (вооружен-невооружен) облик на загрозување на националната безбедност. Во оваа семинарска работа ке бидат опфатени и разгледани надворешните облици на загрозување на националната безбедност.
II. НАДВОРЕШНИ – ВООРУЖЕНИ ОБЛИЦИ НА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА
Во надворешни – вооружени облици на загрозување на безбедноста спаѓаат: вооружената агресија, воената интервенција и пограничните воени судири.
Вооружена агресија
Агресијата претставува насилна (вооружена) акција на една или повеќе држави против територијалниот интегритет или политичката независност на една држава, преземена со намера да се оневозможи правото на опстанок на државата, да се заземе, отцепи дел од нејзината територија, да се изврши рушење на општествено – економскиот и уставниот систем на земјата, да се изврши поробување на народот и слично.(
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET