Predmet: Човекови права и слободи
1. Вовед:
Поимот човекови права е релативно нов и во секојдневната терминологија навлегува после втората светска војна и формирањето на ООН.
Човековите права се највисок дострел во развојот на вредностиот систем на човекот тие претставуваат сублимација на хуманата димензија на сите претходни учења ( религиозни, филозовски , правни ) и мерило на достигнтиот развој на човештвото. Тие претставуваат најуниверзално ( од страна на најголем број на култури, теории и држави ) прифатен систем на вредности кој многу повеќе од прост збир од вредности на составните делови и развојните конкуренти. Системот на човекови права не нуди готови одговори и решенија кои можат да се применат на секоја животна ситуација. Концептот треба да се свати пред се како начин на гледање на работите систем од основни принципии стандарди кои ја даваат најглобалната рамка во која се сместуваат човечките односи. Тој е систем од ориентири кои го исцрпуваат сопствениот простор на секоја индивидуа и ги трасираат патиштата на односот со другите.
Човековите права се дефинираат како оние права кои се содржани во меѓународните акти и документи и прифатен и од голем број на држави како составен дел од нивната национална легистатива.[1] Појдовни точки на целиот концепт се : животот и достоинството на човечкото битие. Тој е нуклеусот околу кој се гради целокупниот цонцепт на човековите права и слободи.
Во член 1 од универзалната декларација стои:
„Site ~ove~ki su{testva se ra|aat slobodni i ednakvi po dostoinstvo i prava. Tie se obdareni so razum i sovest i treba da se odnesuvaat eden kon drug vo duhot na op{to ~ove~kata pripadnost„
Појдовен елемент на концептот за човековите права и слободи е дека правата не се дадени од ниту еден специфичен авторитет ( држава , владетел, сила надвор од човекот) туку дека тие ги поседува секое човечко суштество заради тоа што така се договориле сите луѓе на дадениот стеепен од развојот на човековата цивилизација.
Прв елемент по кој концептот за човековите права единствено и во кој се разликува од верските и моралните учења е универзалноста на важењето на човековите права и слободи . Фактичката универзалност е втемеленава во формулациите и во структурата на концептот по втората светска војна (во повелбата на ООН , а потоа и во универзалната декларација за човековите права).
2. Анализа на универзалната декларација
2.1. Настанок:
Поради ѕверствата извршени од страна на нацистичка Германија кои излегоа на видело по завршување на Втората светска војна, се појавило општо мислење во светската заедница дека Повелбата на Обединетите Нации не одредува доволно права кои треба да се заштитат. Поточно Универзалната декларација која во потполност ги одердува правата на поединците била крајно неопходна. Канаѓанецот Џон Петерс Хамфри бил повикан од страна на Секретаријатот на Обединетите нации да работи на проектот и да стане главен основач на декларацијата. На Хамфри му асистирале Еленор Рузвелт од Соединетите Држави, Рене Касин од Франција, Чарлс Малик од Либан, и П.Ц. Чанг од Кина. Прогласувањето е ратуфикувано за време на заседувањето на Генералното собрание 10. Декември 1948 година со 48 гласови „за„ и 0 „против„ , со 8 „воздржани„ (целиот советски блок, Јужна Африка и Саудиска Арабија). Изненадува, централната улога која ја играл Канаѓанецот Џон Хамфри во основањето на повелбата, Канадската влада била воздржана за време на гласањето во однос на повелбата. Покасно владата го променила својот став кога нацртот излегол пред Генералното собрание.
2.2. Структура и правни последици:
Документот е заснован на традицијата на граѓанските права, и содржи преамбула и триесет одредби. Универзалната декларација е створена како цел на која би требало да се придржуваат владите, и не е правно обврзувачка. Декларацијата не претставува дел од Меѓународното право, но претставува значајно оружје во примената на дипломатските и моралните притисоци на владите кои ги кршат некои или сите одредби на декларацијата. Меѓународната конференција на Обединетите нации за правата на човекот во 1968 година одлучила да „декларацијата да претставува обавезна за сите членови на Меѓународната заедница„. Декларацијата послужила како основа за создавање на два правни пакти на Обединетите нации за правата на човекот, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права , и Меѓународниот пакт за економските и социјалните и културните права.
2.3. Главни принципи:
Вкупно постојат триесет членови кои ги штитат човековите права, но за најзначајни принципи се сметаат следниве:
Ø Право на живот, слобода и сигурност на човекот,
Ø Право на образование,
Ø Право на вработување, славење на празници, заштита од невработување и социјална сигурност,
Ø Право на полно учество во културниот живот,
Ø Заштита од тортура или свирепо, нечовечко третирање или казнување,
Ø Слобода на вера и вероисповед,
Ø Слобода на изразување и мислење.
2.4. Критики:
Одредени кругови ја критикувале универзалната декларација за човекоите права како спротивност на човековите права. Сметајќи дека одредени „економски права„ неможат да бидат човекови права затоа што мораат да бидат обезбедени по пат на присила, на пример наметнати. Сметале дека граѓанските права се оние што документот тежел да ги уништи. Нацистичка Германија и комунистичкиот Советски сојуз го примениле ова „економски права„ на својата влада и устав и завршиле стварајќи колективно резиме одговорно за смртта на милиони луѓе.
Капиталистите повремено се договарале документот да го дадат за пример за Северна Кореја која високо варира во економските права, додека Соединетите Држави спрема декларацијата ниско варираат, иако Соединетите Држави далеку се поперспективни и слободни отколку Северна Кореја.
Во Гинисовата книга на рекорди спаѓа и универзалната декларација за човековите права како „најпреведен документ„ во светот, до 2004 година, преведена на 321 јазици и дијалекти.
2.5. Универзалност:
Формално новата фаза од развојот на концептот за човековите права и слободи, започнува со создавањето на Обединетите нации(во 1945) и со донесувањето на универзалната декларација за човековите права и слободи во 1948 година. Појдовна синтагма на ООН, потоа разработена во универзалната декларација е: универзални права за сите луѓе.
Универзалноста на концептот мора да биде сватена од нејзината целокупност и полидимензионалност. Таа го опфаќа важењето на правата за секој , го содржи просторниот елемент секаде, ситуационата определба секогаш и се однесува на неделивоста на правата под формулацијата сите. Привидот на едноставноста на овој принцип, кој го дава апсолутната определба, всушност се судира со фактичката сложеност на неговата промена во реалноста. Судирот со религиите, културните модели, традициите, е само дел од проблемот. Најголем е проблемот на апсолутнопста на важењето која е најсвојствена за секојдневната перепција на луѓето и поделеноста на луѓето во групи по најразлични основи и принципи. Меѓутоа, токму инсистирањето на овој апсолут придонесло за постигнување на такво ниво на доследност во апликацијата на концептот, која го издигнала на нивото на заеднички вредносен систем и мерило на цивилизацискиот период на развој на светот, а не на една конкретна држава, систем или општествена определба.
Секој - во универзалноста на човековите права произлегува од нивната врзаност за човечкото битие како такво ( без разлика на било какви расни или статусни разлики, возраст, место на живеење, ситуација во која се наоѓа човекот ). а не за некоја конкретна група луѓе. Проблемот на "секој" е што луѓето вообичено веќе имаат одреден систем на ограничувања кој ги спречува да ја сватат целовитоста на оваа определба. Многу често тоа "секој" во нивната претстава е поврзано со одреден пол, или возраст, религија, раса социјална или статусна положба во општството, сексуална определба, поседување или непоседување одредени квалитети, определби или карактеристики. Отастапувањто од универзалното важење на човековите права во смислата "секој" , отворен простор за исфрлање од игра на термоните човек, или човештво, и нивна замена со термини кои определуваат конкретна група, а со тоа негирање на суштината на самиот цонцепт на човековите права и слободи.[2]
Просторниот елемент секаде подразбира дека луѓето го поседуваат базичните права и слободи како резултат на општиот цивилизациски развој и без разлика на кое ниво на развој се наоѓа определа држава на чија територија се наога човекот. Ваквиот пристап нужно произлегува од претходната определба на универзалноста во контекстот општочовечката важност и неможноста да се дели важењето на правата ниту според местото на живеење на луѓето и нивните активности во семејството, работното место, во поширокото опкружување и слично. Со овој елемент на универзалноста се овозможува постепено проширување на концептот на се поголем број држави како резултат на внатрешниот притисок на луѓето кој очекуваат и бараат одредено признавање, почитување и заштита на нивните права и слободи, и како резултат на надворешен притисок од државите кои веке го прифатиле соодветниот комплекс од стандарти. Овој пристап доведе до постепено проширување на важењето на концептот на територијата на одредена држава, не само на нејзините државјани туку и на сите оние кој ке се најдат на нејзината територија, односно на сите луѓе.
Секогаш-овој елемент на концептот го дефинира поседувањето на базичните права и слободи во секоја ситуација во која се наоѓа човекот (било да станува збор за временска определба или за специфични околности во кој се нашош човек и односите во кој произлегуваат од нив). Човекот како човечоко суштество ги поседува базичните права и слободи кој треба да му бидат почитувани и заштитени. Тоа значи дека правата и слободите не можат да му бидат негирани или тој да се откаже од нив ниту во екстремни ситуации на судир со заедницата, прекршување на правилата кои таа гипоставила или повредување на правата и слободите на другите. Елемнтот секогаш на универзалноста на концептот дава единствено можност за ограничување и редуцирање на одреден број права и слободи ( со цел заштита на другите, секогаш временски определена, секогаш однапред предвидено со закон, и во процедура која е исто така предвидена со закон). Од друга страна, големите отстапувања од важењето на секоја ситуација, отвара можност за такви огрничувања, кои во крајна линија го обесмислуваат концептот и ја спречуваат неговата реална потребливост ( што е како таква дефшшрано ив о редица во меѓунарофни документи).
Сите - како дел од универзаноста на концептот подразбира дека правата се замислени како кохерентен систем кои во пакет се поврзува со секое човечко суштество. , сите права е нераскинлив дел од кругот на универзалноста кј треба да овозможи неделивост на комплексот права врз било кој основ и кој укажува на нераскинливата поврзаност на правата карактеристична за самиот концепт.
Универзалноста на концептот е прифатена со прифаќањето на универзалната деклерација за човековите права на ООН и е потврдена на светските конференции за човековите права. Во пролкламацијата од состанокот во Техеран се истакнува дека "Универзалната деклерација за човековите права ги содржи заедничките сваќања на луѓето на светот за нивните неотуѓиви и неповредливи права како права на сите членови на човчкото семејство кои создаваат обврска за членките на меѓународната заедница. " Во универзалната деклерација и сите други меѓународни документи кои се однесуваат на човековите права и слободи се употребувааат терминате секој и никој ( без никаква додатна определба дефинирање или спецификување) . Ова секој и никој ја исклучува можноста од поставување на граница на важењето на правата по која било основа, во било кое време или ситуација. Поседувањето на правата неусовено со ништо и автоматски неможе да биде одземено поради ниеден изговор. Правата и слободите не се даваат и не се земааат. Тие и припаѓаат на човечките суштества од моментот на раѓањето и се поставува само прашањето колку може да се уживаат (практикуваат ) , дали некој ги ограничува( на кој начин ) , или некој ги повредува?
Иако дефинирани како универзално важечки, во првиот период од своето дефинирање во универзалната декларација (под влијание на дотогашната филозовска, политичка и правна мисла) правата фактички во одреден период не се поврзувале апсолутно со секое човечко суштество, (на пример при изработката на универзалната декларација за човекови права, правото на слободна сексуална ориентација не е идентификувано како рамноправно право, а неговото непочитување како можен основ за дискриминација. Ова постепено пробива во спецификуваната регулатива и се повеќе добива рамноправен третман со другите базични права и слободи).
Универзалната декларација за човековите права како што споменавме претходно самата не претставува правно обврзувачки документ и во врска со нејзината операционализација не се формира никакви посебни тела, механизми или процедури. Меѓутоа, тоа не значи дека универзалната декларација нема никаква практична вредност и дека останува само збир од добри желби од страна на државите. Таа ја добива својата прва операционализација и конкретизација во двата меѓународни пакта на ООН (меѓународниот пакт за граѓански и полтички права и меѓународниот пакт за екномски, културни социјални права) кои ги имаат ратификувано над 130 држави.[3] Универзалната декларација и двата меѓународни пакта (кои претставуваат договори ) го чинат телото на меѓународниот закон за човекови права. Уште повеќе не постои ниту еден инструмент од облатса на човековите права кои не е изграден на основите поставени во универзалната декларација за човековите права (во фуннкција на нивна продлабочена разработка, конкретизација и поапликативна форма). Токму некои од оперделбите дадени во универзалната декларација (како забраната за расна дискриминација, забраната за тортура, забраната за ропството) стануваат основа на обичајното меѓународно право.
Двата меѓународни пакта директно произлегуваат од определбите на универзалната декларација и ги покриваат двете најголеми области на практикувањето на човековите права и слободи. Преамбулата на секој од пактите се повикува на обврските на државите во врска со Повелбата на ООН да ги промовираат човековите права, ги потсетува индивидуите на нивните одговорности да се борат за промоција и почитување на овие права, и утврдува дека во согласност со универзалната декларација за човековите права, идеалот за слободното човечко суштество кое ги ужива граѓанските и политичкита слободи и е ослободено од страв може единствено да биде достигнат доколку се создадат услови во кои секој може да ги практикува граѓанските и политички права, како и економските, социјалните и културните права.
Универзалната Декларација за правата на човекот е усвоена и прокламирана од Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата217А(III), на 10-тидекември 1948.
Во преамбулата на Универзалната Декларација стои:
Бидејќи признавањето на вроденото достоинство, и на еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човештвото се темелите на слободата, правдата и мирот во светот.
Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест и бидејќи создавањето на свет во кој луѓето ќе ја уживаат слободата на говор и убедување и ќе бидат ослободени од стравот од војна и сиромаштија, се прогласува како најголем идеал на сите луѓе;
Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;
Бидејќи е суштествено да се унапредува развојот на пријателските односи меѓу народите;
Бидејќи народите на Обединетите нации со Повелбата ја потврдија нивната верба во основните човекови права, во достоинството и вредноста на човековата личност и во еднаквите права на мажите и жените и се одлучија да го потпомагаат општествениот напредок и подобрите животни стандарди во услови на поголема слобода;
Бидејќи земјите - членки се обврзаа да го издигауваат универзалното почитување и следење на човековите права и слободи, во соработка со Обединетите нации;
Бидејќи општото разбирање на овие права и слободи е од најголемо значење за целосно спроведување на нивната заложба;
Генералното собрание,
Ја прогласува оваа Универзална Декларација за правата на човекот како заеднички стандарт кој треба сите народи и сите нации со што секој поединец и секој орган на општеството, имајќи ја постојано предвид оваа декларација, би тежнеел низ учењето и воспитувањето да придонесе за почитување на овие права и слободи и со постапни национални и меѓународни мерки да биде обезбедено нивното општо и вистинско признавање и почитување како меѓу народите на самите држави членки, така и меѓу народите на оние територии кои се под нивна управа.[4]
3. Заклучок:
Она што го внесува универзалната декларација за човековите права во меѓународното право е достоинствената, еднаква со сите други индивидуи, индивидуа како единствен носител на прават. Во универзалната декларација не се спомнуваат државите нивниот суверенитет, нивните меѓусебни односи. Индивидуата не е ставена во контекстот на политичкоит или општествен систем, туку е издигната на ниво на самостојна, себедоволна единица која има права кои никој не и ги дал и никој не може да и ги одземе.
Од ова се увидува дека, за да се оствари ова, генералните определби на декларацијата мора да најдат своја правна поткрепа во многу по конкретни документи зад кој ќе стојат и одредени механизми кој ќе ја стимулираат и заштитата на човековите права. Со израбортка на двата меѓународни пакта, универзалната дркларација станува дел од она што се нарекува меѓународен закон за човековите права.
Од донесувањето на универзалната декларација за човековите права се повеќе се истакнува дека концептот за човековите права и слободи има граници кога станува збор за повредите на човековите права и слободи. Со тоа државите го прифатија ставот дека човековите права претставуваат леѓитимен меѓународен интерес, тие всушност го прифатија и концептот во кој се овозможени наблудувања, предупредување, критика и интервенции во врска со повредите на човековите права и слободи.
Содржина:
1. Вовед
2. Анализа на универзалната декларација
2.1. Настанок
2.2. Структура и правни последици
2.3. Главни принципи
2.4. Критики
2.5. Универзалност
3. Заклучок
Користена литература:
1. Предавња Полиција и човекови права. Проф.Д-р. Мирјана Најчевска
2. Човекови права. Проф.Д-р Звономир Јанкулоски
3. Интернет.
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] Предавање 1 Полиција и човекови права Проф. Д-р Мирјана Најческа
[2] Предавање 2 Полиија и човекови права Проф. Д-р Мирјана Најческа
[3] Предавање 4 Полиција и човекови права Проф. Д-р Мирјана Најческа
[4] Човекови права Д-р Звонимир Јанкулоски Скопје 2003
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!