Evropol (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Evropol (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


1.ВОВЕД
Европол (кратенка за Европска полициска агенција) е агенција за криминалистичко разузнавање на Европската унија. Официјално, како ден на основање се смета 1 јули 1999 година.
Основањето на Европол било договорено во 1992 година со  договорот од Мастрихт, официјално познат како договорот на Европската унија (ДЕУ), кој стапил во сила во ноември 1993 година. Агенцијата започнала ограничени операции на 3 јануари 1994 година, како одделение за дрога на Европол. Во 1998 година Конвенцијата за Европол била ратификувана од сите земји-членки и стапила во сила во октомври. Европол започнал со своите активности на 1 јули 1999 година.
Европол ги распределува своите ресурси (625 вработени, од овие, околу 120 офицери за врска на Европол ) од своето седиште во Хаг. Големината на Европол е во согласност со фактот дека се во постојана врска со стотици различни организации за безбедност, од кои секоја има поединци или групи, здружени за помагање во активностите на Европол.
Заклучно со 2007 година, Европол ги опфаќа сите 27 земји - членки на Европската унија. Со цел ефикасно да се бори против меѓународниот организиран криминал, Европол соработува со голем број партнери (земји или институции),како што се: САД, Албанија, Австралија, Босна и Херцеговина, Канада, ЦЕПОЛ (Европскиот полициски факултет), Колумбија, Хрватска, Европската централна банка, Европската комисија, Европскиот мониторинг центар за дрога и зависности од дрога, Република Македонија, Исланд, Интерпол, Молдавија, Турција, канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал итн.
Европол е реформирана како полноправна агенција на ЕУ на 1 јануари 2010 година. Со тоа Европол доби зголемување на овластувањата, да собира информации за криминалот, а Европскиот парламент доби повеќе контрола врз активностите и буџетот на Европол.
2.ИСТОРИЈА
Европол има потекло од ТРЕВИ, форум за внатрешна соработка за безбедност меѓу министерствата за внатрешни работи и за правда на ЕЕЗ / ЕЗ, создаден во 1975 година и активен се до стапувањето на сила на Договорот од Мастрихт во 1993 година.
Со федералната организацијата на полицијата, Германија веќе подолго време била во служба на наднационалната полициска организација на ниво на ЕК. На состанокот на Европскиот совет во Луксембург во јуни 1991 година, таа предложила создавање на Европска полициска служба. Пред крајот на меѓувладината конференција во декември истата година, земјите - членки се обврзале на создавање на Европол преку член К.1 (9) од Договорот од Мастрихт. На Европол му била дадена скромна улога на создавање “широк систем за размена на информации во Унијата“ меѓу полициските сили на ЕУ.
Одложувањаето на ратификувањето на Договорот од Мастрихт доведило да министрите на ТРЕВИ се согласат за “министерска спогодба за Одделението за дрога на Европол“ во јуни 1993 година. Овој меѓувладин договор, надвор од законите на ЕУ, довел до формирање на мал тим на чело со Јирген Сторбег, висок германски полициски службеник кој првично управувал од некои привремени кабинети во едно предградие на Стразбур (ги делел со персоналот на Шенген системот за информации), додека да се направат повеќе постојани договори.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET