ДЕФИНИРАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ, МЕНАЏЕРСТВОТО И МЕНАЏИРАЊЕТО
Во поново време менаџментот стана главна карактеристика на една модерна нација и тоа како менаџмент во претпријатијата, т.е. науката за менаџментот стана основна карактеристика на индустриското и постиндустриското општество.
Во модерното економско работење, менаџментот е секако еден фактор кој е од исклучително значење. Поради неговата важност во работењето на претпријатието, покривајќи ги сите функции на работењето, менаџментот претставува подрачје од посебен интерес во микроекономската наука. Зголемениот интерес произлегува од:
- општествениот карактер на менаџментот со кој се насочуваат одговорностите во правец на ефикасно извршување на целите;
- од фактот што менаџментот е основна карактеристика на индустриското општество;
- од тоа што менаџментот е специфичен орган во деловното претпријатие...
Како за сите науки во современиот свет, така и за менаџментот, денес, постојат многу дефиниции, од кои многу од нив се комплексни. Тие обично се однесуваат на функциите кои го сочинуваат менаџментот, како и на начинот на кој менаџерите ја извршуваат својата работа. Така, Вајтло, Крум и Крајвелон го дефинираат менаџментот како процес на планирање и одлучување, организирање, раководење и контролирање на човечките, финансиските, физичките и информативните ресурси на организацијата заради остварување на нејзините цели на ефикасен и ефективен начин.[1]
Професорот Трајан Гоцевски менаџментот го сфаќа како “сеопфатен и универзален процес насочен кон остварување на однапред поставените цели на економските субјекти”.[2]
Во интернет енциклопедијата “Википедија” се укажува дека терминот “менаџмент” потекнува од стариот француски збор menagement, кој значи управување, од латинскиот збор manuagere, што значи да се води со рака, како и од англискиот поим management - во смисла на раководење. Таму менаџментот е дефиниран како процес на водство и управување на дел или на цела организација (најчесто на бизнис), преку развој и раководење со ресурсите (човечки, финансиски, материјални, интелектуални и други).[3]
При дефинирањето на менаџментот се истакнува дека тој е динамичен процес кој претпоставува успешно раководење со работниците и успешно искористување на расположливите ресурси за остварување на поставената цел, без разлика дали станува збор за претпријатие, државен орган, банка, универзитет, болница и слично.[4]
Постојат и дефиниции на менаџментот кои поаѓаат од местото и улогата на поединците во тој вид активност. Така, се вели дека менаџментот е процес на создавање услови во кои поединците, работејќи заедно со други луѓе во групи, ефикасно ќе ги постигнуваат избраните цели.[5]
Различното определување на содржината, принципите и функциите придонесува за различно дефинирање на менаџментот, поради што недостасува широко прифатена дефиниција. Менаџментот е дефиниран на различни начини. Во менаџмент-теоријата постојат различни стојалишта за дефинирање на менаџментот, како што се подолу изнесените.
- Според првото стојалиште менаџментот има организациона улога, ги поставува обврските, одговорностите и односите во претпријатието. Менаџментот има улога на поставување обврски, одговорности и односи во едно претпријатие.[6] Менаџментот се дефинира како општествен процес на пренесување на одговорноста за корисно планирање и регулирање на операциите во едно претпријатие, на остварување на формулираните цели, како и одговорноста која вклучува:
а)расудување и одлучување за плановите, употреба на податоци за контрола на извршувањето и унапредувањето на напорот и
б)водење, поврзување, мотивирање и контрола на кадрите во претпријатието и спорведување на активностите[7];
- Според второто стојалиште, менаџментот упатува на процес на извршување на работата, ефективно и ефикасно, со помош на други луѓе[8], или, пак, менаџментот е процес на остварување на организациските цели со ангажирање на четирите главни функции: планирање, организирање, лидерсто и контролирање.[9]
- Според третото стојалиште, менаџментот се дефинира и од аспект на ситуацијата во која се применува. Ситуациониот менаџмент се однесува на односите меѓу важни варијабли во опкружувањето и соодветниот менаџмент -концепт и техники кои водат кон ефикасно остварување на целите[10];
- Според четвртото стојалиште, менаџментот од стратегиски аспект се дефинира како начин за определување на долгорочна приспособливост на претпријатието кон окружувањето. Тој се дефинира како процес на идентификација, избирање и извршување на најпрофитабилен начин, остварување на долгорочна компатибилност меѓу внатрешните искуства и ресурси на една организација и конкурентското, економското и општественото окружување во кое организацијата работи[11];
- Според петтото стојалиште, менаџментот се дефинира и како процес на на извршување на посебни функции. Менаџментот е посебен процес на планирање, организирање, поттикнување и контролирање, извршувани за остварување на поставените цели, со помош на човекот и другите ресурси. Ваквото дефинирање на менаџментот укажува на неговите три основни делови: ресурси, функции и цели.[12]
- Според шестото стојалиште, менаџментот во претпријатието се дефинира и како ефикасно искористување на ресурсите. Менаџментот претставува остварување на организациските цели на ефективен и ефикасен начин, со помош на планирање, организирање, лидерство и контрола на огранизациските ресурси[13], или пак, менаџментот е искористување на физичките и човеките ресурси со координиран напор, а тоа е со извршување на функциите на планирање, организирање, кадри, насочување и координирање[14];
- Според седмото стојалиште, менаџментот се дефинира и од аспект на одлучувањето, па така, менаџментот е континуиран процес на донесување одлуки, извршување ревизија[15];
Иако презентираните стојалишта се дивергентни, сепак можат да се извлечат неколку заеднички елементи за да се предложи посинтетизирана дефиниција.
Менаџментот се дефинира како универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните дели на претпријатието.
Основните елементи на дефиницијата за менаџмент се: процец, ресурси, ефектривно и ефикасно извршување на работата од страна на други луѓе и цели.
Првиот елемент се однесува на менаџментот како универзален процес. Менаџментот е универзална активност бидејќи се наоѓа во сите видови претпријатија, во сите функции, и на сите нивоа во претпријатието. Тој се случува во паркови, на ранчеви, во болници, на фарми, универзитети, во градови, синдикални организации, полиција, цркви, на аеродроми и во општински организации. Но, менаџментот функционира сосема различно. Менаџментот е универзален процес. Тој е процес бидејќи вклучува серија на акции кои водат кон остварување на целта. Тој е динамичен процес, бидејќи му дава живот на секој дел од работењето. Тој е општествен процес бидејќи овие акции во принцип се однесуваат на односите меѓу луѓето. Менаџментот е процес атоа што претставува комибирање на ресурсите од страна на менаџерите за остварување на целите. Основниот процес на остварување на работата со помош на другите е ист за сите менаџерски работи на ситре нивоа и во сите претпријатија. Ова не значи дека сите менаџери работат иста работа, или дека за сите се бара иста способност на различни нивоа. Процесот упатува на функции или на примарни активонсти извршувани од менаџерите. Менаџментот во основа е процес на планирање (одлучување, цели, политики, планови и предвидувања), организирање, координирање, мотивирање и контролирање на активностите, кои водат кон поефикасно извршување на целите на претпријатието.
Вториот елемент го сочинуваат ресурсите, и тоа човечките и материјалните ресурси. Човечките ресурси се однесуваат на човекот, а материјалните се однесуваат на парите, суровините, машините, опремата, средствата, зградите, имиџот на претпријатието. Од претпријатието денес се бара висок степен на ефикасност во користењето на човечките и материјалните ресурси. Во суштина, менаџментот постои кога менаџерите се одговорни за ефикасно насочување на човечкиот напор при користењето на материјалните ресурси.
Ефикасноста е значаен дел од менаџментот. Ефикасноста е употреба на минимум ресурси за да се произведе саканиот обем на производство. Ефикасноста упатува на односот помеѓу влезот и излезот. Менаџерите се заинтересирани за ефикасно работење на ресурсите и за минимизирање на трошоците за нив. Но тие не се само заинтересирани за ефикасноста, туку и за ефективноста, за комплетирање на активноста. Ефективноста е степен до кој претпријатието ги остварува поставените цели. Ефективноста е способност за остварување на целите. Таа упатува на она што го остваруваат менаџерите. Лошиот менаџмент најчест осе должи на неефективноста, во остварувањето на целите и на неефикасноста, нерационалното трошење на ресурсите.
Третиот елемент го сочинуваат луѓето со чиј напор се извршува работата. Со помош на луѓето, менаџерите ја извршуваат нивната работа.
Четвртиот елемент се однесува на формулирањето и остварувањето на целите на претпријатието со напорот на други луѓе. Менаџментот вклучува координација на човечки и материјални ресурси во насока на остварување на целите. Напорот на луѓето е насочен кон целите. Целите се потребни, бидејќи активностите треба да бидат насочени кон некој сакан краен резултат или состојба.
Имајќи превид дека секоја дефиниција на одреден поим до некој степен е субјективна и арбитрарна, голем број автори кои се занимаваат со изучување на оваа проблематика одбегнуваат директни дефиниции на менаџментот и своето внимание го свртуваат кон содржинската определба на поимот. Следствено, постојат голем број автори кои формулирале различни определби, објаснувања, толкувања на поимот менаџмент, во зависност од различното дефинирање на неговата содржина, принципи и функции, со што дошле и до разновиден пристап кон практичната основа на менаџерството како професија.
Претходново му дава за право на Роџер Бенет да смета дека “веројатно постојат онолку дефиниции за менаџметот колку што постојат автори за оваа област”.[16] Тоа придонесува менаџментот да се дефинира на најразлични начини.[17]
Имено, во теориите за менаџментот постојат различни критериуми при дефинирањето на овој термин и тоа во зависност од опсегот на неговото дејствување, т.е од определувањето на она што и како менаџерите работат, и во зависност од припадноста на авторот кон некоја од школите на менаџментот.
Според првиот критериум, при дефинирањето на менаџментот, во зависност од опсегот на менаџерското дејствување, има неколку вида пристап:
- прво, менаџментот се сфаќа како процес на извршување на работите за заедницата и со посредство на разни видови заедница, па се однесува на широки подрачја на активност.[18] Во оваа смисла, и Питер Дракер, гуру на современиот менаџмент, вели дека постојат голем број на “менаџерски работи”;[19]
- второ, со поимот за менаџментот се опишуваат сите нивоа на власт во рамките на организацијата, т.е. врвен, среден и низок менаџмент, а оттука се и улогата и позицијата на менаџерите кои треба нив да ги преземат врз себе;
- трето, терминот менаџмент означува функционален приод кој опфаќа планирање, организирање, координирање, мотивирање и контролирање, во остварувањето на целите на една стопанска организација во остварувањето на одредени економски резултати.[20] Во оваа смисла менаџментот е сфатен како збир од бројни функции и принципи кои ја истакнуваат дистинкцијата за тоа што менаџерите прават и како тоа го прават;[21]
- четврто, со поимот менаџмент се опфаќаат и вработените, финансиите, материјалите и целите, купувањето и продавањето, методите и постапките, средствата и опремата, односно со вклучувањето на економскиот предзнак во менаџментот тој е сфатен како поширок процес на извршување на работите преку други луѓе.[22]
Според вториот критериум, во теоријата постојат најразлични обиди за дефинирање на поимот менаџмент - согласно со многубројните школи за менаџмент: класичната школа, школата за процесен менаџмент, школата за меѓучовечките односи, математичката школа, емпириската школа, школата на социјални системи, ситуационата школа, школата за ефективен лидер, партиципативната школа, бихејвиористичката школа на менаџментот и други. Во зависност од школата на која и припаѓаат авторите, се нудат најразлични дефиниции за менаџментот.[23]
Иако овие стојалишта истакнуваат различни ставови, сепак во литературата можат да се сретнат и дефиниции кои претставуваат обид за сублимирање на досегашната долгогодишна работа на голем број теоретичари и практичари, припадници на една или друга школа, правец, учење или ориентација. Тоа значи дека можат да се извлечат неколку заеднички елементи за да се предложи една посеопфатна дефиниција, т.е. можно е да се укаже на она што е заедничко кај сите нив:[24]
- станува збор за процес (активност) во врска со поставувањето и реализацијата на целите на организацијата;
- при тоа се работи со луѓе;
- функциите во менаџментот се планирање, организирање и екипирање, (рако)водење, контролирање;
- работењето на менаџерот треба да резултира со ефикасно и ефективно (успешно) работење, односно со целисходно искористување на ресурсите.
Така, според професорот Бобек Шуклев, менаџментот може да се дефинира како “универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите за остварување на однапред дефинираните цели на претпријатието”.[25]
Генерално, треба да се подвлече дека е нужно менаџментот да почне да се дефинира и третира и како активност или процес. Тоа значи дека се нуди еден нов можен приод кој овозможува менаџментот да биде сфатен не само како наука и збир на упатства, туку и како негова практика. Во прилог на ова, денес е забележливо едно поместување на парадигмата од “менаџментот” како поим во “менаџментот” како една активност чиј практичен израз е “менаџирањето” или “менаџерство” како професија. Оваа констатација укажува на фактот дека кога се зборува за оваа област и факторите-условите за нејзината реализација, посоодветно би било да се говори или користи терминот “менаџерство”, бидејќи во денешната практика тоа е одредено и со неговите спроведувачи - менаџерите.
Поаѓајќи од претходново терминолошко разграничување и усогласување, уште повеќе, менаџерството подразбира извршување на работите или овозможување работите да се случат низ процес кој што луѓето го прифаќаат како начин или култура на нивното живеење и дејствување во организациите. Оттука, менаџерството треба да биде сфатено како практична примена на сите досега стекнати искуства и научни сознанија, преточени во практично дејствување, базирано на најважните цели и врз основните принципи на менаџментот. Така ќе се постигне една од основните цели на човечкото постоење и цивилизациски развој - етиката и моралните вредности да станат определувачки норми како за секој вид на активност и реализација, така и за менаџментот и менаџерите.
Во набројаните дефиниции на менаџментот, без оглед на нивната прифатливост или опфат, она што може да се изведе како заеднички именител е токму недостигот од нагласување и дефинирање на улогата на етиката, односно на почитувањето на етичките вредности и норми како основен предуслов за исполнување на императивот на новото време - создавање на однесување базирано врз основните принципи на етиката.
Доколку се води сметка и за оваа забелешка, која подразбира и нејзина имплементација на етичките аспекти во дефиницијата на поимите “менаџмент”, “менаџирање” и “менаџерство”, тие нема да бидат само номинално набројување на одредени функции и улоги, туку ќе претставуваат и упатство како да се исполни нивната општествена улога.
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] C.R. Whitlock, R.D. Krumme i D.P. Crivellone, Mena|ment u akcii, Mladost, Beograd, 1990, str. 138.
[2] Трајан Гоцевски, Образовен менаџмент, второ издание, Македонска ризница, Куманово, 2003, стр. 26.
[3] Management, < http://en.wikipedia.org/wiki/Management >.
[4] Трајан Гоцевски, цит. дело, стр. 22.
[5] H. Koontz & H. Weihrich, Management, Ninth edition, McGraw-Hill Book Company, New York, 1988, p. 8.
[6] J.D. Dunn, Elvis Stephens, J. Roland Kelley, Management esentials: Resource, McGraw-Hill Book Company, Inc., New York, 1973, p. 3.
[7] E.F.L. Brech (ed), The principles and practice of management, Longman, London, 1975, p. 19.
[8] Stephen P. Robbins, David A. DeCenzo, Fundamentals of management, third edition, Prentice-Hall, Upper Saddle river, New York, 2001, p. 6.
[9] Kathrin M. Bartol, David C.Martin, Management, third edition, McGraw-Hill, Boston, 1998, p. 5.
[10] Fred Luthans, Richard Schonberger, Russel Morey, Introduction to management: A contingency approach, McGraw-Hill Book Company, Inc., New York, 1976, p. 29.
[11] John Viljoen, Strategic menagement: How to analyse, choose and implement corporative strategies, Longman professional, Melbourne, 1991, p. 2-3.
[12] George R. Terry, Principles of management, Richard D. Irwin, Inc., Homewood, Illinois, 1972, p. 4.
[13] Richard L. Draft, Management, 5th ed., The Diryden press, San Diego, 2000, p. 7book.
[14] Clayton Reeser, Management functions and modern concept, Scott, Forestman and company, Glenwiew, Illinois, 1973, p. 1.
[15] Madhukar V. Joshi, Management science: A survey of quantitative decision-making techniques, Duxbury Press, North Scituate, Massachusetts, 1980, p. 12.
[16] R.D.Bennett, "Management and the relevance of the behavioural sciences", in: A.G. Cowling, M.J. Stanworth and others. Behavioural sciences for managers, Edward Arnold, London, 1988, p. 2.
[17] За најразличните начини на дефинирање на менаџментот види кај Бобек Шуклев, Менаџмент, четврто издание, Економски факултет, Скопје, 2004, стр. 3.
[18] C. Renold, The nature of management, Occasional paper No. 2, BIM, 1949.
[19] Peter Drucker, The practice of management, Heinemann, New York, 1955, p. 22.
[20] Јордан Крстески, Економски лексикон, трето издание, Просветно дело, Скопје, 1998, стр. 378.
[22] J. Scott, J. & A. Rochester, What is manager?, Sphere, BIM, 1984, p. 79.
[23] Резиме за различните определби на менаџментот дава професорот по Менаџмент на Економскиот факултет во Скопје, Бобек Шуклев, цит. дело, стр. 1-5.
[24] Тодор Кралев, Основи на менаџментот, ЦИМ, Скопје, стр. 4-5.
[25] Бобек Шуклев, цит. дело, стр. 5.
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!