Семинарска работа по предметот
Меѓународно јавно право
Тема:
Меѓународни кривични трибунали - од Нирнберг до Меѓународен кривичен суд
С О Д Р Ж И Н А :
1. Вовед;
2. Нирнбершкиот трибунал или меѓународен воен суд во Нирнберг;
3. Хашкиот трибунал за злосторства во поранешна Југославија;
4. Меѓународен кривичен суд;
5. Заклучок;
6. Користена литература;
1. Вовед
Меѓународните кривични трибунали се создавале од идејата за јакнење на супранационалниот карактер на нормите на Меѓународно кривично право. Таа идеја се пробива заедно со уверувањето дека треба да постојат меѓународни забрани и дека тие забрани треба да се почитуваат и во услови кога една држава, која е гарант за правдата и законитоста, самата ги повредува. Се разбира дека најтешка повреда на тие норми претставува војната, што по суштина значи негација на правото и неговото супституирање со силата кај која прашањето за правдата има само општо историско значење. Според ова не е случајно тоа што првобитните обиди за хуманизација на војната на европските простори, започнуваат со дефинирањето на потребата од некакво меѓународно учество, посредување или арбитража во помирувањето или во отстранувањето на последиците од војната. Идејата за меѓународна арбитража и претходи на идејата за создавање на меѓународни кривични трибунали.
Идејата за создавање на меѓународни кривични трибунали му се препишуваат на швајцарецот Мојниер, кој во 1872 година пред Меѓународниот комитет за помош на ранетите во војната предложил создавање петчлен суд (по еден од секоја завојувана страна и три од неутрални земји), чијашто надлежност би се однесувала на пресудување за делата содржани во Женевската конвенција од 1864 година.
Со Париската декларација од 1856 год, Женевската конвенција за положбата на ранетите од1864 год и со Петрогратската декларација од 1868 год, било достигнато едно ниво за поставување први правила во водењето војна. Почетокот на новата фаза во развитокот на идејата за МКС го обележуваат двете хашки конференции од 1899 и 1907 година. Со актите на овие конференции (на првата се донесени две конвенции и три декларации, а на втората десет конвенции и една декларација) речиси е кодифицирана материјата на военото право и во нив се втемелени основните поравила за повредите на воените закони и обичаи. Составен дел на овие правила претставуваат и двете за оваа тема релевантни конвенции: Конвенцијата за мирно решавање на меѓународните спорови од 1899 год и Конвенцијата за меѓународен суд за воениот плен на море од 1907 година. Првата оид овие конвенции предвидува неколку инструменти за примена на воените правила, а тие се: добри услуги и посредување, анкетни комисии и создавање Постојан арбитражен суд во Хаг. Втората не била никогаш ратификувана и остана само неуспешен обид.[1]
Иако на денешниот степен од развитокот на Меѓународна кривична правда ефективноста на меѓународните забрани зависи од волјата на државите – потписнички на меѓународните конвенции, сепак конвенциите што содржат такви забрани се над другите меѓународни договори и над националните законодавства. Тие не можат да бидат изменети или укинати со билатерални спогодби или со националните законодавства. Тоа е така бидејќи инкриминирањето на делата што се содржат во нив значи реализирање на императивна меѓународна норма. Но основно прашање се разбира дека е прашањето на нивната ефикасна примена од страна на националните системи на казнена правда или низ непосредна примена од Меѓународните кривични судови. Во врска со ова треба да се напомене изреката на Анатол Франс според која „Без жандармите, судијата е само еден сиромав занесник“.
2. Нирнбершкиот трибунал или меѓународен воен суд во Нирнберг
Во првите години од Втората светска војна, фашистичките движења при извршувањето на воените операции, како и на окупираните територии, извршија масовни злосторства над цивилното население, ранетите и воените заробеници. Па така светското население беше револтирано и бараше строго казнување на виновниците, за да не се повтори опростувањето на воените злосторства од Првата светска војна. На Московската конференција од 1943 год, Рузвелт, Сталин и Черчил ја донесле Московската декларација, со која изразиле решеност дека ќе ги гонат воените злосторници до „крајот на светот“. До вистински развој на меѓународното кзнено право доаѓа непосредно по завршувањето на Втората светска војна, односно со донесувањето на Лондонската спогодба, склучена меѓу четирите големи сили во 1945 година за основање на Меѓународен воен суд за казнување на воените злосторници, со седиште во Нирнберг, кој се состоел од судии и обвители именувани од САД, СССР, Велика Британија и Франција. Составен дел или анекс на оваа спогодба е Статутот на меѓународниот воен суд, кој претставува некој вид меѓународен кривичен закон. Со Статутот се утврдени три категории на меѓународни кривични дела:[2]
Ø злосторства против мирот
Ø воени злосторства
Ø злосторства против човечноста
Злосторствата против мирот се состојат во планирање, подготвување и водење агресорска војна. Воените злосторства претставуваат потешки повреди на законите и обичаите на војната против цивилното население, воените заробеници, грабежот и намерното разурнување на цивилни објекти без воена потреба. Злосторствта против човечноста можат да се извршат и за време на мир со разни нечовечни дејствија врз цивилното население: убиства, истребување, депортација, прогон поради политички или верски убедувања или поради национална припадност и сл.
Пред донесувањето на Лондонската спогодба и претходи ставот на сојузничките сили дека по завршувањето на војната ќе им биде судено на извршителите на дотогаш во историјата невидени злосторства на масовни убиства во концентрациони логори, депортации, масовни разурнувања и сл. Со Лондонската спогодба е основан Меѓународен воен суд надлежен да им суди на големите воени злосторници чија дејност не може да се локализира во границите на една држава. Со Нирнбешката пресуда од 1946 год, со која е напишан епилогот на една од најморничавите истории во човечката историја, се развиле и конечно се формулирале основните принципи содржани во Статутот на судот. Покрај Нирнбершкиот процес со кој им е судено на 22 главни воени злосторници и Токискиот процес со28 осудени, сојузниците основаа и воени судови во нивните зони на окупација, пред кои се изречени поголем број пресуди за воени злосторства, од кои и значителен број смртни казни.
Од 1945 до 1949 год се одржани тринаесет процеси пред Нирнбершкиот трибунал, од кои на првиот им е судено на главните воени злосторници, а на следните на други извршители на вакви дела врз основа на Законот бр.10 на Надзорниот совет за Германија. Првиот Нирнбершки процес заврши со изрекување на следниве казни: тројца се ослободени од обвинение, дванаесет се осудени на смртна казна, тројца на доживотен затвор и четворица на временска казна затвор. Смртната казна на десет осуденици е извршена со бесење, еден бил во бегство, а еден се самоубил.[3]
Во чл.2 од Статутот се вели дека Судот е составен од четворица судии, именувани од четирите големи сили, кои имаат и свои заменици. Според чл.27 и 28, Судот може да изрече смртна казна или која било друга казна што ја смета за праведна, како и конфискација на имот. Статутот и Нирнбершката пресуда утврдуваат неколку основни начела на меѓународното казнено право во однос на одговорноста за меѓународни казниви дела. Прво, организаторите, водачите и соучесниците во злосторничкото здружение одговараат за сите дела што се извршени од било кој член на здружението во реализацијата на планот или заговорот во чие составување или извршување тие учествувале. Второ, организации, групи, партии или влади, чии раководители се прогласени за воени злосторници, може исто така да се сметаат за злосторнички, со што и сите припадници на тие организации можат да бидат изведени пред суд. Трето, службената положба на извршителот на делото како шеф на државата или службено лице во државната администрација не ја исклучува одговорноста и не може да се уважува како основа за ублажување на казната. Четврто, фактот обвинетиот работел согласно со наредбите на својата влада или на својот претпоставен не го ослободува од одговорност, но може да се уважи како причина за ублажување на казната, ако Судот оцени дека тоа е справедливо.
Приговорот на одбраната дека Статутот содржи казнени одредби со ретроактивно дејство, со кои според тоа се повредува темелното начело на законитост, е одбиен со аргументот дека делата што се во надлежност на Судот претставуваат казниви дела и според казнените законодавства на државите во кои се извршени.
Со Статутот на Меѓународниот воен суд и со неговите пресуди, формулирани се определени општи начела на меѓународното кривично право, како што се:[4]
Ø службена положба на извршителот на злосторството дури и како шеф на држава или влада не може да биде околност за ослободување или ублажување на казната;
Ø фактот што извршителот постапувал по наредба на својата влада или на претпоставен старешина, не може да биде основ за ослободување од одговорност; и
Ø фактот што националното право на извршителот не предвидува одговорност за меѓународно злосторство, не го ослободува од кривична одговорност.
Со Нирнбершкиот процес побиена е една дотогаш речиси несовладлива пречка за супремација на системот на меѓународната казнена правда, наспроти доктрината на апсолутниот суверенитет на државата.[5] Меѓународната казнена правда започнала да функционира само против злосторниците од победените држави, додека повредите сторени од лица на победниците, останале да се пресудуваат пред надлежните национални судови.
Со резолуцијата на Генералното собрание на ОН од 1946 година, потврдени се основните начела од Статутот и од пресудата на Нирнбершкиот суд и прифатени се како основни принципи на позитивното меѓународно кривично право. Следната година комисијата за меѓународно право на ОН, добила задача согласно со Нирнбершките основни принципи, да подготви меѓународен кривичен законик за кривични дела против мирот и безбедноста на човештвото и Статут за постојан Меѓународен кривичен суд.
Под влијание на Нирнбершките основни кривично правни принципи, следело донесување на повеќе меѓународни конвенции: Конвенција за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948; Женевските конвенции за заштита на жртвите во војна од 1949 и нивните дополнителни протоколи од 1977; Конвенција за заштита на културните богатства од 1954; Конвенција за незастарување на воените злосторства и злосторствата против човечноста од 1968 и други конвенции кои се во врска со забрани и рестрикции на определени видови оружја.
3. Хашкиот трибунал за злосторства во поранешна Југославија
За злосторствата кои биле извршени во војните за време на „студената војна“, односно за нивно судење, меѓународната заедница не можела да интервенира, поради различните политички позиции и интереси на светските сили. Во ситуација на релативно порелаксирана состојба во односите помеѓу големите сили и по повод на дотогаш невидените нечовечки постапки против човекот, а според последиците најтешките злосторства во 20 век извршени во вооружените судири во бивша Југославија и во Руанда, формирани се два ad hoc трибунали за судење на злосторствата. Трибуналите се основани со одлука на Советот за безбедност на ОН, зотоа што немаше доволно време за елаборирање на меѓународен договор за да се формира суд. Со нив не е предвидено по завршувањето на војната да им се суди само на победените, туку имаат задача да им судат на сите страни во судирите.
За разлика од судовите во Нирнберг и Токио, кои биле основани од четири сојузнички сили, зад судовите за Југославија и Руанда стои организацијата на ОН, со што легитимитетот на судовите е загарантиран на светско ниво. Нивното создавање треба да се разбере како решително барање и закана од меѓународната заедница за да се запрат актуелните акти на геноцид и воени злосторства на одредени региони.
Хашкиот трибунал е основан со Резолуциите на Советот за безбедност на ОН број 808 и 827 од 1993 година, како трибунал за судење на лицата одговорни за сериозни повреди на меѓународното хуманитарно право, извршени на подрачјето на бивша Југославија од 1 јануари 1993 година.[6] Со ова е определена просторната и временска надлежност на Судот. Советот за безбедност усвоил и Статут на трибуналот. Согласно со Повелбата на ОН, државите се должни да постапуваат според решенијата на трибуналот, а особено во врска со неговите наредби за апсење и предавање на осомничените злосторници на трибуналот.
Во вооружените судири во Хрватска и БиХ како да немаше агресори. Сите страни во судирите поаѓаа од тоа дека бранат највисоки национални интереси, дури и кога тргнаа во етничко чистење на териториите за создавање на големи држави. Притоа властите поттикнуваа злосторничко војување и своите злосторства ги правдаа со актуелните злосторства од страна на противниците и со стари гревови. од таквите влади можеше да се очекува прикривање и заштита на своите злосторници и потполно некоректно судење на заробените непријателски осомничени злосторници. Во таква ситуација нема никакви шанси да функционираат независни и непристрасни национални правосудни системи.
Значењето на Хашкиот трубал е многу поголемо од досегашните меѓународни судови, бидејќи со него за првпат зад примената на меѓународно кривично право стои не одредена држава или држави, туку непосредно самата меѓународна заедница со своите инструменти, со помошта на кои треба да ги изведе воените злосторници пред воената правда.[7]
Хашкиот трибунал треба да се смета како одговор на меѓународната заедница на еден тотален судир и нарушување на мирот во средината на Европа. Судот има три функции:[8]
Ø да ја задоволи правдата со казнување на злосторниците;
Ø да придонесе за престанување со повредите на меѓународно хуманитарно право; и
Ø да послужи како ефикасно превентивно средство за одвраќање од криминалните намери во иднина на сите криминогени лица.
Очигледно е дека овие цели не можеле да се остварат со националните судови, бидејќи она што го превзеле судовите во Србија, Хрватска и БиХ, претставувале само обична карикатура од прогон и казнување.[9] При такво злосторничко однесување во судирите на Балканот, Советот за безбедност на ОН уште во мај 1992 со резолуцијата 752 побара прекинување на борбите, почитување на територијалниот интегритет, распуштање на паравојските и повлекување на единиците на ЈНА и хрватските сили од БиХ. Наредната година, односно 1993 следат резолуциите за основање на Хашкиот трибунал.
Страните кои биле во судир имаат различен однос спрема Хашкиот трибунал и не изразуваат еднаква подготвеност за соработка со него. Република БиХ ж прва донесе Уредба со законска сила за предавање на злосторниците по барање на Меѓународниот трибунал, од 6 април 1995 година. Република Хрватска донесе Уставен закон за соработка со Меѓународниот кривичен суд, од 26 април 1996 година, но со определени ограничувања и резерви да не се повреди државниот суверенитет. Јавното население во СР Југославија долго време е насочувано за оспорување на легитимитетот на Хашкиот трибунал, со оправдување дека тој е политичка институција против уставниот поредок и суверенитет на државата и против српскиот народ. Во врска со оваа ситуација, истакнати југосливенски експерти како Шаховиќ извлекуваат заклучок дека: опасен и перфиден е ставот на нашата влада која го осудува постоењето на Хашкиот трибунал, што е отпор да се афирмира еден од најплеменитите трендови за афирмација на меѓународното кривично правосудство.[10]
Според членовите 2-5 од Статутот на Хашкиот трибунал, тој е надлежен да суди за четири категории на кривични дела, кои претставуваат тешки повреди на меѓународно хуманитарно право. Тие се:
Ø тешки повреди на Женевските конвенции од 1949 година;
Ø повреди на воени закони и обичаи;
Ø геноцид; и
Ø злосторство против човечноста.
Повредите на Женевските конвенции опфаќаат: извршување или наредување да се изврши убиство, мачење, биолошки експерименти итн. Повредите на воени закони и обичаи опфаќаат: употреба на отрови или друго оружје со што се нанесуваат непотребни страдања, уништување градови и села или пустошење што не е оправдано со воени потреби итн. Геноцид вклучува организирање, поттикнување, обид и соучесништво во геноцид. Злосторства против човечноста опфаќаат: дела извршени против цивилно население за време на вооружени судири како што се убиства, истребување, заробување, протерување, мачење.[11]
Сите овие групи на кривични дела беа кодифицирани со Кривичниот закон на СФРЈ од 1976 година во шеснаесетта глава. Со тоа е решено основното начело за законитоста, односно предвиденоста со закон на кривичните дела и нивните санкции, пред извршувањето на кривичните дела. Во согласност со ова е и резолуцојата на Советот за безбедност на ОН број 808 од 1993 година, која упатува на тоа дека примената на начелото nullum crimen sine lege бара од меѓународниот трибунал да ги применува правилата на меѓународното право кои се без сомнение дел од обичајното право. Инаку, обичајните правила ги обврзуваат сите држави, како општо прифатена практика меѓу државите.
За судење на злосторниците од вооружените судири на територијата од поранешните југословенски републики, надлежен е Хашкиот трибунал но и националните судови, што значи дека постои паралелна надлежност. При ваквата ситуација трибуналот има предност и може во секоја фаза на кривичната постапка да побара од националниот суд да го отстапи кривичниот предмет на трибуналот. Според тоа, доколку националните органи за кривичен прогон функционираат ефикасно и непристрасно, тогаш нема потреба меѓународниот суд на еден начин да го загрозува националниот суверенитет на Србија, Хрватска, БиХ и Македонија.
4. Меѓународен кривичен суд
Во Рим 1998 година, од страна на Генералното собрание на ОН, со резолуција свикана е Дипломатска конференција на која е усвоен Статутот на Меѓународниот кривичен суд, со седиште во Хаг. Статутот е потпишан од 85 држави, меѓу кои и Република Македонија, а стапил во сила кога го ратификувале 60 држави. До средината на 2000 година, Статутот е ратификуван од 14 држави. Статутот е резултат на повеќе децениска работа на Комисијата за меѓународно право на ОН за основање на Постојан меѓународен кривичен суд и за донесување на Кодекс на меѓународни злосторства, односно Меѓународен кривичен законик.
За разлика од кривичните трибунали за поранешна Југославија и Руанда, јурисдикцијата на овој суд не е ограничена по простор и време, туку има постојан карактер. Покрај тоа, тие трибунали без формирани со резолуции на Советот за безбедност на ОН, додека меѓународниот кривичен суд е основан со Статут, што претставува специјален вид на меѓународен договор помеѓу држави. Меѓународниот суд на правдата, кој исто така е со седиште во Хаг решава правни спорови меѓу држави и дава правни мислења на органи и установи одредени со Повелбата на ОН. За разлика од него, меѓународниот кривичен суд расправа кривична одговорност на поединци. Покрај организациони и процедурални одредби, Статутот содржи и одредби, со кои се врши парцијална кодификација на одредени меѓународни злосторства, за кои е надлежен Меѓународниот кривичен суд (член 5).[12]
Во надлежност на меѓународниор кривичен суд спаѓаат четири категории на меѓународни злосторства:
Ø воени злосторства;
Ø геноцид;
Ø злосторства против човечноста;
Ø злосторство на агресија
Во член 5, став 2 од Статутот се вели дека одредбата за злосторство на агресија има одложено правно дејство, така што ќе стапи во правна сила тогаш кога ќе биде обезбедена општо прифатена дефиниција за агресија, а дотогаш судот не може да суди за тоа злосторство.
Во член 6 е дадена дефиницијата за геноцид која е превземена од Конвенцијата за казнување на злосторството геноцид од 1948, а истата гласи: целосно или делумно умислено уништување национална, етничка, расна или верска група со вршење убиства на членовите на групата, нанесување тешки физички или психички страдања, ставање на групата во услови на живот пресметани да доведат до нејзино целосно или делумно уништување, наложување мерки насочени кон спречување на ражања во групата и присилно префрлање на деца од една во друга група. Со тоа се покриени физичкиот и биолошкиот геноцид.[13]
Под злосторства против човечноста се подразбира преземање на акти кои се насочени против цивилно население. Тие се наброени во член 7, а тука спаѓаат: убиство, истребување, доведување во ропска положба (односно трговија со бело робје), депортација или принудно преселување на население, затворање или друго тешко ограничување на физичката слобода, тортура, сексуално насилство (силување, присилување на проституција), прогонување на група или колективитет врз основи кои се недозволени по меѓународното право (политичка, расна, национална и други основи) и други нехумани акти со сличен карактер со кои се предизвикува големо страдање или сериозна повреда на менталното или физичкото здравје.
Во член 8 се опишани воените злосторства со кои се опфатени тешките повреди на Женевските конвенции од 1949 година и на нивните дополнителни протоколи од 1977 година. Тие се однесуваат како на меѓународен така и на внатрешен судир, а тука спаѓаат акти против заштитени лица и објекти, како што се: убиства, тортура, биолошки експерименти, земање заложници и други нечовечки постапки против лица кои директно не учествувале или престанале да учествуваат во непријателствата (ранети, болни, заробени, уапсени), како и уништување или присвојување имот што не е опавдано со воена потреба. Покрај тоа под воени злосторства спаѓаат и тешките повреди на „законите и обичаите“ што се применуваат во меѓународни вооружени судири, меѓу кои се: употреба на забранети оружја, намерни напади на цивили, цивилни објекти и врз хуманитарни и мировни мисии, бомбардирање и напади на населени места или наобјекти што не се бранети или не се воени цели. За воени злосторства се сметаат и тешките повреди на „законите и обичаите“ што важат во внатрешен вооружен судир, како што се: намерни напади на цивили или на лица и објекти (транспортни средства, медицински единици) кои се обележани со заштитни знаци предвидени со Женевските конвенции, регрутирање на деца помлади од 15 години итн.
Меѓународниот кривичен суд е надлежен за судење на наведените злосторства само во однос на државите кои го имаат ратификувано Статутот. Освен тоа Судот може да ја врши својата надлежност ако ја прифаќаат неговата надлежност една или повеќе од следниве држави: државата на чија територија е извршено делото, или ако делото е извршено на брод или воздухоплов - државата на регистрација, или државата чиј државјанин е обвинетиот.[14]
Судот не работи наместо националните судови и не ги заменува нив, туку ги дополнува, така што пред него не може да се поведе постапка ако националните правосудни системи коректно и ефикасно функционираат. Според тоа, надлежноста на судот има дополнителна (супсидијарна, комплементарна) функција во однос на националните судови. Значи судот ќе интервенира само ако државата не сака или не може да поведе и спроведе ефикасна и правилна кривична постапка против извршителите на меѓународните злосторства од надлежноста на Судот. Обично државата не сака да го стори тоа од политички причини, за да не се откријат злосторствата на политичарите. За разлика од овој суд, трибуналите за поранешна Југославија и Руанда имаат примарна надлежност во однос на националните судови, без оглед на нивната можнос и подготвеност за судење.
Можна е ситуација кога национален суд спровел формална кривична постапка и донел осудителна пресуда поради злосторство од надлежност на Меѓународниот кривичен суд. По правило за пресудена работа не е дозволено двапати да се суди. Според начелото non bis in idem никој не може да биде суден пред друг суд за дело за кое бил осуден или ослободен од страна на Меѓународниот кривичен суд и никој што е осуден пред друг суд не може да биде суден пред Меѓународниот кривичен суд.[15] Меѓутоа меѓународниот кривичен суд може да ја повтори постапката, ако со пресудата на националниот суд не се опфатени сите инкриминации сторени од обвинетиот или дејствијата се квалификувани како полесна форма на кривично дело или ако е изречена неадекватна казна.[16]
Постапката пред судот гарантира право на јавно, фер и непристрасно судење, со право на бесплатна одбрана и други права согласно со општо прифатените стандарди за процесната положба на обвинетиот во кривичната постапка. Обвинетиот може да биде осуден на казна затвор до 30 години, а исклучително на доживотен затвор. Покрај казна затвор можат да се изречат како споредни санкции и парична казна и конфискација на противправно присвоени предмети и на имотна корист. Пресудата се изрекува јавно и во присуство на обвинетиот. По жалба против пресудата решава Апелационен судски совет. Статутот содржи и одредби за заштита на сведоците и оштетените лица и право на надомест на штета поради неосновано лишување од слобода.
Покрај општите одредби за соработка и за постапување по барање за соработка, содржани се и одредби за предавање на осомничени лица на Судот, според кои секоја држава потписничка е должна да го предаде бараното лице. Установени се и многу други правила меѓу кои позначајно е тоа дека во случај на паралелно барање за екстрадиција од Судот и од друга држава, предност има барањето на Судот. И покрај сето тоа, екстрадицијата на домашни државјани наидува на уставно - правни и законски пречки во повеќе законодавства. Тука можеме да го спомнеме случајот „Локерби“ како типичен пример. Па така во член 4, став 2 од македонскиот Устав и во член 510 од ЗКП е пропишано правилото дека не е допуштена екстрадиција на домашни државјани, со што се наметнува потребата од нивно итно менување.
Финансирањето на судот се врши од посебен фонд, алиментиран од контрибуции на државите, од средства на ОН со нивно одобрување од Генералното собрание и од доброволни контрибуции на државите и на други органи, организации и поединци.[17]
Со основањето и функционирањето на Меѓународниот кривичен суд, не се остварува само правната и моралната обврска за репресија на криминалот, односно казнување на злосторниците, туку нивната праведна осуда треба да претставува најефикасно средство за одвраќање од повреди на меѓународно хуманитарно право. Тој е создаден и за насочување на непријателствата кон мирот, како и за создавање на услови за траен мир, со враќање на довербата на луѓето во правниот систем и во правдата. На дипломатката конференција во Рим, во прилог на усвојување на Статутот на судот, била истакната девизата: „нема мир, без правда“.
5. Заклучок
Со основањето на меѓународните кривични трибунали и со очекуваниот почеток на нивното функционирање, е завршена една мошне важна фаза во конституирањето на системот на меѓународно кривично право и меѓународна казнена правда. Со тоа се достигнати резултатите на еден вековен процес на поставување на меѓународни казнено - правни забрани, како израз на заедничките интереси, како и на зацврстувањето на неприкосновената позиција на човекот како субјект на меѓународното право и систем на казнена правда, што воедно е и најсилната гаранција за заштитата на неговите слободи и права. Основањето на меѓународните кривични трибунали е резултат на дејствувањето на еден силен фаткор, а тоа се човековите слободи и права, нивното универзално значење и нивното ново претставување со што тие се мерило за сите нешта и основа на правниот систем (национален и меѓународен).
Ефикасното функционирање на целосниот национален и меѓународен систем на казнена правда, претставува единствена успешна препрека, пред се по големиот пораст на злосторствата и неговите се позастрашувачки транснационални димензии. Само таквиот систем може да дејствува превентивно, одвраќајќи ги потенцијалните извршители од помислата дека можат неказнето да се извлечат од казнената одговорност, барајќи заштита во одредена држава.
Еден справедлив и ефикасен Меѓународен кривичен суд, кон кого се свртени очите на сета демократски ориентирана јавност, несомнено е дека ќе претставува камен - темелник на новиот праведен светски поредок, отвара нова страница на правото и на модерниот концепт на правна држава.
К О Р И С Т Е Н А Л И Т Е Р А Т У Р А
Ø Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998
Ø Воислав Василески, Меѓународно хуманитарно право, Скопје
2002
Ø Љ. Аќимович, Хуманитарно право, Београд 1997
Ø В. Василевич, Хуманитарно право, Београд, 1997
Ø М. Шаховиќ, Хроника меѓународне изолације, Београд 2000
Ø Владо Камбовски, Казнено право - Општ дел, Скопје 2004
Ø В. Василевич, Меѓународен кривичен суд, Београд 1968
Ø Крапач, Меѓународни суд за ратне злочине на подручју бивше Југославије, Загреб 1995
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] Василијевич, Меѓународни кривични суд, Београд 1968, стр.10
[2] Воислав Василески, Меѓународно хуманитарно право, Скопје 2002, стр.517
[3] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.381
[4] Воислав Василески, Меѓународно хуманитарно право, Скопје 2002, стр.517
[5] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.383
[6] В. Василевич, Хуманитарно право, Београд 1997, стр.374
[7] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.388
[8] Воислав Василески, Меѓународно хуманитарно право, Скопје 2002, стр.520
[9] Љ. Аќимович, Хуманитарно право, Београд 1997, стр. 497
[10] М. Шаховиќ, Хроника меѓународне изолације, Београд 2000, стр.111
[11] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.389
[12] Воислав Василески, Меѓународно хуманитарно право, Скопје 2002, стр.522
[13] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.399
[14] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.401
[15] Владо Камбовски, Казнено право - Општ дел, Скопје 2004, стр.178
[16] Воислав Василески, Меѓународно хуманитарно право, Скопје 2002, стр.524
[17] Владо Камбовски, Меѓународно казнено право, Скопје 1998, стр.413
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!