Evolucija na terorizmot (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Evolucija na terorizmot (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Еволуција на тероризмот
Со цел посеопфатно и попрецизно да се разбере суштината на тероризмот и неговата денешна употреба, неминовно е да се направи пресек на неговата еволуција. Низ историјата луѓето честопати користеле односно применувале различни терористички тактики. Феноменот на тероризмот, практично може да се следи од почетокот на историјата. Тероризмот како традиционална тактика на послабиот - послабите, го следи развојот на човековата цивилизација најпрво во форма на атентати, киднапирања и земање заложници.
Појавата на современиот тероризам е карактеристична за време на нараснувањето на немирите во периодот од 1950 до 1970 година, кога насилството стана доминантна форма и мошне популарна стратегија за постигнување определени планирани цели. Ефектите од овие активности биле насочени во правец на подигање на политичката и на социјалната свест и можност за доаѓање до политички израз на одредени социјални групи или организации во општеството. Тероризмот во овој период се користи за постигнување политички цели, растење на политичкиот рејтинг, за напад на непријатели или како евтино и ефективно средство на надворешната политика.
Денес тероризмот претставува претпочитана тактика на радикалните фундаменталистички групи, посветени на целта за ууништување на своите верски и политички противници. Определени организации или групи кои се насочени против мировниот процес на Блискиот Исток, на Балканот продолжуваат да користат терористички тактики, во обид да ја дестабилизираат деликатната рамнотежа на мирот односно во голема мера употребуваат насилство за да ги минираат актуелните мировни процеси во најневралгичните региони во светот.
Денес во современата меѓународна заедница почнуваат да егзистираат нови уште поопасни форми на тероризам со можност да предизвикаат и масовни последици со што светот полека станува заложник. Тоа ја зголемува потребата од секојдневно, научно и стручно следење на овој комплексен и опасен феномен, но и континуирано дефинирање на поимот тероризам со една единствена цел - водење успешна борба против тероризмот.
Дефинирање на тероризмот
Пред да го дефинираме поимот тероризам, неопходно е да го поставиме прашањето - Зошто е воопшто потребно да се обидуваме да го дефинираме тероризмот? - Потребата за дефинирање на тероризмот произлегува од фактот дека е неопходно да се дефинира соодветното однесување што не е прифатливо и што се смета за противзаконско од страна на системот на криминалистичкото, односно кривичното право на секоја држава.
Тероризмот неминовно доаѓа во судир со правниот поредок на секоја држава како мошне опасен извор на загрозување на нејзината национална безбедност. За поцелосно и поусогласено дефинирање на тероризмот се наметнува потребата за воспоставување определен меѓународен договор, со цел нациите да можат да градат, да развиваат и да спроведуваат кохезивни и ефикасни контратерористички начела кои ќе поддржуваат билатерални и мултилатерални цели. Основната цел на овој план е преку прецизно дефинирање на тероризмот да се создадат и да се воспостават основи, врз што ќе се прави разлика помеѓу насилни акти и неприфатливи криминални активности. Овој приод во голема мера ќе допринесе за елиминирање на двосмисленоста помеѓу политичкиот криминал и обичниот криминал. Тероризмот во суштина претставува криминална повреда на речиси секој национален или меѓународен правен кодекс.
Иако голем број теоретичари не се согласуваат со пределени ситни детали на вака опишаниот начин на тероризам, сите се согласуваат со фактот дека терористичките акти го прават терористот да биде криминалец. Единствена заедничка точка при дефинирањето на тероризмот пртставува фактот што жртвите на терористичките акти се или убиени или повредени или пак врз нив се спроведуваат определени закани кои се првенствено противзаконски.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET