Предмет: КРИМИНОЛОГИЈА

Тема: ,, ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

www.MaturskiRadovi.NET

 

 

АПСТРАКТ

 

Целта како и предметот на овој труд е да се дефинира и објасни терминот организиран криминал. Притоа, по самото дефинирање на овој поим, за негово подобро разбирање би се осврнале и на неговите карактеристики кои го разликуваат од другите видови на криминал кој постои кај нас и во светот.

Понатаму, ќе се обидам да ги набројам и одредените видови на организиран криминал кои се опфатени како во домашното така и во меѓународното законодавство, за на крај да можам да ги наведам и мерките кои се превземаат на ова ниво за сузбивање на организираниот криминал.

 

 

 

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: организиран криминал, домашно законодавство, перење  пари, корупција, тероризам, сузбивање, мерки за спречување

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОДРЖИНА

 

ВОВЕД .................................................................................................................................... 4

 

1.      Поимот организиран криминал и карактеристики .................................... 6

 

2.       Историја на организираниот криминал ..................................................... 14

2.1.             Разлика помеѓу организираниот криминал и тероризмот ................ 16

2.2.             Видови на организиран криминал ............................................................ 20

2.3.             Соработка на полето на сузбивање на организираниот криминал .. 27

ЗАКЛУЧОК ......................................................................................................................... 30

SUMMARY  .......................................................................................................................... 33

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ВОВЕД

 

Поимот криминал е латински збор што значи злосторство. Активностите проследени со криминалитет се дејства што се забранети со закон. Тоа се дејства што го загрозуваат имотот, интегритетот на личноста и вредностите во општествената заедница. Тоа се дејствија чие ширење може да го загрози функционирањето на општеството. Криминални дејствија се: имотни деликти, собраќајни прекршоци, крвни деликти, морални престапи, економски прекршоци, политички престапи.Кривичните дела не се разликуваат само според нивниот вид, туку и според мотивот, Во тој контекст се разликуваат убиство од користољубие, убиство на дете при породување , политичко убиство и др.Денес е многу тешко државите да воспостават контрола над криминалот. Одредени држави преземаат засилување на мерките за намалување на овој ризик. Една од мерките е и зголемувањето на државните институции, меѓутоа разликата е во тоа што  тие дејствуваат врз последиците, но не врз созбивањето на причините.Речиси во сите оптества постојат сигурни зони односно места каде што луѓето се чувствуваат сигурно поради контролата која таму владее.

Етикетата „криминал“која што ја нормално придружува, го ограничуваат опсегот на оние активности кои што им штетат и на општата популација и на државата, вклучувајќи некои коишто предизвикуваат сериозна загуба или штета за поединци. Со етикетата се намерава јасно да се признае хегемонијата на една доминантна популација, или да се отслика согласноста во осудувањето идентификувано однесување и да се оправда казната наложена од државата, во случај на обвинетото лице да му е судено и потоа досудено за одреден криминал. Вообичаено, сторителот на криминал е физичко лице, но во некои надлежности и во некои морални средини, правните лица (види правно лице) исто така се сметаат за способни да вршат криминални дела.Една нормативна дефиниција го смета криминалот за девијантно однесување кое ги крши постоечките норми (види правна норма) – културните стандарди кои пропишуваат како нормално треба да се однесуваат луѓето. Овој пристап смета дека сложената реалност којашто го опкружува концептот за криминалното дело и бара да се сфати како променливите општествени, политички, психолошки и економски услови може да влијаат врз тековните дефиниции за криминалното дело и врз формата на правните одговори, одговорите на спроведувањето закон и казнените одговори од страна на општеството.Оваа структурална реалност продолжува да се менува често предизвикувајќи несогласувања. На пример, како што културите и политичката околина се менуваат, општествата може да ги смета за незаконски или не, одредени однесувања, коишто директно влијаат врз статистичките криминални стапки, го утврдуваат распределувањето на средствата за спроведувањето вакви закони, како и влијанието врз општото јавно мислење.

Тргнувајќи од дефиницијата дека организираниот криминал претставува посебен облик на професионален криминал, кој се развил нарочно во развиените земји во 20-тиот век, и кој е се по присатен во земјите на транзицијата кои немале или истиот не го чувствувале со таков интензитет како последните години ( крајот на деведесетите), сега се забележува неговото присаство во сите свери на општественото живеење и претставува опасна и реална закана за понатамошниот развој на демократските односи бидејќи прети да ги зафати сите свери на младото демократско општество и да раководи со него како и со неговиот развој.

Организираниот криминал е релативно нов феномен во Република Македонија. Порастот на транснационални криминални организации на глобално ниво, безбедносните проблеми во регионот, проследени со ембарга, напоредно со внатрешните транзициони проблеми, беа факторите кои сериозно влијаеа врз појавата на организираниот криминал. Истовремено, поради својата географска положба, Република Македонија е подложна на прекуграничен криминал. Податоците укажуваат на зголемување на ефикасноста на надлежните органи, особено во поглед на илегалната трговија со луѓе, илегалната трговија со дрога и корупцијата. Меѓутоа, во практиката, отсуството на квалитетни доказни средства продуцира долготрајни постапки, со што се нарушува и авторитетот на институциите и се добива впечаток на неефикасност на судовите. Оттамуи, покрај создавањето на соодветна законодавна и институционална рамка, суштествено е јакнењето на капацитетите на сите инволвирани институции во оваа сфера и алокацијата на соодветни ресурси

Токму тоа е и целта на овој труд, односно да се претстави организираниот криминал.

 

 

 

1.      Поимот организиран криминал и карактеристики

 

Во определувањето на поимот на организираниот криминалитет во социолошката литература егзистираат два пристапи[1]. Според првиот, поширок пристап, овде станува збор за дејност на криминалните организации. Според вториот потесен пристап за постоењето на овој криминалитет не е доволно само постоењето на криминална организација (организациона димензија), туку и низа други услови кко што се: да се рабооти за организирана дејност од стопански вид (криминална корпорација); да постои употреба на насилство за зачувување на позицијата на приоритет или монопол, поради ширење на профитот, но иза финансирање на убиства со цел за спречување на примената на правото или донесување на политички одлуки кои ги загрозуваат и корупција на полициската, судската и политичко-извршната власт. Заклучокот што се извлекува е дека организираниот криминал се разликува од традиционалните форми на групниот криминалитет, како што се бандите и криминалните здруженија според постоењето на повеќе од три од наброените обележја. Организираниот криминалитет не познава никакви граници.

Криминалните организации од овој вид настојуваат да се вградат во постојаниот  систем и институциите што веќе остваруваат некаква по правило стопанска дејност. Овие организации остваруваат разни форми на влијание за да ги имаат во свои раце луѓето од државните органи и институциите надлежни за давање на определени дозволи, кои ја водат стопанската политика и решаваат за покрупни стопански зделки. Тоа го прават на тој начин што вградуваат свои луѓе во највисоките органи на власта, со корумпирање на разни функционери. Во современи услови загрозеноста од овој изразито опасен криминалитет е на мошне високо ниво во сите сфери на општествениот живот и речиси нема земја која не е инфицирана од неговите рзновидни појавни  облици. Неговите учесници, служејќи се со сите средства: од оние кои што добиват привид на легалност па се до отворени уцени, закани, подкуп, политички и други врски со особена свирепост, безобѕирност и виолентност, вршат најразлични злосторства кои им нанесуваат огромни и непоправливи штетина конкретните општества и на меѓународната заедница воопшто.

 

 

Поради интернационалниот карактер изразената подвижност и флексибилност во пронаоѓање на нови методи за делување организаторите често остануваат непознати за органите на прогонот, а оние што се познати, тешко е и да се набројат а камоли да се доловат.

Во тие рамки без сомнение се потврдува тезата дека корените на криминалитетот лежат во карактерот на општествено економската структура, во оутѓеноста на човекот, во материјаните и духовните услови на живот и индивидуалната потреба и ориентација потребите и проблемите да се задоволуваат и решаваат со недозволени средства. Непосредните етиолошки фактори сепак треба да се бараат во сферата на брзите социјални промени и промени во економските и политичките односи, како и во интеракциските односи и врски на глобално ниво: миграциите, комуникациите, транспортот, финансиските текови итн. На порастот на организираниот криминал особено му погодуваат и факторите што се во непосредна врска со пазарот и функционирањето на државата. Слабоста во функционирањето на државата, пак во основа произлегува од превласта на политиката над правото, од нефункционирањето на правната држава и непочитувањето на начелото на законитоста. Трансформацијата на општествено-економските односи доведе до социјално рслојување, со зголемена невработеност, влошени и несигурни услови на живот и интенција на определени социјални и политички групи и слоеви за зафаќање на доминантна економска и политичка позиција во новонастанатите општествени околности. Сето тоа нужно се почувствува во забавеното функционирање на државните органи и институции, во непочитување на законитоста, во губење на меѓусебна толеранција и манифестирање на такви активности во кои силен замав остваруваат поткупот, заканите и оние модели што во профитот и збогатувањето гледаат доминатна актуелизација на модерните вредности.

Присуството и постојаниот пораст на организираниот криминал, перењето пари и корупцијата, во нивните опасни форми и меѓународни димензии, денес во светот преставува сериозна закана со дестабилизирачко влијание врз фундаменталните  општествени, економски и политички институции, како и опасност за суверенитетот на државите, а особено на оние во транзиција меѓу кои спаѓа и Р. Македонија.

Организираниот криминал[2] претставува еден од најконтроверзните поими со кои се оперира во општествените науки, поим околу кој се плете тајна мистика уште од неговото појавување. Исто како и за тероризмот, за организираниот криминал денес постојат безброј дефиниции, но никако да се дојде до заедничка општоприфатена дефиниција која би важела за сите држави. Организираниот криминал покрај другите суштински  клучни елементи го карактеризира неговата транснационална природа, односно можноста неговите дејности да ги преминуваат државните граници. Транснационалниот организиран криминал се манифестира преку различни облици на криминално делување, непрекинато трагајќи по поволни услови за своето егзистирање, опстанок, експанзија и уште поголема присатност на глобално планетарно ниво. Исто така, транснационалниот организиран криминал е во вечна потрага по соодветни форми неопходни за неговата заштита, мултиплицирање на неговите привилегии и енормно зголемување на своите профити кои се еквивалентни со заедничките профити на десетте најголеми мултинационални компании во светот, со тенденција на нивно потанатамошно енормно зголемување. Како што потенциравме претходно, организираниот криминал сé повеќе се интернационализира и меѓусебно се поврзува не бирајќи нација, држава, вера, раса, пол итн. Неговата основна цел е да оствари се позначајно влијание во економскиот и политичкиот живот користејќи ја првенствено својата финансиска моќ. Во „послабите држави” неговата интенција е да оствари доминантно влијание во сите сфери на општествениот живот вклучувајќи се легално и илегално во стопанскиот иполитичкиот живот остварувајќи тотална криминализација на овие општества. Во современата казнено правна и криминолошка мисла тешко дека ќе најдеме толку контроверзен поим, како и таква спротиставеност на мислењата околу самото постоење и обемот на организираниот криминал. Со исклучок на неколку држави, како што се САД, Италија, Кина, Јапонија и земјите од Латинска Америка, а од земјите во транзиција, на пример Русија и Бугарија, сосема ретко официјално се признава дека постои организираниот криминал, а уште поретко дека тој има особено загрижувачки размери.[3]

 

 

 

Неаполската политичка декларација и Глобалниот план за акција против организираниот криминал, подоцна усвоени од Генералното собрание на ОН, реафирмирани и во документите на Деветтиот Конгрес на ОН за превенција на криминалот, Каиро 1995 година, се истакнува драматичниот пораст на организираниот криминал и се повикуваат државите да ги следат искуствата на други држави во развивање на соодветното законодавство, практика и меѓународна соработка. Глобалниот план за акција, признавајќи дека не постои легална дефиниција на организираниот криминал, ги истакнува следните негови карактеристики:

-          Организација на група за извршување на казниво дело

-          Хиерархиски односи во групата што му допуштаат на нејзиниот водач да ја контролира

-          Насилство, застрашување и корупција како средство за остварување на профит или контролирање на територии или пазари

-          Перење на нелегално стекната корист и инфлитрирање во легалната економија

-          Способност за експанзија во било која нова активност и надвор од националните граници

-          Кооперација со други организирани транснационални групи.

На следните документи се задржувам поради фактот дека тие заедно со другите меѓународни обврски на државата имаат големо значење, па така планот за обединета меѓународна активност во сузбивањето на организираниот криминал не би можел ни оддалеку да биде ефикасен ако постојат земји кои од различни причини толерираат одредени негови форми.[4]Не постои позитивно правна дефиниција на овој поим, ниту пак, со оглед на неговата опширност и комплексност, поблиско упориште за таквата дефиниција во определен вид или група казниви дела. Остануваат две други рамништа за неговото одредување: теоретско и операционалното.

 

 

 

 

 

 Потребата од развивање на теретски поим на организираниот криминал го наметнува сознанието дека во сферата на криминалот постои нешто што е идентично со другите облици на криминална активност, но е сепак различно од нив, според начинот на извршувањето, заедничкото делување на повеќе извршители, остварувањето на криминалниот резултат, прикривањето на самите криминални активности и слично, и дека тоа нешто застрашува со неговата моќ.

Второто, операционалното ниво на дефиниција е поврзано со претходното и претставува одговор на потребата од конкретни превентивни и репресивни активности насочени кон определени облици на кривични дела.

Во најширока смисла поимот организиран криминал значи заедничко извршување на некое кривично дело од страна на повеќе лица. Клучен елемент е заедничката координирана акција помеѓу повеќе лица.

Во потесна смисла го покрива извршувањето на казнени дела од страна на злосторничка организација (банда, група, друго злосторничко здружение), организирана според определени принципи на внатрешни односи и статусна хиерархија во заедничките криминални активности што ги остваруваат организаторот и најмалку двајца членови на злосторничкото здружение.

Во најтесна смисла, за разлика од претходните заеднички квантитативни елементи, организираниот криминал го дефинираме како заедничко извршување на казниви дела заради остварување на економска или политичка моќ.

Секоја од трите дефиниции има свое значење, како од аспект на научниот интерес  за истражување и следење на така дефинираните појави, така и за нивната законодавна и практична имплементација. Така, посебното издвојување на организираниот криминал во најширока смисла и акцентирањето со тоа на кумулирањето на злосторничката енеергија што при заедничко извршување на казненото дело расте со аритметичка прогресија, претставува основа за посебниот казнено-правен третман на соучесништвото.

Дефиницијата на организираниот криминал во најтесна смисла го комбинира дескриптивниот метод и методот на средство и цел. Така, на пример Шулер-Спрингорум[5] со овој поим ги опфаќа следните дела:

 

 

 

-          Кражба, транспорт и недозволена трговија со моторни возила

-          Уцена и изнуда, посебно ориентирана на ресторани, барови и сл

-          Меѓународна трговија со дроги

-          Создавање лажни фирми или друштва, посебно заради перење на пари

-          Трговија со бело робје со цел за проституција

-          Поткуп и корупција

-          Илегална трговија со оружје.

 

Кајзер[6] го определува овој поим преку неколку индикатори: трајно здружување на повеќе лица во профитно ориентирана заедница, организациона структура, постапување според план и поделба на трудот, поврзување на легалните со илегални работи, флексибилна злосторничка технологија и богат избор на злосторнички насилни, поткупувачки и други методи, свесно искористување на радио-телефонска и друга инфраструктура и интернационалност и подвижност. Посебна карактеристика претставува обидот за вршење на влијание врз политиката, медиумите, јавната управа, правосудството и стопанството. За разлика од традиционалните форми на групен криминалитет, организираниот криминал се карактеризира со постоење на повеќе од три наброени обележја.Инаку, приодот на Гинтер Кајзер е мошне прикладна дефиниција, со оглед на тоа што ваквиот пристап на дефинирање е прегледен за идентификување на разните организациони облици на мафијашкиот тип на организираниот криминал и групниот организиран криминал во разни општества. Меѓутоа, дури и да бидат опфатени сите седум елементи од дефиницијата на Кајзер, таквата дефиниција во никој случај неможе да го опфати трансцеденталниот поим на организираниот криминал и другите нефови типови. Ова особено се однесува на најопасната државно-политичка варијанта на т.н. (М.Л.) институционален (политички) организиран криминал. Ова димензија на организираниот криминал е целосно изоставена не само кај Кајзер, туку и кај сите други референтни автори во светот, како и кај обидите за дефинирање на организираниот криминал од страна на меѓународните организации.[7]

 

Поимот институционален (политички) организиран криминал е сосема нов теоретски поим, којшто иплицира многу конкретни практични консеквенции во борбата против организираниот криминал, со специфични карактеристики за определени земји, како нашата. Од сите овие дефиниции можеме да сублимираме една единствена,[8] а тоа е дека Организираниот криминал претставува извршување на казнииви дела од страна на злосторничко здружение заради остварување на профит или моќ, со употреба на насилство или со користење на посебна положба во општеството, со намалување на ризикот преку вклучување во легалните економски, политички и други активности и со однапред создаден систем на заштита од гонење.

Изложената дефиниција ги содржи следните елементи:

-          Казниви дела: убиство, телесна повреда и друго насилство врз животот и телото, кражба, разбојништво и разбојничка кражба, измама, изнуда и уцена, измама на купувачите, осигурителна измама, измама при добивање на кредити, измама на пазарот со хартии од вредност, делата во врска со стечајот, фалсификување на пари, знаци и хартии од вредност, даночно затајување, перење на пари, криумчарење и недозволена трговија, проституција, трговија со бело робје, дела во врска со дрогата,  трговија со оружје, радиоактивен и друг токсичен материјал, дела против државата, дела на злоупотреба на службените овластувања, корупција и поткуп, дела на толпа, комар, фалсификување на исправи, меѓународен тероризам и други меѓународни дела.

-          Организираност: банда, група или друго злосторничко здружение во чии заеднички координирани активности учествуваат најмалку три лица, од кои едното може да игра улога на организатор или водач.

 

 

 

-          Остварување на профит и моќ: профитот и моќта се во заемна спрега, така што профитот претставува материјална основа на политичката и друга моќ, додека моќта и влијанието во економијата, политиката и другите области станува основна претпоставка за што поголем профит.

-          Средство: насилството претставува последно, но не и исклучено од употреба средство за остварување на целта, тогаш кога користењето на посебната положба на пазарот, во политиката или државата не ги дава очекуваните резултати.

-          Намалување на ризикот: вовлекувањето и поврзувањето на криминалната активност со легалната сфера на бизнисот, финансиите, банкарството, политиката, функциите на државните органи и другите општествени сфери на дејствување зошто е најефикасниот начин за елиминирање на ризикот од откривање и гонење, зашто сеопштата конфузија на дозволеното и забранетото води кон заслепување и блокирање на сензорската моќ на казнената регулатива и правда

-          Систем на заштита: формалниот систем на заштита се состои во помагање и допуштање на криминални активности од страна на државните органи, или во блокирање на органите на казнениот прогон и казнената правда и нивното ставање по пат на корупцијата во функција на заштита или толерирање на криминалните активности поради очекуваната економска или политичка корист, додека неформалниот систем претставува облик на самоорганизирање на криминалното подземје наспорти системот на криминална правда.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2.      Историја на организираниот криминал

 

Пиратите кои ги ограбувале и напаѓале трговските бродови во седумнаесеттиот век и кои превзеле голема и обемна трговска мрежа на украдени добра може да се сметаат за најрани облици на организираниот криминал.[9] Многу од овие активности и денес се поврзуваат со современиот организиран криминал како на пример со проституцијата, комарот, и други форми. Сепак, поголемиот дел од теоретичарите ги лоцираат почетоците на различниот американски стил на организиран криминал во урбаните центри во доцниот деветнаесетти век и раниот дваесетти век. Урбаните услови обезбедиле таков вид на средина во кој организираниот криминал можел да цвета. Раните форми на криминално организирање биле типично врзани со локалните области и поради високо сегрегатниот карактер на градот, тие имале значајни етнички димензии. Ирските околини, на пример довеле до пораст на уличните банки, а во Кинеските, Афро-американските, Италијанските и Еврејските области криминалните организации рефлектирале културни и економски услови на живеење.

Почетоците пак на теоретскиот дискурс за организираниот криминал се од релативно нов датум. Во САД се развива во текот на шеесеттите години од минатиот век, додека во европските држави (Германија) во текот на осумдесеттите години.[10] Некои автори како Мајкл Д. Лајман и Гари В. Потер сметаат дека шпекулациите за вистинската природа на организираниот криминал се развиваат последните 100 години во САД.[11] Во светската литература можат да се најдат стотици дефиниции за организираниот криминал од автори од различни провиненции и различни подрачја. Меѓутоа, појавата на организираниот криминал не датира од толку скоро. Првите организирани криминални групи постоеле уште во средниот век (во 17-ти век бандите ги напаѓале големите градови). Криминални организации со широка акциона распространетост, нивното преминување од локални во национални, па и меѓународни размери, се врзуваат за монополизам и финансиска аристрократија.[12]

 

 

 

Организираниот криминал е многу комплексен феномен кој вклучува широк и разновиден ранг на активности како трговијата со наркотични средства (една од доминантните криминални активности каде постои тесна поврзаност со државните органи, особено со оние кои издаваат дозволи за увоз на стоки, со царинските органи, поврзано со транспортните и шпедитерски организации, како и развиена трговска мрежа за пласирање и растурање на шверцуваните дроги); криумчарење со оружје, активност која носи извонредно голема заработувачка, особено  после распадот на СССР, од каде може да се набави поевтино оружје; проституцујата и илегален пренос на луѓе; перење на пари и незаконски трансфери на пари поврзани со терористички активности. Вообичаено, соработката постои помеѓу терористичките групи (терористички организации или мрежи) и организираниот криминал кој обезбедува претходна финансиска и логистичка поддршка. Организираниот криминал настојува со различни методи да стигне до највисоките органи на власта и до другите значајни субјекти, како би обезбедил што поголеми отстапки, адекватна заштита и опшествен статус за шефовите на криминалните организации. Со своето делување организираниот криминал всушност го овозможува создавањето на современи успешни криминалци кои, на основа на стекнатата слава и моќта постигнуваат одреден опшествен углед кој делува на органите на власта, полицијата, правосудството, медиумите и другите субјекти. Преку целиот период на македонската транзиција, започнувајќи од независноста, па сé до денес, проблемот со организи-раниот криминал константно се доведува во врска со загрозувањето на националната безбедност или директното поткопување на темелите на државноста и државата. Значи, организираниот криминал во Македонија има некои посебни карактеристики и функции, тој си поставува повисоки цели од општопознатите класични криминални дејства. Хронолошки, најпрвин, во средината на 90-те години на минатиот век, како крупен настан во јавноста беше оценета изјавата на еден висок функционер во МВР дека во Македонија постојат елементи на организиран криминал и тоа корупциско-финансиски малверзации во кои се замешани политичари и функционери од власта. Кулминација на проблемот организиран криминал настапува во периодот на конфликтот во 2001, или поточно кажано една до две години пред и една до две години по настаните од 2001 година.

 

 

 

 

Роберт Хислоп, политиколог од Њујорк, во публикацијата „Затишје пред бура“[13], анализирајќи некои аспекти на конфликтот во 2001 вели: „Главна локација на коруп-цијата во Македонија е политичката пар-тија...Партиите се стремат кон тоа да дој-дат на власт не заради грандиозните поли-тички начела, туку заради патронажата и материјалните добивки што доаѓаат со министерските портфолија“.

 

2.1. Разлика помеѓу организираниот криминал и тероризмот

 

Многумина автори кои се занимаваат научно или стручно со тероризмот, овој феномен го сметаат како еден од облиците на организираниот криминал. Со оглед на разликите во стојалиштата меѓу сите овие автори и авторот на овие редови, потребно е најпрво во кратки црти за потребите на овој учебник да го објасниме тероризмот во сите негови криминолошки димензии, за да на крајот од ова поглавје ги спротивставиме аргументите и контра-аргументите во однос на тезата дали тероризмот е еден од облиците на организираниот криминал или не.

 За таа цел, врз основа на рационална конфронтација на аргументираните премиси со употреба на научно- методолошки принципи ќе се обидеме да дојдеме до една научно фундирана конклузија од научно и практично значење со оперативнофункционални импликации и консеквенции. Според професор Љупчо Арнаудовски "тероризмот во современиот свет е политичка пракса и во своето општо и политичко значење претставува примена на непосредно и организирано насилство на поединци и групи, односно држави кои се подготвени и по физички пат, вклучувајќи ги тука и атентатите и убиствата, како и малтретирањата , да ја наметнат својата волја во државата и да применуваат психички террор кај масите предизвикувајќи колективни комплекси на страв, апатија и несигурност"[14]. Овде би ја споменал и дефиницијата на М. Николовски со која тој го определува поимот на "тероризмот".

 

 

 

 

 

Според него тероризмот е "непосредна, организирана и дозирана примена на насилство, на поединци и групи, па дури и држави, кои се спремни и со физички напади (атентати, киднапирања и убиства) да ја наметнат својата волја над државата и општеството и да употребат психолошки терор спрема масите, предизвикувајќи при тоа страв, паника, несигурност кај граѓаните и недоверба во институциите."[15] Притоа, тероризмот преставува криминална активност со употреба на груба сила и разни други методи на насилство од страна на поединци, групи, терористички организации, терористички мрежи или држави заради  предизвикување масовен страв, несигурност и недоверба кај граѓаните кон институциите на системот, со цел за принудување на владите да остварат интереси што произлегуваат од политичко-идеолошки и економски, национал-сепаратистички или верски каузи. Речиси нема ниеден автор кој се занимава со проблематиката на тероризмот, организираниот криминал или со двете појави, а да притоа не утврдил каква и да било врска помеѓу овие два феномени, кои што се повеќе ја загрозуваат безбедноста на човекот, државата и целокупната меѓународна заедница. Ова најверојатно пред се се должи на фактот што и во самата реалност постојат определени допирни точки на поврзаност помеѓу овие два "мега-опасни" видови на криминал. Тезата дека помеѓу тероризмот и организираниот криминал постои одредена поврзаност може да се провери со анализирање на дејствувањето на некои терористички организации или познати организирани криминални групации и здруженија, кои со своето практично дејствување за да ги остварат полесно и побрзо своите утврдени цели често прибегнуваат кон методите и средствата на другиот вид криминал, или пак едноставно доаѓа до нивно поврзување и заедничко дејствување кога интересите се совпаѓаат.

Имајќи предвид дека и за двете појави не постои универзална и сеопфатна дефиниција, која што во целост би дал а објаснување за нивното битие, не треба да предизвикува изненадување постоењето различни мислења и ставови во однос на тоа дали теоризмот е еден од можните облици на организиран криминал; дали тие се два посебни вида на криминал и дали организираниот криминал го поттикнува и овозможува тероризмот?

 

 

 

Сепак, неспорен е фактот дека постојат одреден вид на взаемни врски и корелации помеѓу тероризмот и организираниот криминал односно помеѓу терористичките организации и криминалните организации. Меѓутоа, треба секогаш да се има во предвид дека тие егзистираат и функционираат како посебни, релативно самостојни појави. За тероризмот и организираниот криминал, како два криминални феномени со кои се соочува општеството, својствени се одредени заеднички карактеристики, кои што одредени автори ги наведува да го сфатат тероризмот како еден од облиците на организираниот криминал: Хиерархиска поставеност на организационата структура, јасна поделба на задачите и нивно посветено извршување; Дејствување во области или региони во кои отсуствува целосна или цврста владина контрола; Користат иста технологија на комуницирање; Соработка на терористичките организации со криминални организации заради обезбедување извори на финансирање на тероризмот ; И терористичките организации често се впуштаат во криминални активности кои носат високи профити како и криминалните организации, но исклучиво со цел за финансирање на терористичките потреби и цели;

Разликите меѓу тероризмот и организиранот криминал се гледа во следниве битни елементи:  Тероризмот и организираниот криминал користат различни методи, средства и техники на функционирање и дејствување; Тероризмот користи исклучиво сила и други методи на насилство, со цел за предизвикување што повеќе страв и несигурност кај пошироките народни маси заради остварување на терористичките цели; Целите поради кои што дејствуваа тероризмот се пред се од политичко-идеолошка, национално-сепаратистичка или верска природа, додека основни цели кај организираниот криминал се профитот и моќта;

Од наведените сличности и разлики може да се види дека тероризмот и организираниот криминал се речиси идентични во организациска смисла. Меѓутоа, во методска и телеолошка (целна) смисла, овие два феномена целосно се разликуваат. Тоа ни дава за право да покрај сличноста, поставиме јасна дистинкција меѓу овие две криминални појави што ќе придонесе за нивниот посебен социолошко-криминолошки, кривично-правен, криминалнополитички и нормативно-институционален третман. Тероризмот и организираниот криминал се сериозна опасност за безбедноста и стабилноста на секое општество.

 

 

 

Според тоа, во никој случај не смее да се потценува нивниот потенцијал, кој што може да биде мошне деструктивен и разорен. Тероризмот и организираниот криминал и нивните многубројни и разновидни појавни облици низ кои може да се манифестираат, се исклучително тешки за откривање, спречување и докажување пред се поради нивната брза прилагодливост, флексибилност и транснационалност. Тие ги напаѓаат сите сфери на општествениот живот и речиси не постои држава во светот која не е загрозена од нивните бројни облици на активности. Поради степенот на серизност и безобѕирност на овие видови криминал, како и поради неефикасноста и неефективноста на класичните методи за негово сузбивање, потребно е секоја држава поединечно, но и на ниво на целата меѓународна заедница да се утврдат и донесат конзистентни одредби со кои ќе се спречат и санкционираат нивните појавни облици.

Поврзаноста помеѓу тероризмот и организираниот криминал е овозможена преку широко распространетата расположливост на мало и лесно оружје кои можат да бидат криумчарени за пари или употребени во операции. Оружјето го набавуваат со купување од непријателски земји и нивни разузнавачки служби, односно купување на илегалниот пазар, потоа со кражби од складишта со оружје, и со изработка во тајни фабрики. Бидејќи производството на оружје во светот ги надминува потребите за редовно вооружување на армиите, остануваат огромни количества кои се шверцуваат на илегалниот пазар. Како носители на криумчарењето се јавуваат поединци, компании па и одредени држави, односно постојат три паралелни пазари за продажба на оружје: бело што се врши директно преку владите; сиво преку приватни компании, но под надзор на владата; и црно преку самостојни трговци и поединци. Во опасните лавиринти на купопродажбата посебна улога имаат поедиците, а денес најпознати и најголеми препродавачи се лицата од Блискиот Исток.Односот на организираниот криминал и тероризмот се манифестира низ извршување на разновидни тешки кривични дела од страна на терористичките организации, најчесто поради сопствено финансирање или остварување на одредени политички цели, и ако тие кривични дела имаат меѓународен елемент , може да се зборува за вид на меѓународен организиран криминал, секако доколку се исполнети и останатите законски услови кои го одредуваат поимот организиран криминал.[16]

 

 

Меѓународните криминални организации воспоставија софистицирани техники ма маркетинг и дистрибуција и потполно се способни да употребат висока технологија за да ги постигнат нивните цели. Пирамидално организираните структури и новитетот од работата во мрежа наречен „лабави фамилии“ им овозможува да се одбранат од применувањето на законот вешто вршејќи бројни активности на граница помеѓу дозволеното и недозволеното.[17]

 

2.2. Видови на организиран криминал

 

Според критериумот на криминалното поле на делување на организираните криминални групи може да се зборува за облици на организираниот криминал. Под облици на организиран криминал се подразбира криминалното поле на делување на организираните криминални групи, банди, здруженија (криминални организации), односно кон кои кривични дела или групи кривични дела е насочена нивната криминална активност. Според овој критериум најчести облици на организиран криминал се:Организирани облици на трговија со дрога,Организирани облици на трговија со оружје,Организирани облици на трговија со луѓе (во сите варијанти),Организирани облици на илегална трговија со човечки органи,Организиран економско-финансиски криминал. Најчести облици на организиран економско-финансиски криминал се: даночни измами (затајувања) вршени преку давање на фиктивни фактури, позајмици, хипотеки и правење на други фиктивни финансиски трансакции; перење пари; криумчарење; царински измами; недозволено производство и недозволена трговија со разни акцизни стоки; фалсификување и уништување деловни книги; издавање на чек и акцептен налог без покритие; повластување и оштетување доверители; предизвикување лажни стечаји; криминал со високи технологии итн.

Организирани облици на корупциски кривични дела, најчесто се: злоупотреба на службена положба и овластување, примање и давање поткуп; противзаконито посредување, проневера во службата и други облици,Организирани облици на еколошки криминал се: организирано пренесување и депонирање на нуклеарен односно радиоактивен отпад, како и медицински отпад преку државни граници; Загадување на животната средина и природата (воздух, вода, почва) од страна на правни лица (големи производствени капацитети) со непоставување на соодветни филтри, при што таквиот криминал може да предизвика опасност поживотот или здравјето на луѓето или уништуивање на животинскиот или растителниот свет во поголеми размери. Континуираното вршење на овој криминал во подолг временски период не може да се прави без инволвираност на определени државни тсруктури,Организирани облици на недозволено производство на порнографски филмови и други материјали, дистрибуција и продажба, Организирани облици на изнуда (рекет),Организирани облици на “зеленаштво” комбинирани со “рекет” или самовластие (со поддршка од државни структури при насилна наплата на енормно високи камати, кои што најчесто се многукратно повисоки од основниот долг),Организирани облици на измами (класични, осигурителни, банкарски, берзански и сите други видови измами),Организирани облици на кражби и илегална трговија со уметнички дела, антиквитети, артефакти итн.Организирани облици на разбојништва,Организирани облици на недозволено коцкање,Организирани облици на грабнување (киднапирање),Организирани облици на нарачани убиства,Организирани облици на фалсификување. Тука, важно е да се истакне дека при вршењето на разните облици на организиран криминал како помошен или придружен криминал мошне често се јавува фалсификувањето. Фалсификувањето може да се однесува на пари, јавни исправи, службени исправи, фалсификување и уништување деловни книги и сл. Други облици на организиран криминал во зависност од конјуктурноста на пазарот, општествено-политичките и економски состојби, процеси и односи во различни земји, криминалното поле на делување (облиците на организиран криминал) можат да бидат различни во одредени временски периоди во една земја, или, за различни земји во ист временски период, итн.

Значајно е да се напомене дека сите овие облици на криминал можат да бидат организирани облици, но можат да бидат и обичен односно конвенционален или неконвенционален криминал[18] во случаите кога тие се извршуваат од страна на поединци без да постојат елементи за организиран криминал.

 

 

 

Според критериумот на територијалната застапеност односно територијата каде што делува организираниот криминал, може да се зборува за подвидови на организираниот криминал. Според овој критериум, организираниот криминал може да се подели на:

- транснационален организиран криминал

-национален организиран криминал

-регионален организиран криминал

-локален организиран криминал

 

Типовите на организиран криминал можеме да ги разликуваме според критериумите на:  општествената поврзаност (етаблираност во системот),  организационата форма односно нивото на организациска поставеност и хиерархиска структура внатре во организираните криминални групи.  обемот на неметеријалните и материјални штетни последици што произлегуваат од различните типови на организиран криминал.Според горенаведените критериуми, организационата форма не е единствениот критериум за создавање типологија на организираните криминални групи.Имено, за секој одделен тип на организиран криминал во реалноста постојат адекватни организациони форми, кои што не мора секогаш да бидат исти за еден тип. Тоа зависи од повеќе фактори, меѓу кои, најважани се општествено-политичките и економски услови во земјата каде се одвива, на пример, институционалниот организиран криминал преку определени облици на организирани криминални активности итн. За сите типови на организиран криминал подробно ќе стане збор. За да не ги повторуваме веќе кажаните дефиниции, овде само ќе потсетиме: за најнискиот тип на организиран криминал- групниот организиран криминал, најреферентна дефиниција е според Конвенцијата на ООН, Палермо, 2000, каде што се дадени минимумот на константните елементи, кои мора да бидат исполнети за да воопшто стане збор за организиран криминал, без оглед на типот; додека за мафијашкиот тип на организиран криминал, институционалниот тип на организиран криминал и институционализираниот тип на организиран криминал како резултат на генералниот концепт на системски корумпирана политика.

 

 

Остана уште да го определиме поимот на мрежниот организиран криминал. Мрежниот организиран криминал преставува хоризонтално организирана шема за вршење сериозни кривични дела, од страна на повеќе субјекти, со точно определени улоги при секоја конкретна криминална акција, при што, покрај јадрото на малата криминална група, другите соучесници постојано се менуваат во зависност од видот на конкретната криминална активност. Притоа, некои од соизвршителите се најмавуаат ад хоц во извршувањето на “валканите” криминални работи, а некои од соучесниците се ангажираат без да знаат дека се дел од криминалниот ланец вршејќи сосема легални трансакции со цел за перење пари, стекнување противправна финансиска или друга имотна корист.Историските и културните вредности во текот на разните цивилизации претставувале посебен предмет на интерес и на криминална дејност која често пати била поттикнувана, поддржувана и финансирана и од определени држави. Кражбите на овие вредни дела имале за цел да ги задоволат локалнитеколекционери, но денес сé почесто се вклучени во добро организирани шверцерски мрежи кои обезбедуваат нивно пренесување преку граница и наоѓање на пазари на кои ќе го пласираат ова непроценливо богатство со посебна историска и културна вредност во секоја држава во светот. И овој вносен бизнис се почесто ги „напушта” националните граници и добива форма на транснационален организиран криминал највеќе мотивиран од остварувањето на значителен економски интерес.

Шверцот и трговијата со предмети со висока историска и културна вредност се поддржува од моќни организации на трагачи и истражувачи кои ги поттикнуваат и локалните „колекционери” и „истражувачи” да работат по порачка и под нивно менторство. Државите со богато историско и културно минато претставуваат најчест објект на напад посебно ако културното наследство кое има огромна материјална, културна, историска и уметничка вредност е недоволно и несоодветно заштитено. Основната дејност на транснационалниот организиран криминал насочена е кон извршување на активностите поврзани со криумчарење и недозволена трговија со вредни експонати од областа на културните добра. Овие културни вредности постануваат предмет на илегална трговија во странство при што „главните актери” во овој бизнис остваруваат огромна противправна имотна корист. Културните добра најчесто се криумчарат во западните земји каде што ги купуваат колекционерите, приватните институции и богатите поединци заради престиж и „углед”.

 

 

Терминот организирана нелегална имиграција подразбира различни видови на илегална имиграција воспоставена од определени специјализирани криминални групи и криминалци. Нелегалната имиграција вклучува обезбедување и олеснување на влез во државата, вработување на нелегалните имигранти,  избегнување на пасошката и визната контрола, фалсификување или активности против откривање на фалсификуваните документи. Организираната илегална имиграција оперира во тајност и претставува сериозна и загрижувачка безбедносна закана за националната безбедност на државата која предизвикува и финансиски, психолошки, а често пати и физички штети. Кога имигрантите ќе бидат присилувани или на некој начин експлоатирани се смета дека со нив се тргува, односно почнува фазата на трговија со луѓе. Секоја од овие операции неминовно вклучува еден комплекс на активности од искористување на имигрантите, провизија за обезбедување на нивната придружба, поткуп на функционери, транспорт, провизија за фалсификување на документите и прибирање на исплатите. Шверцувањето на оваа категорија „современи робови” секогаш вклучува определен процент на експлоатација (обично проституција или принудна работа). Врз основа на досегашните сознанија можеме да заклучиме дека мнозинството организирани имиграциони криминални групи преферираат да работат помеѓу нивните етнички и фамилијарни  опкружувања („затворени етнички кругови”), иако профитот често пати некој од нив ги мотивира своите услуги да ги понудат и пошироко надвор од нивната „зона на оперативна сигурност“.

Терминот шверц (контрабанда) има италијанско потекло и во суштина означува незаконско префрлување на стоки преку границата. Во последните години овој термин се почесто се заменува со англискиот термин незаконски трансфер, што означува транзитирање на стоки на нелегален начин термин што повеќе се одомаќинува и во нашиот јазик. Шверцот претставува дејност насочена кон пренасочување на пари, стоки или други вредности преку државната граница со нарушување на процедурите и редот воспоставен од компетентните државни органи. Шверцот секогаш е противзаконска дејност што ги засегнува интересите на повеќе од една страна и во целост е насочен против економскиот поредок на конкретните држави.

Кражбата и шверцот со скапи автомобили, според најновите статистики бележи висока стапка на пораст во сите држави, но највеќе во државите во кои има огромен број на скапи и луксузни автомобили и либерален граничен режим.

 

 

Кражбата и шверцот со автомобили се промовираше како уште една нова гранка форма на делување во сферата на меѓународниот организиран криминал. Големите профити од овој „нов бизнис” неминовно водат кон негова трансформација од локалното и национално ниво на меѓународно. Овој вид на криминален бизнис носи големи профити со релативно минимален ризик. Водечка улога во остварувањето на овој видтранснационален криминал имаат руските, бугарските и албанските криминални групи кои оперираат на просторот на цела Европа[19]

Трговијата со човечки органи за релативно краток временски интервал се трансформира во многу доходовна гранка на организираниот криминал. Мошне значаен фактор за брзиот развој на овој грозоморен криминален вид претставува и високиот степен на корумпираност во медицинските средини кои исто така се вклучуваат во овој криминален бизнис. Во изминатите две децении се појави „нова стока” со многу висока цена човечки органи наменети за трансплатација на оние кои имаат доволно пари да ги платат. Најчесто „трансферот” на човечките органи претставува предмет на организираното шверцување првенствено од сиромашните земји со екстремно низок животен стандард и со општа социјална и севкупна нестабилност. Човечките органи предмет на нелегална трговија се насочени првенствено кон економските развиените и богати држави во кои незаконското донаторство се плаќа многу скапо. Последиците се катастрофални денес во определени сиромашни држави има региони во кои најголем број од населението „функционираат” само со еден бубрег или останати се без некои од своите органи.[20] 

Последните две декади феноменот на дрогата и трговијата со дрога доживуваат еден тренд на „глобално ширење” односно масовно распространување на глобално ниво. Според анализите на Светскиот извештај за дрога од 2000 година, можеме да констатираме дека трговијата со дрога несомнено прераснува во „вистински глобален феномен”.

 

 

 Исто така, трговијата со дрога претставува најраспространета и основна дејност на транснационалниот организиран криминал. Опасноста од ова современо зло се манифестира и преку негативните импликации во економската, социјалната, индивидуалната и националната безбедност, дури и во политичката (стабилноста на власта) и другите сфери на животот. Исто така, несомнена е и констатацијата дека обемот и растот на незаконското производство, побарувачка и промет со опојните дроги и психотропни супстанци кои преставуваат сериозна опасност за здравјето и благосостојбата на луѓето, имаат негативно влијание на стопанските, културните и политичките темели на општеството. Во овој контекст, непроценлива опасност претставува се поголемото продирање на дрогата во разните социјални групи, како и фактот дека децата во многу делови на светот се злоупотребуваат и користат како незаконски потрошувачи на дрогите, но и за незаконско вклучување во производството, дистрибуцијата и трговијата со опојни дроги и психотропни супстанци. Добивката или користа од меѓународниот организиран криминал ја достигнува вистинската вредност кога ќе се „влее” во легалните финансиски текови, односно кога ќе се „влее” во легалната економија. Овој процес на „чистење” на парите од страна на криминалците кои се стекнати со криминални активности („валкани пари”) со цел да се изгуби трагата за откривање на нивното потекло. Кон овој „финасиски процес” прибегнуваат многубројните актери од мрачниот свет на криминалот кој по пат на криминални нелегални активности прибавуваа огромни суми на „валкани пари”. Според извештајот на Претседателската комисија[21], „перењето на пари” се дефинира како „процес со кој некој го прикрива постоењето, илегалното потекло или нелегалната употреба на приходите, за после тоа, нив да ги прикаже така како да изгледаат легитимни”. Овој процес во суштина е трислоен: првиот започнува  со избор на државата и банката каде што ќе се изврши „перењето”. Вториот начин, односно вториот чекор на процесот претставува нелегално внесување или изнесување на големи суми пари преку физички лица.

Вториот стадиум на „перењето пари” е раскинување на врската помеѓу поседувачот на паричната сума и лицето кое ги извршува финасиските операции/трансакции, со цел да се прикрие изворот и да се усложни и да се отежне истражната постапка и финасиската пороверка.

 

 

Третиот стадиум е поврзан со внесување на парите во легалниот бизнис и дефинитивно крајно прикривање на нивното потекло.Игрите на среќа отсекогаш ги привлекувале луѓето од различните социјални слоеви и со различна имотна состојба. Со оглед на фактот дека големите влогови обезбедуваат големи печалби, игрите на среќа се поврзуваат со измама преку различни форми. Во САД, традиционално, уште од предминатиот век, најстар извор на приходи на организираниот криминал беше коцката која им обезбедуваше релативно високи суми на финансиски средства. Кон средината на осумдесетите години на минатиот век, Претседателската комисија за организиран криминал на САД оцени дека заработката од овие активности значително пораснала и изнесува помеѓу дваесет и девет и триесет и две милијарди долари, со тенденција на нивно понатамошно зголемување.

 

2.3. Соработка на полето на сузбивање на организираниот криминал

Бидејќи денешните трендови, последиците и проценките за организираниот криминал и тероризмот во иднина често пати доведуваат  до алармантни заклучоци, борбата против тие феномени доби приоритет не само од европска перспектива туку и од меѓународната заедница. Сооглед на вредноста на денешните проценки, тероризмот и организираниот криминал во сите свои облици и во блиската иднина ќе претставуваат сериозна закана. Порастот на исламскиот тероризам, етничко-сепаратистичкиот тероризам, како и врската помеѓу тероризмот и организираниот криминал, ги натераа земјите да ги зголемат напорите како би можеле ефикасно да се соочат со прашањата и непосредните проблеми кои ги предизвикуваат овие два феномени. Таквите напори веќе резултираа со билатерални и мултилатерални договори помеѓу заинтересираните земји, со кои се преземаат мерки за спречување на ширење на организираниот криминал и терористичките активности. Друг битен тренд е и постојаната намера за воспоставување на блиска соработка меѓу тајните служби поради размена на разузнавачки информации.

Соработката и координацијата ќе се одвива низ следниве чекори:

да постои редовна „размена на информации“ помеѓу стручњаците за борба против тероризмот и организираниот криминал;

воспоставување на заеднички антитерористички закони и прописи со цел во борбата против тероризмот и криминалните активности да постои единствен пристап;14

формирање база на податоци;

едукација на јавноста за да ја сфати заканата од организираниот криминал врз демократските процеси;

развивање на социетална култура која не го толерира присуството на организиран криминал. Податоците покажуваат дека кога владата и народот го одбиваат влијанието на организираниот криминал, криминалните групи не можат да преживеат.[22]

Во овој контекст, суштински се неколку елементи:

независност на судството;

ограничување на парламентарниот имунитет;

транспарентност на владините акти;

соработка помеѓу различни национални агенции чие поле на работа е борбата против организираниот криминал;

соодветен и на високо ниво тренинг за оние кои се борат против организираниот криминал, посебно затоа што криминалците сè повеќе употребуваат „софистицирани“ и специјализирани техники. На пример, во претходните години организаторите на организираниот криминал и терористичките групи употребуваа „чисти пари“, кога парите претходно беа испрани низ разни легални или квази-легални активности, како што се бизнисите, невладините организиции, хуманитарните организации, итн. Националните влади предложуваат закони за справување со проблемите поврзани со перење на пари и представниците задолжени за спроведување на законот се обучени да се борат со криминалот. Но, криминалците и терористите често пати употребуваат чисти пари, затоа претставниците на законот би требало да се обучуваат за пронаоѓање на терористичката вклученост и во легалните активности.[23]

Меѓународната и регионалната соработка исто така игра многу важна улога во составување на цврста стратегија за борба против организираниот криминал. Како што е познато, нема земја која може самостојно да се справи со организираниот криминал и терористичките активности. Само со меѓународна соработка можеме да се надеваме дека ќе се намалат овие активности.

Организираниот криминал[24] и натаму останува грижа со која се соочуваат и  многу поорганизирани држави отколку што е Република Македонија и останатите западно-балкански држави, имајќи во предвид дека корупцијата навлегла во многу сегменти на општеството и што, пак, преминува на ниво на организиран криминал, онака како што е дефиниран и од страна на експертите во оваа област, посебно на ИНТЕРПОЛ. Организираниот криминал, како дејствување на секоја организирана група, има за цел да реализира голем финансиски профит на илегален начин, без да ги почитува во повеќето моменти и меѓудржавните граници и законските регулативи во рамките на државите каде што ги имаат и своите почетоци. Главна цел на овие групи е корумпирање на поединци кои имаат функции во разни државни структури. Ова последново се здоби со најголеми димензии, користејќи го големиот профит и влијанието за доминација, со цел обезбедување на своја хиерархија од нивно откривање и гонење. Организираните криминални групи поседуваат големи количества финансиски средства, кои можат да влијаат врз малите земји во транзиција. Овој вид на криминал може да се вброи и во социо- патолошките појави, бидејќи се заканува на моралниот интегритет на луѓето, кои се научени да живеат чесно во согласност со нормите што им ги дозволува законот.[25] Со цел да добиеме појасна слика како и можност за превенција и спречување на организираниот криминал, ќе ги искористиме предлозите на проучувачите на оваа проблематика,[26] меѓу кои и на Сулејманов, кој меѓу другото, вели: Со цел да се зацврсти спречувачката-превентивна страна на организираниот криминал и на корупцијата како значајно надополнување на репресивната политика во оваа  област, треба да се направи:

• изработка на програма за правни, административни и културни иницијативи за борба против корупцијата;

• формирање на внатрешно и меѓународно тело за елиминирање на корупцијата;

 

 

 

 

• заострување на казнената политика за одредени форми на коруптивно однесување;

• кадровско, материјално и техничко засилување на службите за борба против организираниот криминал во Министерството за внатрешни работи (судовите и во сите сегменти на државната администрација) како можност за нивна специјализација во земјата и во странство;

• ставање на процедура за конфискација на стекната стока преку организиран криминал, корупција и перење пари;

• нормативно регулирање[27] на можноста за трансформирање на појавениот товар за преземање на стоката како резултат на кривично гонење на оние лица кои биле осудени за рекетирање и други незаконски дела;

• функционирање на финансиска полиција за добро и легитимно менаџирање на трговското и финансиското работење и развојот на механизми за соработка во спречување на корупцијата.

Доколку не постојат реални обиди за да се спречат активностите против корупцијата и организираниот криминал во Македонија[28] тоа, без сомнение, ќе биде уште едно чувство на институционална неодговорност за оние кои што се втурнале во политиката. Сигурно е дека овие напори ќе бидат многу поуспешни доколку во државните структури не се инволвирани поединци што ја потпомогнале оваа појава. Успешното дејствување против организираниот криминал ќе биде во согласност со стандардите што ги нуди Советот на Европа и Европската Унија, како и заштитните механизми што се нудат од страна на структурите на НАТО за борба против криминалот, организираниот криминал со оружје, против организираниот криминал на шемите на движење и перење на пари, против шверцот со наркотични средства, против трговијата со „бело робје„ итн.

ЗАКЛУЧОК

Тргнувајќи од дефиницијата дека организираниот криминал претставува посебен облик на професионален криминал, кој се развил нарочно во развиените земји во 20-тиот век, и кој е се по присатен во земјите на транзицијата кои немале или истиот не го чувствувале со таков интензитет како последните години ( крајот на деведесетите), сега се забележува неговото присаство во сите свери на општественото живеење и претставува опасна и реална закана за понатамошниот развој на демократските односи бидејќи прети да ги зафати сите свери на младото демократско општество и да раководи со него како и со неговиот развој. Професионалните криминалци се повеќе се организираат во разни групи, банди и слични облици на здружување, со цел за вршење на кривични дела како основано свое занимање. Тоа се посебно цврсто организирани групи на криминалци кои делуваат во подолг низ на години врз основа на сопствените норми, стандарди и однесувања, како и за сопствените (нивни) сваќања за вредностите, што им овозможуваа да поуспешно ги вршат криминалните активности.За работа на овие криминални групи карактеристична е воглавно нивната цврста организираност, со хиерархиски однос и голема брзина и снаодливост во акциите.

Односите во ваквите организации се одвиваат врз база на строгата дисциплина, послушност и личната лојалност која доаѓа до израз дотолку повеќе, доколку е криминалната група поцврсто организирана и повеќе интегрирана.Овие организации се карактеризираат со голема оперативност и способност за брзо маневрирање и преместување на своите активности на големи простории, па пречките наречени државни граници, за ваквите организирани групи, не постојат, бидејќи брзо и лесно на сите простори се наоѓаат соработници, кои веднаш својата активност ја оспособуваат за брзо делување на одреден терен.Полето на делување на овие активности е многу широко, со тоа што мора да се напомене дека овие организации се јавуваат најчесто строго специјализирано. Така едните се занимаваат со кријумчарење на опојна дрога, другите се специјалисти за организирање проституција, убиства за пари, уцени, подмитување,застрашување, перење на пари и др.Ваквите организации во својата активност не бираат средства на начини за постигнување на своите цели а на тој начин секако го одбегнуваат механизмот на законските решенија.

 

 

 

Подмитувањето, заканите, заплашувањата, политичките врски и другите начини за остварувањето на криминалните цели се основана дејност на овие групи кои секако се инволвираат за одредени надомести во сите свери на живеењето.Често се поврзани со лицата кои се задолжени за примената на законот, што создава големи предности во однос на другите сторители на кривични дела, кои немаат такви заштитници и соработници. Познато е дека ваквите организирани групи соработуваат токму на овој план, додека во рамките насвоите криминални дејствија, водат остри борби, па дури и вистински војни како би ги задржувале своите територии и би го задржале својот профит.Започнувајќи го својот пат во најразвиените земји на запад, ваквите професионални здруженија на криминалци се се почеста појава во сите земји кои зачекоруваат вои светот на пазарната еконимија, во светот на демократски и структурни промени, каде што се во фазата на усогласување законите, кои или не се применуваат или се сеуште во фаза на усогласување со сите токови на веќе постојните решенија во светот од каде се создадени и каде постојат какви такви заштитни механизми за овој вид на организиран криминал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

SUMMARY

The objective and scope of this paper is to define and explain the term organized crime. Moreover, after the very definition of this concept, for its better understanding I will explain its characteristics that distinguish it from other types of crime that exists in our world.
Furthermore, I will try to enumerate and certain types of organized crime that included both domestic and in international law, and finally I can also give measures that are undertaken at this level to combat organized crime.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Prof. d-r Zoran Matevski, Redoven profesor na Institutot za sociologija pri Filozofski fakultet – Skopje, SOCIOLO[KI ASPEKTI NA ORGANIZIRANIOT KRIMINAL I KORUPCIJATA, Filozofski fakultet – Skopje

2.      Митко Котовчевски, ОБЛИЦИ НА КРИМИНАЛНО ДЕЛУВАЊЕ НА ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, Филозофски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии, Скопје,

3.      Б.А.К.Рајдер, Финансискиот свет во опасност: опасностите од организираниот криминалитет, перењето на пари и корупцијата, Безбедност 1994/3,

4.      Д-р Љубомир Фрчковски, Меѓународна правна реакција против организираниот криминал, Безбедност 1995/1,

5.      Schyler-Springorum, The evolution of Criminal Justice Systems, Fifth Conference on Crime Policy, Strasbourg 1995,

6.      В.Гинтер Кајзер, Крминологија, Скопје 1996,

7.      Проф.д-р Владо Камбовски, Правната држаав и организираниот криминал, Правен факултет Скопје, 1996 година,

8.      http://law.jrank.org/pages/1624/Organized-Crime-History.html

9.      Lampe Klaus ,,The Concept of Organized Crime in Historical Perspective” http://people.freenet.de/kvlampe

10.  Majkl. D. Lajman i Gari V. Poter, Organiziran kriminal, Magor, Skopje, 2009,

11.  Milutinovi} M. ,,Kriminologija,, Beograd, 1967

12.   Хислоп Роберт, „Затишје пред бура“, ФИООМ, Скопје, 2002.

13.  Arnaudovski Qup~o; predavawa na postdiplomski studii na Fakultetot za bezbednost; Skopje; 1993 god.

14.  M. Nikolovski; "Povrzanosta i vlijanieto na organiziraniot kriminal, terorizmot i politikata"; Skopje; 2008 god.;

15.  Стајич, Љ. „Основи безбедности“, Полициска академија, Београд, 2003,

16.  Centre for Strategic and International Studies, “Global Organized Crime: the New Empire of Evil”, Washington, 1994

17.  Зами Пода, Организиран криминал, Универзитетска книга, Тирана, 1998

 

 

www.MaturskiRadovi.NET

 

Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net  je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.

 

Posetite nas na sajtovima ispod:

http://www.maturskiradovi.net

http://www.maturski.net

http://www.seminarskirad.org

http://www.seminarskirad.info

http://www.seminarskirad.biz

http://www.maturski.org

http://www.magistarski.com

http://www.essaysx.com

http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi

 Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing,  finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija,  preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver,  hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...),  biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno,  psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo,  ustav, medicina, engleski jezik, ...).

 

Uspostavljanjem ovog projekta,  zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.

 

U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim,  sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti,  čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.

 

Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.

 

 

 



[1] Prof. d-r Zoran Matevski

Redoven profesor na Institutot za sociologija pri Filozofski fakultet – Skopje, SOCIOLO[KI ASPEKTI NA ORGANIZIRANIOT KRIMINAL I KORUPCIJATA, Filozofski fakultet – Skopje, стр.3

[2] Митко Котовчевски, ОБЛИЦИ НА КРИМИНАЛНО ДЕЛУВАЊЕ НА

ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН

КРИМИНАЛ, Филозофски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии, Скопје, стр.1-4

[3] Б.А.К.Рајдер, Финансискиот свет во опасност: опасностите од организираниот криминалитет, перењето на пари и корупцијата, Безбедност 1994/3, стр.432

[4] Д-р Љубомир Фрчковски, Меѓународна правна реакција против организираниот криминал, Безбедност 1995/1, стр.16

[5] Schyler-Springorum, The evolution of Criminal Justice Systems, Fifth Conference on Crime Policy, Strasbourg 1995, str.13

[6] В.Гинтер Кајзер, Крминологија, Скопје 1996, стр.195

[7] Za ova vidi i vo dokumentite od Ministerskata konferencija, vo ramkite na aktivnostite na OON, za borba protiv organiziraniot transnacionalen kriminal, vo Neapol, 1994 god. Neapolskata politi~ka deklaracija i Globalniot plan za akcija protiv organiziraniot transnacionalen kriminal, podocna usvoeni i od Generalnoto Sobranie na ON (A/49/748,1994), reafirmirani i vo dokumentite na IX kongres na ON za prevencija na kriminalot vo Kairo 1995 god, potrebata od organizirano prevzemawe na merki za suzbivaweto na organiziraniot kriminal i korupcijata be{e izdignat na nivo na prioriten me|unaroden problem. Pritoa, vo Globalniot plan za akcija se istaknuva deka, iako ne postoi legalna definicija za organiziraniot kriminal, sepak kako orientacioni mo`at da se navedat slednite negovi karakteristiki: 1) organizacija na grupata za izvr{uvawe kaznivo delo; 2) hierarhiski odnosi vo grupata {to mu dopu{taat na nejziniot voda~ da ja kontrolira; 3) nasilstvo, zastra{uvawe i korupcija kako sredstva za ostvaruvawe na profit ili kontrolirawe na teritorii ili pazari; 4)perewe na nelegalno steknata korist i infiltrirawe vo legalnata ekonomija; 5)sposobnost za ekspanzija vo bilo koja nova aktivnost i nadvor od nacionalnite granici; 6) kooperacija so drugi organizirani transnacionalni grupi.

[8] Проф.д-р Владо Камбовски, Правната држаав и организираниот криминал, Правен факултет Скопје, 1996 година, стр.12

[9] http://law.jrank.org/pages/1624/Organized-Crime-History.html

[10] Поопширно види  Lampe Klaus ,,The Concept of Organized Crime in Historical Perspective”

http://people.freenet.de/kvlampe

[11] Majkl. D. Lajman i Gari V. Poter, Organiziran kriminal, Magor, Skopje, 2009, str.3

[12] Milutinovi} M. ,,Kriminologija,, Beograd, 1967

[13] Хислоп Роберт, „Затишје пред бура“, ФИООМ, Скопје, 2002.

[14] Arnaudovski Qup~o; predavawa na postdiplomski studii na Fakultetot za bezbednost; Skopje; 1993 god.

[15] M. Nikolovski; "Povrzanosta i vlijanieto na organiziraniot kriminal, terorizmot i politikata"; Skopje; 2008 god.; str.32

[16] Стајич, Љ. „Основи безбедности“, Полициска академија, Београд, 2003, стр. 291

[17] Centre for Strategic and International Studies, “Global Organized Crime: the New

Empire of Evil”, Washington, 1994

 

[18] Pove}e za vidovite, podvidovite i tipovite na kriminal i vo taa smisla, me|udrugite razliki i razlikata me|u klasi~en, obi~en, konvencionalen i nekonvencionalen kriminal, vidi vo: Avtorizirani predavawa po Kriminologija, Miodrag Labovi}, Fakultet za bezbednost, Skopje, 2010.

[19] Во „Балканскиот златен триаголник на дрогата” се пренесуваат од 200000 до 250000 украдени коли од Европа. Со право можеме да констатираме дека овој регион претставува и „Балкански златен триаголник на украдени луксузни автомобили”.

[20] Митко Котовчевски, ОБЛИЦИ НА КРИМИНАЛНО ДЕЛУВАЊЕ НА

ТРАНСНАЦИОНАЛНИОТ ОРГАНИЗИРАН

КРИМИНАЛ, Филозофски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии

[21] Presidents Commission on Organized Crime The Cash Connection: Organized

Crime, Financial Institution and Money Laundering, Washington, 1984.

[22] Albini,J.,Hansen, P.,Sullivan,B.”Organized Crime:The National Security Dimension”,

George C.Marshall European Center for Security Studies, 1999, p.p 9

[23] Commission of the European Communities, The Stabilisation and Association

Process for South East Europe, First Annual Report, Brussels, 2002, 163

[24] Зами Пода, Организиран криминал, Универзитетска книга, Тирана, 1998

[25] Назми Малиќи, Шпаљосје, стр. 86, IADC- Демократски Клуб, Скопје, 2001

[26] Сулејманов З, Стојановски Н, Социјална патологија, Југореклам, Скопје, 2002

[27] Монока Маковеи, Pravoto na sloboda i sigurnost na li~nosta, Sovetot na Evropa,Скопје, 2002

[28] Слаѓана Тасева, членка на Државната антикорупциска комисија за двевниот весник „Љајм„ изјави дека „Во Македонија нема борба против корупцијата„. Ова мислење го образложува велејќи дека „Што се однесува до мерките и активностите што сме ги предвиделе, законите што сме ги усвоиле, основаните институции против корупцијата, ние сме лидери во регионот и пошироко. Проблемот е во тоа што немаме конкретна ефикасност„,-изјави Тасева. Таа, меѓу другото, предлага „Владата, заедно со сите компетентни органи да создаде услови сето тоа што е предвидено на хартија, да се примени во пракса„. (Весник „Љајм„, стр.2, Скопје, 22 октомври 2005)

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!