Сказната и феноменот на иницијацијата (иницијациското сценарио во македонските народни сказни)
Машката херојска иницијација
„Во бајките се кријат подлабоки значења што ги учев
во детството, отколку во вистините на кои ме научи животот.“
Шилер
A |
ко веруваме дека не живееме само од момент до момент, туку дека сме навистина свесни за своето постоење, тогаш нашата најголема потреба и наше најтешко постигнување е пронаоѓањето на смислата на нашиот живот. А тоа не ништо друго туку постигнување на психолошка зрелост што е резултат на еден долг развој. Психолошката зрелост е мудрост која се гради постепено тргнувајќи од најирационалните почетоци, што е спротивно на старите митови каде таа мудрост, целосно развиена и олицетворена во божицата Атена, излегува од зевсовата глава.
Како и возрасните така и децата во своето постоење трагаат по смислата на животот. За да ја пронајдат неа и успешно да се внурнат во светот на возрасните им се потребни голем број на искуства кои се стекнуваат во процесот на растењето. Додека детето се развива, чекор по чекор, тоа почнува да се разбира себеси, а со тоа почнува да ги разбира и дугите во своето непосредно опкружување. Од особена важност е на детето да му се овозможи полесно да го надмине тој, особено тежок, процес на спознавање на самиот себеси. Затоа е потребно на детето да му се понудат информации во симболичен вид, кои ќе му навестат како може да се справи со своите проблеми и како безбедно да ја достигне зрелоста. Тие информации во симболичен вид најмногу ги има во бајките. Тие му пренесуваат многу важен податок на детето, дека борбата со животот е неодминлива и тешка и ако човекот сака може да ги совлада сите пречки на тој пат и на крајот да излезе како победник.[1] За да си го олеснат патот до созревањето децата најчесто се идентификуваат со ликовите од сказните. Тие ликови во сказните не се амбивалентни (немаат двојна вредност), така во еден лик е невозможно да има и добри и лоши особини. Тие се или добри или лоши, а тоа е така зашто во душата на детето доминира ваква поларизација. Оттука саказната претставува единствена уметничка форма која на интересен начин го информира детето за тоа што се случува со него во развојот на неговата личност.
Оттука со право може да се рече дека „животниот тек претставува непрекинато остварување на самиот себеси. Дури во „смртта“ стануваме „готови“ – довршени. Но не на тој начин што достигнатата форма останува здржана. Довршената форма се разбива.“[2] Со умирањето човекот ја заклучува својата животна историја, го затвора долгиот и макотрпен пат на самообликување. Со тоа завршува нашата потрага по себепронаоѓањето, се укинува нашето постоење кое од друга страна овозможува ново создавање, раѓање на нешто новo. Едно вакво себеспознавање има важна улога во сите обреди на премин за кои иницијацијата се зема како парадигма, при што неопходно се потврдува фактот од потребата за смрт, која пак ќе произведе ново раѓање, нов здобиен квалитет. Тоа е еден меѓупростор во кој човекот талка за да се здобие со тој нов квалитет кој ќе му овозможи да биде примен во новиот социум. Со право Лафазановска иницијата (низа од искушенија кои треба да се поминат за да се премине во нов поквалитетен стадиум) ќе ја нарече „талкање меѓу двата најголеми бола: смртта и раѓањето, кои иницијантот мора да ги надмине.“[3] Таа претставува промена на онтолошкиот статус на неофитот која треба да ја помине преку симболите на смртта, односно умирањето. Затоа за неа се верува дека претставува симболично повторно раѓање. Тука се наметнува прашањето што треба да направи неофитот за да се препороди. Самиот процес на иницијацијата подразбира цела низа на обредни искушенија, кои претсатавуваат симболи на смртта и раѓањето, кои неофитот треба да ги помине. Смртта во иницијацискиот процес секогаш се доживува преку тешки и макотрпни искушенија. За да се препородиме првин мора да ја доживееме смртта, која нуди воскреснување, но само преку долготрајни измачувања. Целиот процес на иницијацијата е обвиткан со оваа амбивалентна симболика според која само со помшта на измачувањето и издржувањето може да се стигне до повторното раѓање.
Етнолозите традиционално разликуваат најмалку три вида иницијација: „племенска“ на која се подложени најчесто момчињата, нешто поретко девојчињата, и која значи момент на постигнување на зрелост; религиозна иницијација карактеристична за свештениците, врачевите, шаманите итн. и иницијација која означува прием во тајните заедници. Историчарите на уметноста, етнолозите и психоаналитичарите укажуваат на потребата дека треба да се направи јасна дистинкција меѓу машката и женската иницијација од една страна, и помеѓу пубертетската иницијација и онаа со која се пристапува во машките братства и тајните женски заедници од друга страна. Во првата иницијантот е обврзан „задолжително“ да се соочи со процесот на иницијација во даден момент од животот, додека во тајните братства и заедници таа претставува еден вид „ексклузивитет“ на определена група иницијанти. Покрај наведените основни видови, треба да ги споменеме и војничката и херојската иницијација (в. Eliade,1959; 1987 – ER). Според Лафазановска сите наведени видови на иницијација имаат една иста заедничка специфика: во сите нив разликуваме симболичка смрт иле повторно раѓање во следнава смисла: „сите иницијации претставуваат смрт на едно претходно пониско ниво на егзистенција и раѓање во нов, повисок облик.“[4]
Како најзастапени видови на иницијација во македонското народно творештво Лафазановска ги издвојува: пубертетската, херојската и свадбената иницијација. Пубертетската иницијација Елијаде ја означува како премин на адолесцентот од инфантилниот свет во светот на возрасните, и која е задолжителна за сите членови од една заедница. Неофитот ги усвојува начинот на однесување на возрасните и разни техники, а притоа да го прифати и сексуалното откритие. Со тоа неофитот надминувајќи го природниот начин и прифаќајќи го културниот се воведува во спиритуалните вредности. Во најчест број на случаи пубертетската иницијација подразбира „симболично умирање и повторно раѓање“.
Според Проп обредот на созревање на херојот во периодот на неговото полово созревање е дефинирано како пубертетска иницијација. Истата подразбира определен број искушенија, кои се помалку или повеќе драматични, кои неофитот мора да ги помине:
- сепарација од мајката или домот;
- изолација во шума по раководство на некој иницијациски учител;
- забрана на јадење на разновидни растенија и месо, обрезување, вадење заб;
- откривањето на волшебните предмети;
- голтање од животни (змејови), куќи во форма на животни, симнување во подземен свет преку бунар или водена површина кои симболички се однесуваат на процесот на иницијациска смрт која доведува до повторно раѓање;
- на крајот херојот е награден со повторна реагрегација во социумот или се здобива со убавица или богатство.
Неоспорен е фактот на поврзаноста на митот со иницијацијата, зашто митот пред с¢ се обраќа на човековата индивидуална свест заради прилагодување во средината, а оттаму иницијацијата не може поинаку да се сфати, но како определен моментум понуден и даден за ново прилагодување во средината. Во овој случај ја имаме пубертетската и свадбената иницијација. А, кога со помош на иницијацијата доаѓа до преобразба на психичката енергија на поединецот во корист на заедницата станува збор за шаманска, врачарска иницијација. Аналогно на ова пубертетската иницијација не е ништо друго, туку припојување на иницијантот кон заедницата, а херојската иницијација е издигнување на иницијантот над заедницата. Пишувајќи за релацијата мит – иницијација потребно е да се укаже на општо прифатениот став дека сите сижеа во волшебните приказни што зборуваат за доживувањето на херојот, како и херојските подвизи на јунакот од епските песни не се ништо друго туку иницијациска скица или сценарио. Според Левинтон особено важен сегмент од митовите и волшебните приказни е оној дел од сижето кога јунакот доживува искушение преку кое јунакот влегува во просторот на мртвите. Тоа всушност ни ја кажува ритуалната схема на иницијацијата. Па оттука би се согласила со ставот на Мелетински дека иницијацијата (контактот на јунакот со натприродни сили) го потпомагаат процесот на историско разврстување на митовите до моментот кога тие ќе се трансформираат во волшебна приказна или јуначки еп. Во митологијата херојот ги претставува силите на космосот кои се во постојан борба со силите на хаосот кои се претставени натприродни чудовишта или други демонски суштества. Во моментот на трансформација на митот во волшебна приказна митскиот херој добива лице на принц, рицар, помалиот син, ќелеш, пепелашко, глупчо и сл. кој успева да ги победи демонските сили претставени во вид на чудовиште. Тука би сакала да укажам на она што Проп особено добро го забележал дека волшебната приказна, а и народната книжевност воопшто, многу добро ги зачувала елементите, трагите или сеќавањата на првобитните обреди и митови за иницијацијата. Со тоа што треба да сметаме на нивното преосмислување поради големиот изминат временски период од развиток на човечката култура и цивилизација која е длабоко втакена во народната книжевност.
Поаѓајќи од погоре изнесените ставови во понатамошниот дел од текстот ќе се обидам овие обредно-ритуални процеси да ги воочам и пронајдам во македонски народни приказни: „Двете деца, брат и сестра, што и мачеше маштеата и татко му и однесе в планина“ (приказна бр. 76).
Во првата приказна уште на самиот почеток со загубата на мајката децата на некој начин се одвоени, сепарирани. Но, поради измачувањата од страна на маќеата, такото е принуден своите две деца да ги втурне во светот на возрасните. Тие имаат шест и четири години, што е недоволно за да можат да влезат во светот на возрасните. Затоа „шумата“ во која ги носи нивниот татко, за да ги спаси од лошата маќеа, се јавува како супститут за нивниот дом. Тоа е просторот во кој ќе ги поминат останатите години с¢ до оној момент кога братчето ќе биде поготвено да тргне во авантури, односно да го започне процесот на иницијација:
„Многу годиње живееле во таа планина, дури имаше ѕверки да тепа момчето (од дете веќе момче стана) и да јади и најпосле тргнале по друга поголема планина да бараат лов и тамо да живеат.“
(М. Цепенков, кн.3, 1972,17)
Всушност тоа е подготвителен период пред почетокот на иницијацијата кога братот и сетрата се изолирани само со леб и вода како храна, гладни и жедни, препуштени на грижа на Господ, кој во овој случај е симбол на иницијациски учител на братот. Тој му ја дава волшебната стрела со која ќе може, во прво време да обезбедува храна, а понатака и да одговара на потешките иницијациски искушенија:
„- На, чедо, оваа стрела – му рекол Госпо – да си ја имаш и на она што ќе врлиш с¢ да удриш, зајаци да си тепаш и да си јадите дури да порастете. Ете ви ја погачата да си јадите и да си живејте. Ај, седете ми сега со здравје! Ела , бакнете на дедо рака сега, оти ќе си ојт дедо.“
(М. Цепенков, кн.3, 1972,17)
Според Мелетински искушението е составено од претходно, прелиминарно искушение и вистинско искушение. Нашиот херој од приказнава во прелиминарното искушение се здобива со волшебен предмет кој треба да му од корист во вистинското искушение. Во оваа прелиминарна проверка не се јавуваат тешки искушенија, туку еден вид на проверка на елементарни знаења и однесување, како што се добрината, скромноста итн. Тие прелиминарни искушенија се кога братот треба да најде леб и вода и кога подоцна сака да ги убие зајакот, лисицата, волкот и мечката, но ги поштедува со што ја докажува својата добрина и скромност, и тие стануваат замена за волшебни предмети кои ќе се надополнуваат со стрелата за да може полесно да ја помине иницијацијата. Поминувајќи ги прелиминарните искушенија тие ја напуштаат шумата и се упатуваат во поголема шума подготвени да се соочат со вистинското искушение. Сарајот, којшто го пронаоѓаат во шумата кој е на змејот со четириесет глави, всушност ја претставува привремената смрт на јунакот. Откако четирите ѕверки ќе пораснат јунакот се чувствува подготвен за предизвикот што го очекува:
„Си и рани четирите ѕверки, и се сторија коџамити штенци, та кај што одеше момчето, тамо одеа и тие, страшна арка му беа, ич око не му трепнуаше коа да шеташе по таа пуста пустелија; сам тој и напре не се боеше дека имаше стрлеа благосоена од Бога, арно ама и со четирите ѕверои пак му беше друг гајрет.“
(М. Цепенков, кн.3, 1972,19)
Кога јунакот е подготвен за вистинско искушение во приказната се воведува змејот кој е грабнувач на царевата ќерка, која е затворена во сарајот каде живеат братот и сестрата. Во тој магиски простор кој е претставен со шумата, а е привремена смрт пред новото раѓање, јунакот трипати ќе се соочи со демонските сили кои се претставени со царевата војска. Интересен е моментот што неофитот вистински не поминува во понизок животински стадиум, туку војниците мислат дека тоа е змејот кој ја грабнал царевата ќерка и се престорил во момче за да ги измами, што на индиректен начин укажува на промена на сатдиумот. Тој двапати се бори со војската со помош на волшебната стрела и ѕверовите и успева да ги совлада. Пред доаѓањето на војската, на чело со царевиот син, момчето ќе го пронајде змејот и ќе му ги отепа 39 те глави, ќе остави само една за да дознае каде е скриена царевата ќерка. Откако ќе ја ослободи го убива змејот и тој успешно ја завршува иницијацијата со што успешно се интегрира во заедницата, а како награда ја добива раката на царевата ќерка и сатнува царски зет.
Во втората приказна, со наслов „Маштеа што најде кај мажа е две деца“( приказна бр.55), е еден вид варијанта на првата приказна со мали разлики во текот на настаните. Тука децата сами му кажуваат на таткото дека маќеата ги тепа и мачи и тој им верува на нивните изјави. Но маќеата не останува должна и успева до го сврти таткото против нив. Не можејќи да ги поднесат измачувањата тие тргнуваат во непознат правец, со што е исполнет првиот услов од иницијацијата – сепарација, и притоа со себе земаат три предмети:
„Мислеа, шестаа сироти деца: други не бидуа, си рекле, ами бегање и перело. Си зедоа чешелот од мајка си, и огледалото и наплитците од плетенките, и едно рано утро беа избегале од дома.“
(М. Цепенков, кн.2, 1972, 178)
Таткото со нож во рака, кој во овој случај е супститут за змејот, тргнува по децата. Всушност тоа е прелиминарното искушение кое децата го поминуваат. Во тој магичен простор на преобразбата децата со помош на трите волшебни предмети кои се од нивната мајка, која е еден вид инициајациски учител, успеваат да го спречат таткото-змеј да ги убие. Со фрлањето на чешелот се појавиле трња кои таткото ги поминал. Со фрлањето на огледалото се појавило езерото кое таткото го препливал, а со фрлањето на наплитците од плетенките се појавиле змии и смокови кои таткото не успеал да ги помине и тие се спасуваат. Јунакот од оваа приказна со пиењето на вода се трансформира од повисок човечки облик се трансформира во понизок животински облик – еленче. Оваа фаза ја означува привремената смрт на јунакот по која треба да следи повторно раѓање. Но во оваа приказна иницијациската постапка е делумно успешна, зашто јунакот не се трансформира повторно во повисок човечки облик, тоа е така можеби зашто не успева да обезбеди храна за својата сестричка и неговата награда е ускратена. Меѓутоа, иако јунакот не успева да се врати во човечки облик, со природната смрт на еленчето, кое живее со својата сестра која е царска снаа, неговите рогови се трансформираат во две јаболкници кои лекуваат болни луѓе, што на индиректен начин укажува на повторно интегрирање на јунакот во социумот, но овојпат издигнат над задницата и ставен во служба на неа:
„Се испростија со сестра си и една вечер беше си умрело еленчето. Сестра му беше си достојала на зборот, та беше го закопала в градина и беше никнале две јаболкници, како што рекло еленчето кога било живо.“
(М. Цепенков, кн.2, 1972, 183)
Богатата ризница на нашето народно творештво дозволува бескрајно да пловиме низ неговите води, да пронаоѓаме, откриваме, осознаваме и толкуваме. Овој мал и скромен текст е само капка во тие бескрајни води кои допрва треба да се откриваат и осознаваат.
Користена литература:
1. Мелетински Елеазар, „Поетика мита“, Нолит , Белград, 1981.
2. Бетелхајм Бруно, „Значење на бајките“, 1979.
3. Проп Владимир, „Морфологија на бајките“, Просвета, Белград, 1982.
4. Лафазановска-Стојановиќ Лидија, „Homo initiatus“, Матица македонска, Скопје, 2001.
5. Лафазановска-Стојановиќ Лидија, „Танатолошкиот правзор на животот“, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 1996.
6. Цепенков Марко, „Македонски народни умотворби“ (кн.2 и 3), Македонска книга, Скопје, 1972.
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] Betelhajm Bruno, Znacenje bajki, Belgrad, 1979, str.22
[2] Лафазановска – Стојановиќ, Лидија, Танатолошкиот правзор на животот, Институт за фолклор„Марко Цепенков“, Скопје, 1996, стр.59.
[3] Лафазановска-Стојановиќ, Лидија, Homo initiatus, Матица македонска, Скопје, 2001, стр.18.
[4] Исто, стр. 25.
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!