Kriminalističko razuznavanje vo funkcija na borba protiv terorizmot (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kriminalističko razuznavanje vo funkcija na borba protiv terorizmot (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет „св.Климент Охридски“ – Битола
Факултет за Безбедност – Скопје
Семинарска Работа
Тема : КРИМИНАЛИСТИЧКО РАЗУЗНАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ
Изработил : Ментор :
Марковиќ Дијана Проф.д-р Злате Димовски
Бр.на индекс 304/10
СОДРЖИНА
Вовед
Улогата на криминалистичкото разузнавање во борба против тероризмот
2.1 Дефинирање на криминалистичкото разузнавање
2.2 Дефинирање на тероризмот
2.3 Криминалистичко разузнавање во борба против тероризмот
2.4 Функции на разузнавањето во борба против тероризмот
2.5 Разузнавачки функции на специјалните оддели за разузнавање во структурите на полицијата
3.Заклучок
Користена литература
1.Вовед
Борбата против тероризмот е мошне комплексна , долготрајна , со брзи пресврти , непредвидлива и често пати со променлив успех . Борбата против тероризмот секогаш неминовно започнува со разузнавачките активности на разузнавачките служби ( воени или цивилни ) кои треба да ги откријат намерите на терористичките организации уште во фаза на нивното планирање , односно пред извршување на терористичкиот напад , бидејќи улогата на разузнавачките служби првенствено ќе биде превенција , попречување и реагирање на терористичките напади.
Криминалистичкото разузнавање има конкретно дефинирани цели против тероризмот а тие се со единствена цел за нивно апсење и судско гонење на терористите.
Значи солидното разузнавање претставува најдобро оружје против тероризмот на сите нивоа, првенствено во борбата против глобалниот тероризам.
Способноста на државите да се справат во борбата со тероризмот заввиси од севкупната разузнавачко – безбедносна заедница на државата.
2.Улогата на криминалистичкото разузнавање во борба против тероризмот
2.1 Дефинирање на криминалистичко разузнавање
Разузнавањето постои откако постои и човекот. Разузнавачката дејност денес претставува примарна потреба за посредување на потребниот степен на информираност , знаење , следење на одредени настани појави и текови , осознавање на плановите и активностите на потенцијалниот конкуент ( противник ) па дури и потреба за дејствување во правец на создавање на услови за развој на сопствениот потенцијал. Разузнавачките служби денес се занимаваат со ,,предвидување на иднината,, од посебен интерес за националната безбедност. Тие претставуваат очи и уши на современите држави и нивното потценување неизбежно ги прави државите слепи и глуви доведувајќи го во прашање нивниот опстанок . Секогаш најсилни се оние држави што имаат навремени и најквалитетни информации.
Сопред професорот Котовчевски ,, Разузнавачката служба претставува значајна државна специјална организација која врши собирање , анализа и процена на разузнавачките податоци и информации за другите држави , за нивнит воени и економски потенцијали , за политичката состојба , за следење на намерите на другите држави , за научните откритија ја посредување помеѓу државите ( и тајната дипломатија ) и другите податоци од витален интерес за успешно функционирање на државата.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET