Kompjuterski kriminal (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kompjuterski kriminal (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ЗАВРШНА СЕМИНАРСКА РАБОТА
КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ
ПРЕДМЕТ: ИНФОРМАТИКА
ФАКУЛТЕТ: ДЕТЕКТИВИ И БЕЗБЕДНОСТ
Предметен наставник:
Проф. Симе Арсеновски
Изработила
Моника Стефанова
Содржина:
Вовед 3
Компјутерски криминалитет 5
Заклучок 13
Користена литература 15
Вовед
Во современото постиндустриско, информатичко општество, повеќето економски активности, особено преку компјутеризацијата на производните процеси, различните трансакции, како што е електронското тргување, но и социјални комуникации се остваруваат со помош на компјутерите, компјутерските системи и мрежи. Низа социјални и државни функции- од банкарството и од финансиите до безбедноста и одбраната, стануваат зависни од ефикасноста и од сигурноста на таквите системи и мрежи. Компјутерите и компјутерските мрежи се насушна потреба на современиот стил на живот, општеството е нивен "зависник", но истовремено нивното користење создава можност за различни злоупотреби во криминални цели.
Ранливоста на информатичките системи е нивна инхерентна, конституционална мана, поврзана со брзиот развиток на информатичката технологија: заштитата и сигурноста на системите е резултат на технолошките иновации, но истиот тој технолошки развиток исфрла и нови начини на нивна повреда. Оттука и сознанието дека не постои во технолошка смисла апсолутно заштитен, сигурен и ефикасен систем, особено ако тој со користењето на телекомуникациските средства е достапен за поголем број корисници. Основниот проблем во заштитата на компјутерските системи се состои токму во можноста за пристап не само на субјектите помеѓу кои се воспоставени (системот на една банка ги опфаќа и сите физички и правни лица, клиенти на банката, системот на безбедност- сите полициски и други безбедносни структури, или пак, според определен внатрешен режим на користење, само определени од нив итн.). Но, и таквите "затворени" системи се од технолошки и комуникациски аспект пробојни и отворени за секого што може да го провали системот на заштита (кодовите на корисниците).
Компјутерските системи и мрежи може да се злоупотребат за различни криминални цели. Најатрактивно е, се разбира, остварувањето на криминални профити. Електронското тргување, користењето на електронскиот потпис, употребата на електронските платежни картички- се некои од економските трансакции што веќе денеска се објект на речиси масовна злоупотреба (неколку случаи на злоупотреба на платежни картички се откриени во 2004 година и во нашата држава). Не помалку атрактивни се можните злоупотреби со кои се елиминира конкуренцијата (на пример со упад во компјутерскиот систем на конкурентската компанија и предизвикување проблеми во производството, во сметководството итн.). Различните форми на "инсајдерство", односно прибавување и искористување на доверливи информации за работењето и за состојбите на компанијата заради купување или за продажба на нејзините акции и остварување со тоа на енормни профити, се состојат во упаѓање во компјутерски бази на податоци. Но, не е исклучена и злоупотребата на персонални податоци (уцени, изнуди). Можностите за злоупотребата на компјутерските системи се, според тоа, практично безгранични. Така, на пример, не е исклучено и извршувањето на убиство, ако во некој ургентен случај со упад во лабораториските компјутерски податоци за здравствената состојба на некое лице бидат внесени погрешни податоци врз основа на кои може да биде определена фатална дијагноза и терапија.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET